Дали ги носите вкавите чанти, и колку ви се допаѓаат? Ги има во секакви бои мислам дека ги знаете Спојлер Ако темата е дупла слободно клуч
Chanel bag. Не, бидејќи крајно глупаво ми е да носам лажна Chanel чанта. Како прво, изгледаат многу евтино и бедно и врска немаат со вистинските модели. Повеќе би ја носела копијата на Chanel чантата од Бершка отколку овие што ги продаваат кај нас. Ама, кога ќе размислам подобро најверојатно ни таа од Бершка не би ја носела, бидејќи сепак е копија и сепак изгледа евтино и бедно. Здравје, планирам да заработувам многу во иднина, па можеби и ќе можам да си дозволам вистинска Chanel чанта. Дотогаш, ќе се задоволувам со тие кои можам да си ги дозволам, ама фејк, во никој случај!
Chanel bag. (Шанел Чанти) Не ви скурче од чантава? Секоја втора ја има. Не носам вакви Chanel чанти ниту планирам да купам некоја. Подбро нека биде од некоја непозната индонезиска марка отколку да носам некој фејк. Инаку кога би имала пари овие би си ги купила
Chanel bag. (Шанел Чанти) Јас само оригинали Шанел, Витон, Мулбери и Хермес носам. Последната Хермес најцакана ми е. Не ни сакам да помислам на копија, еднаш купив и никад в ише. Мирисаат ужасно, кинески бљак, а и се кинат. А и некако рамото повеќе ме боли од тие чанти. Последниот пат завршив на клиника со шинато рамо од пазарска ташна. Спојлер Да собирам со години пари, да штедам, да ми се наполни штедачкото прасе до 2500 илјади евра, колку што чини една Шанел чанта, па и ќе ми треба уште 500-1000 евра за да отидам до Милано да ја земам. ООоооооООо НЕ фала. Имам попаметни работи у животот. Ако веќе бираме Хермес се каде каде класи погоре Ама ако ми се свиѓа некој модел, крајно НЕГЛУПАВО е да си купам копија. Копиите се закон и се за сите нас обични смртници. Не летајте во облаци спуштете се, пола чанти дома ви се копии само вие не сте свесни.
Chanel bag. (Шанел Чанти) Никогаш не би купила вакво нешто,и да можам да си дозволам, воопшто не ми се допаѓаат. И кога би ми ја подарил некој, сигурно дека би фаќала прашина, или би ја дала на некоја пријателка што и се допаѓа. Никогаш не ме привлекувале вакви модели на чанти,но и на било што, со лого од дизајнерот и сл. Ептен ми се одбивни.
Chanel bag. (Шанел Чанти) Исто. Не знам зошто... можеби затоа што нашиве пазари се преполни со такви модни додатоци, па ете сум си створила таква слика за нив. Кога веќе купувам фејк, не сакам од авион на чантата да се гледа некакво лого. Освен тоа, конкретно за овие модели, не би си купила ни фејк Чувствувам одбивност кон секое парче облека или моден додаток кое го има секоја втора девојка низ градов. На пример двобојни марами во коцки, или морнарско фустанче.
Chanel bag. (Шанел Чанти) Шанел вакви или онакви сепак си се светска марка. Кој си има пари, а секако, се работи за брдо пари, нема да му дојде лошо по некое Шанел ташниче во шкаф. За наши стандарди тоа е превише, така да можеме само да синуваме... И не не сум љубител на "марки". Цревата почнуваат да ми се превртуваат кога ќе видам женска со LV ташна од чии шари очите болат. Спојлер Се облекла цела во Шутка (не како потцена зашто и јас си пазарам од таму) ама важно ташната е Шанел или LV и тоа треба да се види од километар. Конкретно како модели, малите и не се лоши, иако воопшто не се по мој вкус. Кога веќе би ги имала тие пари, а би можела да си дозволам да си купам некоја ташна од познат дизајнер, не би ги одбрала Шанел ни во првите 10. Ако веќе не збориме за марка, фејк шанел ташни - не, има премногу добар избор по пазариве за да се решам за ова и како што напишаа погоре
До пред некое време ми се свиѓаше еден модел, на интернет налетав на него. Ама после тоа, сите наеднаш почнаа да ги носат (фејк нормално) и ми станаа одбивни.
Спојлер Колку сакав ваква ташна, па и пари почнав да збиррам, ама само што ги собрав испаднав да купам гледам по чаршија сите ги носат, а порано само3-4 имаа таква. И од нервоза наместо ташна си се најдаов како вол.
Во последно време секоја 2ра носи ваква чанта, така да мене одма ми стана одбивна. Немам ваква чанта, а не планирам ни да си купам.
Не носам копија чанти или нешто друго ако не е оригинална затоа што изгледаат ефтино подобро да собирам пари па да си купам нешто што е оригинално отколку копија на шанел чанта.
Мене пак баш ми се симпатични ташните, па копија билаа па кој може да си дозволи сега 2500 евра за една ташна и што за да каже оригинална е , ма дај доста со глупости.