1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шарлах кај деца

Дискусија во 'Дете' започната од Dream-Girl, 29 март 2014.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да ја сместам темава, па затоа тука, ако не е на соодветно место преместете ја.
    Барав и ваква тема, но немаше, ако е дупла избришете ја.

    Брат ми е 1во одделение, а во неговиот клас кај едно негово другарче се појавило шарлах, а пред тоа имаше стрептокока, па слушнав тоа било поврзано. :^)
    Сега сите ќе прават брис, но мене ми е страв за брат ми, бидејќи месецов три пати имаше температура и имунитет му е прилично ослабен, а со детето се дружеа.
    Дали вашето дете ја имало оваа болест т.е бактерија и кои се првите симптоми?
    И доколку детето ја има како се лекува?
     
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Леле Господ,да барни и да чува од ова.Дури во Скопје сега некое бебенце се појавило со болеста..
    Еве ти мислења од друг форум..
    http://www.ringeraja.mk/forum/m_2814/mp ... .htm#77419

    Скарлатината ( шарлах ) е инфективна болест од групата на исипни трески предизвикана од пиоген стрептокок од групата А. Се манифестира со ангина, карактеристичен исип, перутање и појава на компликации.
    Инкубацијата е 2 до 5 дена.
    Извор на инфекција се болни и клицоносители
    Патишта на ширење: аерокапков ( преку Флигелови капки ), директен и индиректен контакт
    Влезна врата на инфекцијата: Слузница на горните респираторни патишта, тонзили а поретко повреди на кожа
    Клиничка слика: Поминува низ 4 стадиуми: Инвазивен, исипен, празен и стадиум на рековалесценција
    Инвазивен стадиум се карактеризира со:висока температура, болки во грлото, хиперемично ( зацрвенето ) грло, повраќање, зголемени тонзили со гнојни чепови
    Исипен стадиум се одликува со појава на исип кој избива брзо. Го има по цело тело, освен по лице, космат дел на глава, дланки и табани.
    Јазикот е обложен по средина а врвот и ивиците се слободни. После неколку дена наслагите исчезнуваат и јазикот останува малинаст.
    После настанува празниот стадиум : нема никакви знаци освен тахикардија.
    Во стадиумот на перутање кожата се перута, таму каде што имало исип.
    Компликации: Бактериски, токсични, токсоалергиски.
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.436
    Се лекува со пеницилински антибиотик,а компликациите може да бидат сериозни...
     
  4. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Не се грижи, брат ми го имаше ова лани (6 години има).
    Јазикот најпрво му беше бел, подоцна стана црвен како малина. Имаше малку осип по телото.
    Тоа беше летоска, му дадоа антибиотици. Сега е сосема во ред.
     
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    А поради што се добива оваа болест? Првпат го сретнувам името :?:
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.370
    Допаѓања:
    105.438
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми од вчера има температура ја однесовме на лекар и рекоа дека има шарлах :( инаку пред околу 7 дена играше со едно девојче што исто така имаше шарлах , па сигурно од неа прифатила. Среќа на почеток ја фативме , црвенилата одвај се гледаат кај препораните ама јазикот и е баш ко малина црвен и со точки. Сега ќе пие антибиотик 10 дена. Сакам да прашам има ли можност некој од нас да прифати?
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Srcka kako ti rekoa na grcki deka se vika toa? Jas orv pat zlusam za sarlah. Pred 2, 3 meseca i sin mi kaci temperatura i ne se simnuvase 2 dena i koga go odnesov na lekar tamu ori soblakanjeto zabelezavme crveni sitni bruncinha samo na meseto i na gradite, dr.ni kaza seka e io vakterijata streptokoka zaboraviv kako mi kaza se vika bolesta i mi kaza deka e prenosliva pa zatoa pazete se malku povekje da ne se zarazi i nekoj id vas
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Многу е заразно ! Моето синче имаше скоро, па и јас фатив. Кај возрасни нема осип само болки во грло ,ама со една доза амоксиклав поминува. А кај деца мора 10 дена оспен да се пие, црвенилото по телото многу чеша , мачкај со џинџира алба или течна пудра.По една недела се лупи кожата на рацете и стапалата кај што имало црвенило. Не е страшно инаку ,а температура има само првиот евентуално вториот ден и не многу висока.Обавезно направете брис од грло и нос и крвна слика ,како и црп. И обавезно 5 дена откако ке го испиете сирупот се прават контролни брисеви , и фрлете ја четкичката за заби , земете нова зошто може пак да се врати бактеријата . Поздрав и побрзо да оздравете :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.370
    Допаѓања:
    105.438
    Пол:
    Женски
    @kallias на грчки се вика ostrakia , а на македонски шарлах , остај јас ни на крај памет дека ќе прифати од девојчето среќа што денес ја однесовме на лекар а за црвенилото ептен малку се позна јас дома неможев да го видам докторката таму го виде. Таа е таа болест причинител е стрептокока.
    @mia9184 јас сум по дома највеќе со неа и спиеме заедно така да ништо чудно ако прифатам , си го имам во паметот одма ако нешто приметам земам антибиотик :(
     
  10. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Ако приметиш болка во грло појди на лекар и кажи дека малата е болна од шарлах, ке ти дадат содветен антибиотик ,немој на своја рака да земаш. А за црвенилото и кај син ми првиот ден беше малку ама се прошири , на мешето и на градите ,најмногу на дланките и глуздовите на нозете .
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    @koritsaki tocno, ostrakia ni kaza i nas deka e i piese antibiotik togas znam, ama jas posle koga citav za simptomite pisuva deka po celo telo treba da ima crvenilo/bubulicki, a A imase samo pod gradite okolu meseto nikade na drugo mesto i ne se cesase i 3 dena imase temperatura i stom se simna temperaturata se povlece i crveniloto i zatoa nekako ne mi bese verno deka bas kaj nego bese ostrakia.....i plus jas trudna a e zarazno znaes li kolku se isplasiv? Srekja nisto ne mi bese ni mene ni nikoj od domasnite, ne se zarazivme a i kaj A mn.brzo se povlece crveniloto. A doktorkata vika ednas se pojavuva toa samo i nikogas povekje.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    @mia9184 togash kaj nas ne e bilo toa zatoa shto niti imase crvenilo po celo telo niti se cesase niti se lupese kozata. Grloto mu bese crveno i zatoa dobi i antibiotik, a temperatura koga imase togas mu se pojavi crveniloto i koga pocnavme so antibiotik uste eden den imase povtorno temperatura i posle se simna ne kaci narednite denovi a i crveniloto se povlece i zatoa mi bese sumjivo deka e sarlah, doktorkata taka ni kaza deka e taa bolest :?: ne znam sto da kazam i togas samo vo mene bese maliot deka nearen i po cel den vo race go drzev i se uplasiv da ne se zarazam i jas deja trudna sum ama srekja nisto ne se desi :whew:
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.370
    Допаѓања:
    105.438
    Пол:
    Женски

    леле да среќа што не сте се заразиле никој од вас , сега мене ми е страв ама ако нешто осетам на лекар ќе одам , сепак цел ден сум со неа јас највеќе. А она има како црвенило кај градите и во пределот на дланките и препоните ама одвај се гледа. И јазикот е црвен многу. Инаку со тоа девојче што играше и тие не знаеа што и е а кажуваше стомакот ја боли и наредниот ден отидоа на лекар и им рекле дека има шарлах. И потоа на нас ни помина низ памет дека може и ќерка ми да има. Добро е вчера што отидовме и колку толку на време фативме. А тоа девојчето втор пат како фатило шарлах ама мајка и вика првиот пат полошо поминала.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    За да се утврди дека е шарлах обавезно брис се прави, ако е позитивен на стрептокока тип а (не сум 100 % сигурна дека беше оваа бактерија) тогаш е шарлах , кај син ми црп беше 97 , а нормално е до 3 ,плус леукоцитите беа 21 , а нормални се до 14,5. За два дена состојбата се нормализираше.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.