Квики со нутела. Сирење со нутела. Сирење и сите можни манџи што постојат.(О да, обожавам сирење ) Кришка леб и вегета врз истата.. мхх, ми се пријаде сега.
На лепче намачкано маргарин и мармалад ( ако може да се смета за чудна комбинација ) А порано јадев ( сега не ) на лепче намачкано паштета со мајонез Иначе неможам да смислам како можат некои да јадат супа со леб.
кисело млеко со колачи ...мен не ми е чудно, али мојата сегашна околина (маж ми, неговите родители, сестра му, другари и други) се чудат како јадам така, а мен ми е вкусно многу... Дури пробајте, не е никак лошо. Маж ми проба и мммм то убо било...
корка од топол леб со еуро крем и биено сирење,ммммммм,YUMY,YUMY лубеница и сирење леќа со киселина а мајка ми јади кисело млеко со шеќер,е то не мозам да го замислам а свекрва ми пак таа јади макарони со шекер,бљак
Леб, путер, мармалад и фета сирење. Компири со сос од мед, сама си го правам, убаво ми е да ги јадам така. Смоки и јогурт - на работа обавезно ова го миксам. Јуфки со рендани ореви и еурокрем, во Албанија ова го нарачав во ресторан, беше превкусно, па си го правам и јас дома.
Леб со лубеница..? ilent: Уште се чудам од кога слушнав прв пат од другарка Имам мешано,смоки со чоколадни топчиња како чоко стоби флипс што се. Хм.. грозје и сирење! И што знам,на овие ми текнува
квики или соленки во комбинација со зденка или аргета.. мммммммм мармалада намачкана на леб и одозгора рендано сирење..
Квики со еурокрем Туна со кечап и мајонез Јајца со мајонез, кечап и домати т.е.јајца со јајца,домат со домат
Маргарин и шеќер. Леб,вода и шеќер. Јуфки и шеќер. Мармалад од сливи и сирење. Јајца и кечап. И сигурно има уште некоја ама не ми текнува
Соленки - полнети со тоа како кикиритки и еурокрем . сирење , кашкавал со кечап и мајонез . полнети пиперки со кечап и кашкавал ....
Не знам дали е чудна, ама јас јадам паштета со мајонез/тартар сос. Значи мачкам лепчето со паштета (Мика пилешка), и одозора мајонез. Леле вкусноооооо. А и сакам на чипсот тој мојот убавиот да ставам одзгора тартар сос и кечап. Епа пукнав сега, кој ќе чека до утре.
Па не е чудна комбинацијата, али јас со се мешам павлака. На пица, со ориз, со пилешко ... А љубеница со сирење, со леб, па смоки со еурокрем, смоки со јогурт, немам пробано и не ми се верува некогаш да пробам
Солени стапчиња со еурокрем. Паштета и кечап. Ајвар и мајонез. Толку ми текнува во моментов. Во принцип не сакам многу да мешам благо и солено одеднаш.
Како мала многу сакав бисквити и млеко. Арна ама, еден ден немаше млеко. И јас си направив бисквити и вода. Бљак, погадно нешто, не сум пробала! Пржени кришки, еурокрем и млеко. Грав и ајвар. Ориз и ајвар. Ориз и ќечап.. Банана со смоки и соленки. Пржени јајца, кисели краставички, павлака, ќечап, кашкавал.. И кечапот веќе, не го ни сметам за чудна комбинација, буквално во се го „турам“... ќечапот.. во исхраната.