Воопшто не ми се допаѓаат немам ни еден пар,а нема ни да купам. По одвртно амин.А и плус мене не ми стојат и јас не си се свиѓам.Тоа е најважно.. ~
Немам ниеден пар купено, а и не ми е во интерест ни да купам, воопшто не ми се свиѓаат како стојат на кукла по продавницине, а не па на мене
многу ми се допаѓаат Имам два пара црни и еден сиви, ама кратки се до колено. Сега сакам долги, шарени ама незнам како ќе ми стојат бидејќи сум ниска
Ах, си најдов едни од пред 3-4 години. Црни до колена. За роденден ми ги беа купиле другарките и ги имам само 2-3 пати облечено за на тренинг. Сум пишала дека не сум носела ама сум излажала. Имам носено 2-3 пати, и уште ги носам дури за спиење сега.
имам едни кремасти, долги...ги носам, не многу често, ама сепак.... сакав да си купам и шарени, ама сеуште не сум нашла некои што би ми се допаднале
Мислев дека никогаш нема да купам,ама вчера патот ме однесе накај Шутка и се подновив со 2 пара. Таму на жешкото,немав на ум да ги пробувам,ама едните сум ги погодила а другите малку широчки. Ама не си се бендисувам во нив,ко пиле во каша сум Сепак,се многу пријатни и удобни,и по дома ,за некоја прошетка вечерна ќе си ги носам. Едните се црно-бело шари,а другите се крем со бело ,не сакав од оние цветните.
До пред некое време носев, а сега не. Не дека се убави. Ич не ми стоеа добро. Имав два пара, ете ги стоат во шкафот не допрени 5-6 месеци
Носам веќе неколку години наназад. Сите ми беа кратки до колена, еднобојни или карирани, а летово се подновив со едни долги цветни. Ми се допаѓаат како ми стојат, и се многу лесни за носење-воопшто не ги чувствуваш. Планирам да купам уште едни исто долги но со некои интетензивни шарени бои.
Оу не, никако. Ич не ми се сфиѓаат, се знае кај ми е газот, не ми е до колена па да висат така ај оние еднобојните, се голтаат некако, за по дома би разбрала, ама оние цели шарени цветни у сите бои, па тоа ни како пижама не би го носела. Ма не бре не, ни до продавница не би ги облекла, незнам кој ја измисли оваа мода Спојлер
Имам два три пара и најубаво решение ми се кога сум меѓу депилација период. Лесни, шарени и ми одговараат и со патиче и со сандала. Не ги сакам оние што се како извлечени удолу среде нозе, ми делуваат невкусно и премногу нескладно. Или цела шалвара широка, или тоа веќе е друго нешто. Моите се широки целосно и ми се допаѓа што ми ги акцентираат колковите а сепак не ме прават телевизор.
Ух, ич не сакам шалвари. Поготово оние што се тесни во ногавиците а во заднкот изгледаш ко да носиш една огромна пелена! Еве на нешто вака мислам Исто и овие шалвариве што сега секој втор ги има, со лажниот каиш и цветен принт, со мало ластиче доле кај нозете... Слатки се да, ама биваше ли 10 пати на ден на ги гледам!