Добро , мене ми се допаѓаат и решив да си купам неколку пара, имам црни , зелени со шари и со цветен дезен, ама некако не ми доаѓа у глава како да ги искомбинирам, помош??
со обична, поедноставна, еднобојна маичка, рамбовка ако тие се шарени, а црните со каква сакаш боја маичка, рамбовка или сл. а на нозе, балетанки, ниски летни патичиња, сандали, папучи, апостолки
Интересна ствар се ова шалварите, мислев дека никогаш нема да купам.. ама ете купив едни цветни и ако тие тексасот со ластик долу се рачунаат за шалвари.. ама супер се, тие цветните па.. мислиш ништо не носиш, ти дуфка и за натака навака може да се носат..ама оние тесни ногавици, па до колена тоа спуштено.. бљак, никогаш не би носела..
Е сега да се разбереме шалварите не може секој да ги носи едностано не личат . Денес шалварите ги направиле да се интересни за носење но не ги сакам сите ‘‘видови на шалвари‘‘ . Имам 3 пара едните се црни горе имаат како каиш пеперутка и со ластик доле но не се ептен широки значи многу малку другите се плави со цветчиња и што е најважно доле се значи тесни . Инаку ги носам кога одам само на едно место дома кај некого а не за искачање и слично . Вистинските шалвари се прееемногу широки ги купив од Турција и си ги носам само по дома црни се и се удобни .
Имало во Пренди во тоа на Југодрво 220 ден во сите бои кратки и долги,ја денеска бев немаше ми рекоа утре обавезно ке имало
О, не , никако Не се мој стил, не се чувствувам удобно во нив Инаку немам ништо против шалвари, само не ми се допаѓа тоа што не се ни 2% женствени, и не ми се допаѓа тоа што девојките ги комбинираат со висока штикла.
леле многу сакам а истотака и балетанки супер се,лесни за носење.... комбинирани со пунџа (кок) што е во тренд ова лето голем поздрав и многу бакнежи до сите вас
Гледам сите ги носат и си решив ај и јас да си купам...Ми се допагаат, онака комотни се за носење, само некако чудно се чувствувам дали оти не сум навикната незнам
хмм па мене баш и не ми се допаѓаат , има луѓе на кои навистина им стојат , ама некои ем не им стои ем упорно ги носат
Не ми се свиѓаат ни малце, ама дека се комотни може би си купила онака само за по дома, иначе за надвор од дома никогаш не би ги облекла.
Кога ќе ми текне колку само сум ги мразела, многу грдо ми изгледаа. А сега имам три пара и не се делам од нив, со блузички , закон се. Ем комотно, ем убаво, а и не се скапи.