Богами со тоа честитањата, како да ќе прочита она . Инаку ако де, се породила, ни прва ни последна. Туку оваа Шакира никогаш не ми се допаѓала и нема да ми се допаѓа. Оние постарите песни и се подобри ама овие новите крш. Едино таа една летото што и беше хит ми се допаѓа, ова се другото е ужас.
Многу ми е мило што си чекаат принова, богами јаки гени ќе има детево. Баш сега читав статијава за нив, срцки ми се заедно. И баш ме израдува тоа што ќе донираат средства за сиромашните наместо тие да идат за бебето, ретко кој од славниве би го направил тоа.
Нека им е здраво и живо синчето на Шакира и Жерар. Шакира всушност била четврт Македонка. http://grid.mk/read/news/500548250/1632 ... d-balkanot
Ја обожавам Шакира. Има убави песни. Најомилена песна ми е оваа. http://www.youtube.com/watch?v=3HEa0kLyb-M
Симпатична ми е, знае да извади некоја добра песна, но посебно ми се допадна како го пее саунтракот за филмот "Love in the time of cholera"-нешто најубаво што има чуено до сега! http://www.youtube.com/watch?v=2RT-UsT6jCk
Моја омилена пејачка ! Уште кога бев 4-5 одделение братучетка ми постара ми даваше постери сликички од неа, почнав да и ги слушам песните и ете ми остана no.1 Скоро сите песни ми се допаѓаат иако повеќе оние постарите од овие сега . Најнајомилена ми е http://www.youtube.com/watch?v=5BzkbSq7pww
Омилена пејачка(и некои други де ).Но,Шакира ми е No.1 . Да не знам некоја нејзина песна,би ја препознала само по гласот,се издвојува од останатите гласови на другите пејачки.Едноставно прекрасна .
Да ми е. омилена пејачка, не ми е. Но, кога слушам некоја песна веднаш скокам, па дури и кога сум болна. Каде и да сум, по гласчето веднаш знам дека е нејзина песната, па и во сон. Како личност не можам да кажам дека ја знам, затоа. што не ја знам. Но, изгледа. како едноатавна жена, пред сѐ прекрасна. мајка и сопруга. Баш предмалку барав нејзин постер во. мојата соба. Од 160 постери, немам ниту еден од неа. И криво ми е. Ќе барам сега низ списанија, мора некаде да има фотографија од неа..
Сто пати да си ја пуштам, нема да ми здосади. http://www.youtube.com/watch?v=d36Pv8zTQDQ http://www.youtube.com/watch?v=ADfO6u9ijY0 http://www.youtube.com/watch?v=DA8bN91xQlk http://www.youtube.com/watch?v=9mEibMZYfmg Ама ова последново е нешто поразлично http://www.youtube.com/watch?v=bRWVMPnByzo
Кул беше на времето, кога и беше хит оваа песна Јак глас има а и ми се допаѓа што не ја пратат скандали.
Порано ја немав забележено темата и сега кога ја видов се израдував и не можам а да не коментирам. Шакира - дел од мојот живот па и од моето срце. Не можам да опишам колку ја сакам таа жена. За прв пат ја слушав на радио песната Waka Waka, тогаш помала и песната ми се врежа во мозокот. Ја најдов на Јутуб и бев восхитена од убавината на Шакира, од нејзиното танцување и тоа што играчите од Барселона беа во спотот а јас страшно ги обожавав. Од тој ден Шакира ми стана вистинска опсесија, ги ислушав и ги изгледав ситее нејзини песни и настапи. Напамет ја научив нејзината целосна биографија, научив се што правела во животот од моментот кога се родила па се до тој момент. Мојата соба беше полна со постери и слики од неа. Нејзините движења ги знам напамет, толку совршено, цело лето се мачев да научам да танцувам како неа. Нејзините песни, постарите, се преубави, уживам во нив, ги слушам со целосна предаденост, а новите иако не се толку квалитетни како претходните јас пак ги обожувам и со нетрпение ја чекам секоја нова нејзина песна. Нејзиниот изглед понекогаш ми се допаѓа, по некогаш не. Има некој свој специфичен стил кој го сакам бидејќи е нејзин а тоа што е скромна во поглед на облекувањето и шминката прави да ја ценам уште повеќе. Таа за мене е една од најубавите жени на светот и иако има 40 години изгледа како тинејџерка, преубава е. Мислам дека таа е наајдобрата мајка меѓу познатите личности. Своите деца ги носи секаде со неа и целосно им е посветена. Исто така мислам дека таа е една од најхуманите личности. Воопшто не ја форсира голотијата како другите пејачки. Во нејзината кариера нема ниту еден скандал, нема ниту една топлес фотографија а камоли гола, посветена е само на нејзиниот партнер, не се дрогира, едноставно СОВРШЕНА Е!!! И една од моите најголеми животни желби е да и одам на концерт и се надевам дека ќе ми се оствари. И јас се уште премногу ја сакам Шакира затоа не ми замерувајте на предолгоиот пост.