и јас немам швалери, ова шалвари ...шала на страна сакам да си купам памучни црни па ако има и други бои уште подобро, ама немам многу време за да акам по продавници. па затоа кажувајте од каде си купувате?
Ѕирни нешто тука ако сакаш http://acidwear.com.mk/lang/mk/clothes/ ... ?c=19&mf=3 Боље ќе ти е да отидеш до гтц позади југотон се наоѓа токсик а ова другава продавничка карши рамстор Acid Store http://acidwear.com.mk/lang/mk/stores/stores.asp
Имам седум-осум пара сега брзо што си купив а имам и од лани 10тина во секакви боии и пак не се доволно мн ми се допаѓаат и убаво ми стојат иначее обавезно си носам шалвари за дневни прошетки со друштво,шопинг,за на каффее...
Немам ниту еден пар, а баш сакам да си купам - удобни ми гледаат. Се надевам дека ќе најдам некои кои ќе ми се по мој вкус - мн сум пребирлива и тамам ќе ми се бендисаат некои ќе му лупнат сочна цена и ништо од бизнисот
Немам шалвари ама сакам да си купам некои црни до колена или некои шаренки а може и од џинс ако знаете каде има вакви широки фармерки плс кажете каде ама не сакам некои стварно широки со кои ќе изгледам ко пос*ана хахах извинете на израз
Можеби пред недела,две гледав баш со брат ми такви џинс шалвари.Продавничката е карши Тц Соравиа онака мала е до неа има книжара и пантолониве беа 1100
Имам 2 пара и мислам да си купам уште некој пар.На мајка ми не и се свиѓале и ми вика доста ти се 2 пара ама затоа татичко нема ништо против па ќе го натерам мухаха МОРА ! Иначе да додадам на сите им стојат овие шалвариве без разлика ниски,високи,слаби,дебели
И јас си обожавам шалвари иако ги немам во изобилство Многу се пријатни за носење т.е како ништо да не носиш надоле
Обожавам шалвари! Лани почнав да ги купувам и имам неколку пара, во различни бои. Прекрасно се чувствувам кога ги носам
Порано воопшто не ми се допаѓаа шалварите бидејќи изгледа како да носам пелени...и сега нешто многу не ми се допаѓаат со многу низок крој, но оние кои не се многу упадливи како џинсот би ги носела иако сеуште немам купено, а планирам да си купам и да ги носам со штикли