ШКОЛКИ како ги приготвувате??

Дискусија во 'Рецепти' започната од 2806986, 28 октомври 2013.

  1. 2806986

    2806986 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Девојки, дајте идеја за приготвување на школки, имам едни маринирани, ама не ме бендисуваат некако, кажетеми идеи и рецепти како ги приготвувате школките ?? :$
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    4.187
    Пол:
    Женски
    Дечко ми е задолжен за морски специјалитети, а школките му се најлесни и најбрзи за подготовка. Според овој рецепт се превкусни , преубав вкус и шмек имаат, а јас не сум баш некој љубител на морска храна , па покрај риба, и школкиве ги засакав.
    На маслиново се пржи мали количини лукче и кромид додека не заруменат, па се додава брашно .
    После се додава вино поголема колина бидејќи вода не користи, а школките им треба течност за да се динстаат. Откако ќе проврие виното, се ставаат школките да се динстаат со покриен капак се додека не се отворат.
    Од зачини само бибер, сол, и еден зачин сличен на оригано користи.
    Некогаш додава и павлака разредена со малку обично млеко или растителна хопла.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Машки
    Пробај похувани.

    Школките одмрзни ги и исцеди ги.
    Потоа зачини по желба. Тие што имаат проблем со вкус на морска храна може да користат и вегета. Јас им додавам само сол и ги попркувам со лимунов сок.
    Извалкај ги во брашно а потоа стави ги сад во кој ќе изматиш јајца (едно, две, зависи од количината на школките)

    Потоа во тава со загреан зејтин пуштај да ти паѓаат низ прсти една по една за да се запржуваат посебно.
    Многу малку пржење им треба.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Татко ми е есперт,ама јас не јадам многуморски плодови,ама тој прво ги одмрзнува,потоа ги цеди,па има една посебна тава и ги пржи во неа мислам,ама не идат како пржени. Искрено нез како е тоа возможно.
    Инаку пред да ги испржи мене ми се многу повкусни :$ .

    Незнам каков зачин става ама се супер,потоа со лимонче и превкусни се.

    П.С. Некни јадевме школки 8)
     
  5. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    60
    Обожавам морска храна...лигњи, ракчиња, октопод, сурими стапчиња мммхх ама ете до сега не сум имала прилика да пробам школки :/ собирам храброст да си купам и да си ги приготвам сама и сама да си ги изедам :lol: бидејќи сопругот не ме дружи во морска храна :) е сега можи ќе замини едно паковање во експериментирање ,а можи и ќе ги погодам од прва..кој знае ^^
     
  6. Iza.bella777

    Iza.bella777 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Со томатело сос(се продава готов) , толчам малку лук со маслиново масло и сол. Иначе школки според мене најубаво идат со ориз, а може и со шпагети. :)
     
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.080
    Ајде да ја активирам темева :) Каде се продаваат убави школки во Скопјево? Како ги приготвувате? Јас јадев прв пат пред недела време во Белград во морски ресторан, и ми беа преубави! А бев голем скептик
     
  8. marijaml

    marijaml Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Школките нис улиците од Истанбул се најубавите што сум ги јадела во животот. Не знам како ги готват, имаше некој само со лимон и сол, тие беа најдобри, а има и полнети со ориз. Мајка ми ги готви во црвена чорба, може и со други морски плодови. Исто во паеџа, шпански специјалитет со ориз и морска храна. Јас често ги варам 5 минути и ги оставам еден сат со многу лимон, сол, масло и црвен пипер. Децата многу ги сакат.