Оваа зима си носев шубара. Стара е многу, мајка ми уште на времето ја купила во Русија. Кафеава и прекрасно зачувана. За на пролет, убави ми се овој тип на капи. Фраерски ми се некако и убаво ми се вклопуваат со гардероберот И да секако, во лето убави големи бели шешири. И од овие сламените добро би ми дошол еден-два, а после сама ќе си врзувам марами на нив, и ќе бидат шарени и прекрасни.