Имам купувано многу парфеми од Шатци и некои воопшто не беа трајни, дали е до оригиналноста на производот или нешто друго е во прашање, не знам.
Pred nekoj den kupiv parfem online od Schatze, mi stigna i e fantasticen. Potocno se raboti za Bright Crystal na Versace. Dodeka gledam sestra mi se zalela vo Svedska deka ne traat mirisite, tamu i rekle deka na 3/4 godini kukata sto proizveduva gi reformulira notite i normalno bilo toa. Dali veruvate na vakvi raboti?
Kako sto mozam da primetam odamna nemate dadeno komentar za parfemite od schatze, dali nekoj ima kupeno skoro nekoj parfem od tamu?
Добив подарок од шатци но не ми се допаѓа, дали би можеле да ми го заменат за друг или би правеле проблем? Не ми е отворен, се работи за палета сенки од дебора, па би сакала да ги сменам за друга ...
Фалсификатори. Се имам излажано и тоа не еднаш да купам парфем од кај нив и искрено дали сум се напрскала со него или со вода исто ми се фаќа. Еден комплимент не сум добила за никој нивни парфем. А ист таков купен од странство, на улица ме запирале непознати луѓе да ме прашаат кој е. А тестерите фини им се за да те подлажат. Цените напукани до плафон, најскапи од секаде а квалитет нула. Или им се со поминати рокови или којзнае со какво потекло. Парфими со сјаен рејтинг на фрагрантика кај нив се гола вода. Не си ги фрлајте парите само кај тие лажливци. Морав ова да го пишам оти навистина голема измама е да фрлиш преку сто евра за на крај да испаднат парфемите од по маркетите подобри.
И јас порачав од кај нив онлајн ниту траен ниту ништо Го нарачав кашмир од штаци луѓе верувале или не водааа ниту мириса ниту ништо, не купувам ништо од таму пивеќе
Катастрофа. На подарок го добив Wish, кој исто како и Кашмир мислам дека се на Chopard и важат за парфеми со пристоен квалитет. Уште во истиот момент кога ќе го прснам исчезнува, буквално како ништо да не сум употребила. Ова до сега не ми се случило ни со парфем од 200 денари од маркет. Изненадена сум во нај негативна смисла. Јас преска бев и се жалев. Продавачката ми зеде телефонски број за да ме контактираат бидејќи не смеела сама никакви одлуки да носи. Толку ме изнервираа што ако не ме побараат ќе ја правам голема работата. Јес да се сега на попуст ама реалната цена не е ни најмалку ефтина па за да бидат со тој квалитет. Истиот сум го имала но не од тука и алиштата мирисале од него додека не се исперат. Навистина ми е криво некој до тој степен да ги прави будали купувачите. Доколку си во можност и имаш време, реагирај. Нека сватат дека никој не е будала.
Потполно си во право, и јас штом се прснав со кашмир от истиот момент исчезнува, пофејк парфем никогаш не сум имала Сакам да ги пријавам каде би можела? 30 евра 30 мл кашмир не се малце парите
Ау! Исто искуство имав со Скандал од таму, го прснав и за 2 минути го снема, а истиот што го прснав во Фабу спот (во центар) е траен цел ден, а скандалот го купив во колекција од странство и еве уште ми трае на облека. Ако можеш продај го Кашмирот,или со фискалната да им отидеш таму да ти ги вратат парите. На нив не им се верува.
И тоа толку е на попуст, многу повисока им е цената инаку. Јас кај нив реагирав, ќе видиме дали планираат нешто да превземат, секако ќе споделам. Следен чекор е инспекција. Иако ме обесхрабрува фактот што живееме во дупка држава каде инспекцијата не ретко ништо не превзема. Згора на се ми вика типката си го отпакувала целофанчето. Па многу нормално, како инаку ќе дознаев за какво срање станува збор. Не го купив за украс да го чувам. Ме изнервираа им лупнав и коментар на ФБ кој исчезна со брзина на светлината ама , screenshot тот стои.
Не бе им се јавив и ме убедуваат дека 100 продале само јас сум се жалела, значи од на точење повеќе имаат мирис овај одма испарува Среќноо Ќе те направат будала ко мене дека све е во ред, до тебе
Луѓе, зар не е истиот увозник на парфеми за сите парфимерии кај нас? Не знам зошто ми останало во сеќавање дека е еден увозник за сите. Јас не сум имала ваков проблем со нивни парфеми, ама не ни имам купувано нешто многу од таму. Но, ако станува збор за истиот увозник стварно не ми е јасно како е можно ова, којзнае што прават.
На крајот најдобро да си порачате онлајн. Јас сакав за татко ми да го нарачам Пако за Нова година па среќа нешто ме премисли.
Не кажав дека лажеш или нешто, прашав конкретно прашање. Што пишуваше на лепенката кај што стои увозник? Ете некоја ако приметила нека сликне или нека напише. Да видиме дали е ист увозникот или навистина муљаат нешто. Пред неколку години си имаа они испади со фејк Худа бјути козметика, така што не би ме чудело ништо.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, пак ќе им идам. Навистина се безобразни. Со ова не само што ги мамат купувачите туку го уништуваат и рејтингот на самите парфеми. Некој се трудел да дизајнира убав и квалитетен парфем за благодарение на Шатци луѓето тука да си помислат дека тој парфем е катастрофа и никогаш да не им текне веќе да го погледнат. Сум го имала парфемот порано и знам дека е одличен. Јас лично се сомневам во нив дека прават некои финти. А не ја исклучувам и можноста нешто да не е во ред со пратките. Битно, не е нормално после пет минути од парфемот да нема ни трага.
Ништо не би ме зачудило, навистина. Баш затоа прашав дали некоја приметила за ова со увозникот, да споредиме со парфеми од Космо, Еликсир, Фабу. И јас би се бунела да ми се случи вака. Само не знам колку ќе сакаат да излезат во пресрет зашто кај нас купувачот никогаш не испаѓа во право. Не може некаде да се пријави тоа па да ги проверат што уствари продаваат?
Навистина не знам како ова би можело да се реши. Доколку некој член е упатен би го замолила да објасни како би требало да постапиме. Мене не ми е проблем, утре можам да прикачам и фотографии од опаковката на парфемот.