Мене ми се одвратни. Најгрдото нешто што го измислиле. Аман бе, ко испосран да си. Нити елегантно, нити женствено, нити убаво... изгледа како памперс да има и ги наполнале..
убави се, комотни, ама некако не ми се за секаде,за по дома и за до надвор до продавница онака лежано облечена, а мајка ми коа ќе ме види во нив ЗБЕСНУВА , ми вика ШТО НЕ СИ ЗЕМЕШ НЕШТО УЗ ТЕЛО ШТО Е, СО ОВИЕ НА СЕ ЛИЧИШ САМО НА ЖЕНСКО НЕ ЛИЧИШ ахахахаха, ја обожавам коа се лути, не и се допаѓаат воопшто! Инаку да... no way дека таква ќе идам на фах или подалеку од домата
Jас си носам шалвари и навистина се многу удобни Mожам да ги носам и со штикли и со балетанки...Mожат да бидат и секси,зависи многу од нас
Никако Може се удобни за носење, ама воопшто не ми се допаѓа кога ќе видам некоја со шалвари, како испосрана да е, грозно нешто !
сакам шалвари ана од оние што се малку спуштени надоле.А тие до земја доле не можам да се замислам во нив.Одвратни се.
Со оглед на тоа дека сум дебелка си носам често особено лето, и баш ми се допаќаат пошто не ме оцртуваат
Ги обожувам! Можат да се комбинираат со толку многу работи и можат да се носат во повеќе пригоди на пример поелегантни и помодерни за онака фенси излегувања, лежерни за секој ден, супер се навистина!
Не носам нема ни да носам, не ми се свиѓаат, ја си носам само тесни залепени што ги отцртуваат нозете
Дефинитивно парче облека што не стои на секого. Многу ретко да видам на некоја девојка да и стојат онака баш убаво и нормално се убаво искомбинирано и ускладено, на повеќето им стојат како да се посрани или како да носат пелени.
Tолку се грди што мисам дека радо гола би шетала него нив да ги носам. Кога ке видам некој со шалвари ме потсека на оние циганите по улици што шетаат. Мое мислење, грди се било како да се искомбинирани. А пак кога ке видам некое полно девојче да ги носи Па не треба да бидат залепени тие бре чоек.
Не знам што се случува со мене, ама ова година само ги облекувам и веднаш ги соблекувам шалварите што ги купував минатата година! Ич, ама ич не ми се допаѓа како ми стојат ! Знам дека и минатото лето не ми беа по ќејф ама сепак не се гледав толку грда во огледало како сега , сега ептен непривлечно и грдо се осеќам во нив! Единственото нешто што ми се допаѓа кај нив е само материјалот, онаков лесен,тенок, памучен баш како за во лето! Но не ми се допаѓа како ми стојат и ете ги си ,,висат,, на закачалка во плакарот! Можеби ќе им дојде редот во текот на оваа лето Засега нека зафаќаат место во плакарот
зошто не? мене преубаво ми изгледаат, имам неколку пара и преудобни се за носење, обожавам да носам, а и плус во комбинација со штикли и тесна маичка, прекрасно изгледаат
Јас обожавам шалвари. Немам многу парчиња во плакар зошто мајка ми има некое заклучено мислење дека тие се за жени муслиманки. Имам едни, ама не се тенки, туку материјал како црна панталона и елегантни се. Не се street fashion. Имам уште едни комбилизонки шалвари Сакам да си купшам некои бели да потсетуваат на римските божици ама да поголеми(повиснати, како да кажам). Мое мислење е дека не стојат на полни девојки.. Незнам, ми изгледаат како обични панталони кои и се малку големки на девојката. Повеќе ми се допаѓа како стојат на слаба девојка. Како и да е, повеќе ми се свиѓа измодеризираната варијанта(тесни фармерки, малку спуштени), ама и другите се во ред и дефинитивно се мој стил