Во ова парче облека сум ЗАЉУБЕНА! Едноставни, удобни, прикладни за секакви ситуации. Ќе искомбинирам со некоја рамбовка, маичка по прерамки/кратки, дуксерче, ташничка и правац надвор! Абе мераци!
Мене воопшто не ми се допаѓаат и со мојот голем г.з никогаш не би ги облекла, а и нема да ми стојат сигурна сум. А плус без да се навредат оние кои си ги носат и ги обожаваат, кај некои личности кои ги имам видено што ги носат ми изгледаат како кај мало дете кое ги наполнило гаќите Спојлер Оние кои јас ги имам видено ми изгледаат како да се покакани
И јас спаѓам во оние на кои не им се допаѓа овој моден тренд. Воопшто не ми се допаѓаат како изгледаат и не би ги носела.
Обожавам шалвари ама баш не ми прилегаат на мојата фигура зашто имам ептен слабички нозе и изгледам ко посрана искрено. Ама ми се допаѓаат оние што се така поширочки до колениците, а потоа се стеснети, тие колку-толку ми одговараат. Посебен мерак ми прават шалварите од ЕјсидВеар, прекрасни моделчиња имаат со интересни дизајни, а и памукот е предобар. Само треба да знаеш добро да ги искомбинираш и можат да стојат предобро и да изгледаш секси во нив. Значи, со шалвари не се облекуваат прешироки блузи и дуксери зашто нема да стојат убаво. Испробана комбинација е со рамбовка и патичиња/римјанки/салонки или пак некоја тесна блузичка по кратки ракави. Имам видено комбинации шалвари со сако и можам да кажам дека одлично изгледа.
Избегнувам да ги носам. Не ми стојат воопшто добро. Имам еден пар само, летни се со линии некои.. Убави се на изглед ама кога ќе ги облечам .... Ужас. Мислам дека колковите ми ги прават пошироки од што ми се, и ме изобличуваат во секоја смисла
Уживам во шалвари! Значи ептен сакам... Цело лето, зима сум во нив.. башкато со се се комбинираат Спојлер А татко ми ич не ги сака и само вика... пред мене со чинтијаните ко торбешкине, не! (не знам од кај му се гледаат чинтијани ама ајде) Јас сепак сум заљубена во нив
Леле, кога излегоа реков - вакво нешто никогаш нема да облечам, ама кога си купив еден пар, не престанав тука!! Ги имам во неколку бои и за лето ми се Perfect Combination со се’!!
Зошто да не,баш ми се допаѓаат но јас неможам да носам а сакам Не ми стојат Омилени ^^ Повеќе ги сакам фармерските Но и другите не се лоши
По одвратно нешто нема. Мене па ич ич не ми се допаѓа оваа мода И мислам дека тоа е турска облека (мислам дека носијата им е таква.. ) ( без навреда ама.. )
Моментално сум во потрага по неколку пара пролетни шалвари. Обожавам да носам, затоа што се единственото парче облека во кое изгледа дека имам колкови. Плус ептен ми се удобни и убаво се чувствувам кога се лепршаат на пролетно ветре.
Иако многу викаат дека не се за женски и дека не го покажуваат нашето тело онакво какво е јас баш и не се согласувам. Шалвари имам и еден куп и не само што најубаво се осеќам ви нив па и убаво ми стојат.... Многу ги обожавам и уште па ако и убаво ги комбинираш може да испадне полн погодок најубави ми се шалвари ама фармерки
Немам ни еден пар досега, ама сум гледала некои девојки како убаво си ги комбинираат со залепена маичка, рамбовка и убаво стојат. И јас треба да си купам некои за налето.