Воопшто не ми се допаѓаат , целосно ја кријат и деформираат женската фигура , а освен тоа , оставаат впечаток како под нив да се кријат две рала Памперс ... Искрено , еднаш си купив , ајде , мода било , не знам што , и ги облеков само тогаш , не се чувствував ни малку пријатно ...Дефинитивно не се за мене
Јас сакам шалвари, ги носам, бидејки сум слаба, ми се допаѓа како ми стојат ме "пополнуваат" . Имам неколку пара во неколку бои.
Пробав еднаш шалвари и никогаш повеќе. Како што сум висока и слаба изгледав како кловн. Ми се допаѓа како стојат на некои девојки ама дефинитивно не се за мене.
Имам еден пар,црни обични,ми се свиѓа како ми стојат и ептен се удобни.Вакви само црни Инаку не ги сакам оние ептен вреќестите.Е овие ми се фини на пример
Ми се допаѓаат, можеби заради фактот што се одлични за летен период, и дозволуваат на кожата да дише и се лесни како ништо да немаш на себе (сепак не се сите исти, зависи од материјалот). Имам неколку пара и често ги носам, со некоја пријатна и потесна маичка горе, римјанки и цепај брате кај сакаш . И според моите видувања повеќе ми се за денска прошетка отколку за вечерно излегување, иако морам да признаам дека има и комбинации шалвари и штикли кои навистина ми се допаѓаат.
ама ич ич ич не ги сакам овие шалвари никогаш не би ги носела, како што сум ниска уште повеќе ќе ме скусат, а и вака кога ќе видам некоја со шалвари не ми се свиѓа како изгледа, како да бутнала нешто во гаќите
зависи какви шалваре се јас имам и обични и они како ти што велиш ама и имам од оние кои горе се онако спуштени а на нозите залепени на штикла стојат ептен јако...и уште нешто факт е дека на секој не стојат шалвари денес видов една ниска со шалваре уште на патики и некоја балон маица (инаку беше малку пуничка) и стварно не и стое убаво
Едноставно ги обожавам! Прекрасни се,ги имам во сите можни бои! Ем се убави,ем се во мода, ем се комотни за носење!
Па добри се иако има некои одвратни. Мене не ми стојат сите би ми било многу тешко да најдам соодветни малку чешит сум не ги сакам сите =))))))))
дефинитивно многу сакам шалвари,имам неколку пара и преубаво стојат на висока штикла во комбинација со тесна маичка и кратко џемперче,јакниче,било штo.
Многу ги сакам... Секогаш си дотеран со нив, убави се, убаво стојат и во жешките летни денови со нив ти е секогаш ладно
Не баш ги сакам и немам ниту еден пар и не ми е во план да купам За мој вкус е нешто по залепено а не размакнето
Само што се скоцкав во едни бели шалвари .Вакви се слични Иначе обожавам да носам шалвари многу се тренди и разбиваат монотонија во кежуал дневна комбинација .
И мене ми се допајѓаат ама само до коленици долги не сакам многу. Имам тексасни до коленици ама мек тексас. Ги изнаносив