Римјанки да..поготово едноделните шалвари со ориентални ноти +римјанки +марама = полн погодок! + Нешто вака од прилика..
Имам едни, црни, ама не ги носам многу. Не се многу спуштени, добри се, а ги носам со сандалчиња, балетанки, и рамбовки.
Јас летово од Турција си купив многу убави, шарени ориентални шалвари. Ама баш шалвари, а не широки панталони. Може да се носат на неколку начини и ептен ми направија мерак.
епа тоа е тоа...вистинските шалвари го имаат шмекот јас секогаш стремам кога купувам шалвари да влечат повеќе на онаа Hippy Rhapsodyan страна, само внимавам да не е индиски лен материјалот, зашто два пати така грдо се зезнав цела тура во машината сосе нови работи си ја офарбав цигла боја Инаку навивам за изворните шалвари бидејќи овие елегантните варијанти ми се...хмм некако штознам, стерилни. Мислам впечатокот не е комплетен. ...уф шалвариве ми се фетиш, можам до утре да постирам слики...ги обожавам *************************** шалвари со спуштен кутлак ***************************** од еднобојните, доленаведените ми се фејв`рит ************************ модернизирано стилизирани варијанти кои се сепак прифатливи **************************** и варијанти кои (ми) се неприфатливи (чисто онака за сеир ) Freak of the ...millenium ****************************** епа девојќи, одбирајте
Мене ми се баш како тие првите што ги имаш постирано, само се повеќе на зеленкасто и кафеаво. А може да се носат као на 4-тата слика, значи едноделно и како панталони. И јас многу пазам на материјалот, ама овие ептен се погодија со свила и кашмир, значи многу внимателно со нив (со оглед што добро си ги искеширав) кај нас инааку слабо има избор на шалвари... да не кажам воопшто нема. Се се модели за излегување, од некои чудни материјали...со светки, со чипки ....
уууу кашмир и свила ти завидувам со здравје да си ги изнаносиш и чувај ги ко очи у глава (да не дознаам кај живееш па да ти ги снема на спиење ) *kidding
Само еден господ знае колку се удобни , ги утепав од носење на работа, само оние со кутелот до доле не ги сакам некако премногу ми се .....
и мене ми се допаѓаат баш ми се некако у мој стил.Ме бендисуваат што има модели за вечерни излегувања и оние за преку цел ден памучни,ленени и сл.По цело лето сум во нив и ептен ми се удобни
Мене не ми се допаѓаат Иако сум видела некои комбинации со шалвари кои ми се допаднале ама ретки биле. Сепак се е прашање на вкус
Пред некој ден си купив тегет шалвари за 200 ден. и преубави се чекам уште да се затопли и да ги утепам од носење.