Колку сте задоволни од производите во Шатци парфемериите? Одите ли често во нив? Прилагодливи ли ви се цените на нивните производи? Спојлер мислам дека нема ваква тема, барав ама не најдов...ако има канта....
Во Шатци почнале да продаваат фејк Худа мат кармини. Ме разочараа. Во таква парфимерија да носат фејк производи.
Огромна срамота Дојдов во темава специјално за да го искоментирам ова, ете и други го забележале. Почнаа со сетовите за контурирање на Меис, па некои пазарски четки и бјути блендери, сега лажни Huda Beauty кармини? Ако сакам такви производи ќе си отидам на пазар, Шатци ја сметав за посериозна парфимерија. И онака ретко влегував, отсега уште поретко
Ај малку да ја доразмрдам темата и јас. Не знам зошто Шатци си дозволуваат вакви киксови во последно време. На големо нарачуваат производи од Али, почнувајќи од фејк-четките за нанесување шминка и палетите за контурирање (кои нормално, ги продаваат многу поскапо отколку што е реалната цена) и врвот беше постот што го видов денес - имаат обезбедено фејк Huda Beauty мат кармини кои ги продаваат за неверојатни 180 денари. Истите тие кармини, во Сефора се по 20 долари. Ај разбирам да станува збор за тезга на Бит-пазар или за некоја мала парфимерија, ама парфимерија ко Шатци да си дозволи вакви глупости...жално. Да живее Алиекспрес! Срамота.
А за парфемите збор-два? Не сум купувала од таму, па сакам да прашам дали им се трајни? @Mishela Мишелка на повик, ако има исуство Благодарам однапред
Јас од шубе никогаш не сум купила од таму да ти кажам. Штом стигнаа да продаваат Меис и фејкови, којзнае од каде им се парфемите. Може и грешам, ама навистина после испадиве не влегувам таму. Парфеми купувам од Космо и фришоп. Почесто од фришоп.
@Mishela Тенк ју на брзиот одговор, баш се мислам од таму да купам, ајде ќе почекам уште некој рецезент И да ги викам и девојките @joy1 @Rose96, може знаат
Сунчице во сите парфимерии Космо, Шатци, Еликсир се исти добавувачи. За квалитетот на парфемите и нивната трајност зависи за кој парфем конкретно станува збор. Има парфеми од кои сум била презадоволна, а некои траеле само 10 мин. Последно што имав земено Долче Интенс го прскам низ соба затоа што воопшто не трае. @Summerlover
@macka91 Мацо, конкретно, за Red Jeans на Версаче прашувам, ако сте го земале или пак општо парфемите на Версаче
Па искрено не би ти го препорачала да го земеш од Македонија. Има парфеми кои послабо се трошат и рокот им е изминат. Од Версаче имам користено и ми се погодиле трајни ама овој што го сакаш мој совет е да не го земаш. #бившавработенавопарфимерија
Незнам искрено никогаш немам купено од таму и баш истото го мислев како @Mishela како можат да си дозволат такви фејк работи да продаваат.
Не е убав, сум го користела. Од Шатци парфем никогаш повеќе! Дефинитивно се фејк. Ми се одеше да им одам со од фри шоп купен и откај нив да видат која разлика. Тестерите јаки, парфемот кога ќе го купиш гола вода.
Дали им се производите фејк или не, не работам таму и не можам да тврдам, конкретно за Red Jeans и Blue Jeans кои сега им се на акција ГАРАНТИРАМ, фирмата во која работам е дистибутер на Versace, а Шатци ги набавија од нас во големи количини
Не сум задоволна,и се прашувам дали во Мк има оргинал парфеми,искрено нема разлика да купиш од бит пазар и од шатци,диру овие од пазар се подолготрајни.