А баш ме интересира,надоле со што ги носите најчесто со патики или сандалки,штикли,гладираторки,со што?Јас сум си замислила оти не би ми стоеле и си немам ни купено,не ми се баш женствени...Ама можда ќе се излажам летово да си купам,слушам комотни биле
Па дневно време најчесто со балетанки или сандали со полна пета, а за навечер со штикли и со чизмики кратки чат пат ги носам
Ви завидувам на сите што сте од Ск. и што имате шалвари се зезам....али навистина ми е криво што во Штип нема никаде шалвари ..пред некое време бев во Ск. забележав дека мн се носат но неамв прилика да си купам ниту бар да пробам како би ми стоеле ..висока сум али нз....
Ви завидувам на сите што сте од Ск. и што имате шалвари се зезам....али навистина ми е криво што во Штип нема никаде шалвари ..пред некое време бев во Ск. забележав дека мн се носат но неамв прилика да си купам ниту бар да пробам како би ми стоеле ..висока сум али нз.... [/quote] a niz sk zborat kako vo stip imalo mn prodavnici,site tamu odele pa ne e problem ke ti pratime ako treba
Јас обично шалвари носам преку ден зошто ми се најкомотни и ги носам со балетанки, апостолки или римјанки.
Значи стварно инетерсни се и можеби удобни но не ми стојат на мене и ногата доле кај глуждот ми е тенка и не стојат баш
Не носам. Т.е сакам ама мајка ми вика како посрани биле хахаха Ај ке пробам летоска али сепак знам деак нема да ми стојат
Значи непоседувам ниту еден пар шалвари, незнам не ми се симпатични ама баш ич пробав еднаш ама што знам не е тоа тоа, не ми се допаѓаат а не сум ни во план да купам..... но затоа сум зависна од хеланки нема каква боја неам и ги комбинирам со скоро се што иам во шкафот- со искучок елегантна облека
Иначе онакви шалвари до доле има во Токсик од 800 до 1300 али преубаво стојат..иначе немав пари со мене а одма би ги купила..за кратки онака не сум баш али долгиве во срце ми останаа
Кај нас ептен тешко да најдеш шалвари. Јас имам еден пар зимни сомотни и ги купив од детски бутик И ми се допаѓаат како стојат на други шалварите а лично на мене како ми стојат баш и не ми се допаѓа.
Значи ПРЕМНОГУ сакам шалвари. Имам неколку пара и сакам уште, но тешко се наоѓаат па секоја прилика ја користам да си купам
Јас имам шалвари, црни, ниска сум ама убаво ми стојат. Не сум нешто многу многу заљубена во нив, ама сепак си ги сакам и си ги носам
Пред некој ден ( кога беше добро времево) мојата бфф носеше шалвари, и си поминавме на улица и едно ромче и вика на мајка му: Маммо мамоо види оние носат наша мода! ХАХАХАХАХАХ Да не бидам офтопик Шалвари па и не обожавам толку многу
Не носам и не ми се свиѓаат ич,понекогаш има шанси да ми се допадне кога некоја девојка ги носи,но многу ретко. (Инаку секогаш кога ја видам темава од прва прочитам ШВАЛЕРИ )
и јас читам швалери. хахахах. инаку носам ретко. имам повеќе ама најмногу ги сакам тие што се споени со топ.
Обожавам шалвари, многу се убави и лесни за носење за преку лето. Иначе и мене многу ми се свиѓа како стојат во комбинација со топ
Значи ептен сакам шалвари,но некако ич не ми стојат се осеќам како.....а кога ќе видам некое девојче ,му завидувам што немам срце да облечам такви!