За жалба може мислам мејл да пратите на модните куќи, па они да покренат тужби. Затоа што кога веќе парфемите се водат за оргинал, дистрибутерот и "овластената" продавница може да добијат тужби. Но за се тоа треба да се има докази, и фискална сметка секогаш.
Преска баш на рака пробав копија од истиов на Сантини и уште го чуствувам за разлика од чудово кое место парфем поверојатно е да е вода.
Навистина не знам што е работата, Шатци го продава ко за оригинал а и цената му е таква. Утре им идам пак, штом се прават на удрени и не се јавуваат сигурно се свесни што продаваат.
Сношти на гугл гледав за оригинал-копија од парфемите општо за сите. Може да изгледа како оригинал а не е и притоа цената да е иста. Отвори види и баш можеш да провериш кај твојот.
Не не, пари ми вратија. Ме убедуваа да одберам нешто друго за таа вредност но одбив. Шминки не ми требаат а во поглед на парфемите не им верувам веќе.
Ништо, демек често брендот го менувал произведителот, ние работиме со оригинали, еве број јави се ваму, јави се таму, преку таквото ми дојдоа и дигнав раце
Нема што да дигаш раце. Ќе идеш и ќе си ги побараш парите назад, макар и на груб начин. Значи лажат ко магариња, парфеми од таму никако више. Од кога ја воочив разликата помеѓу мојот омилен оригинал и тој од таму, стварно се разочарав. Имаш сметка/доказ дека си го порачала тоа? Ќе си ги бараш парите. Неможе вака да се играат.
@Justicija би ти рекла ако си во можност со се парфем лично да им идеш. Вака по телефон секако ќе се вадат.
Пишете неколку меилови и двете на официјалните брендови во странство. Поплаки и сериозни забелешки многу сериозно сфаќаат, а особено кога станува збор за фалсификување и продавање на фалсификати во нивни амбалажи. Доколку им пишете и двете (или повеќе) во кратко време сигурна сум дека ќе им се упалат алармите и нема туку така да го остават. Инаку пред мои очи им имаат продадено (го знаев “продавачот”, па сакаше да биде интересен и да ми покаже што прават) шверцани фалсификати од Турција од најјаките брендови, си зима пари по 200-300 ден. од парфем му дава каса-прими, си лепи етикети made in Italy или не знам каде и оп од 8000 ден. намален на 6500 ден. Ти се радуваш тие заработка х30, зошто ти продаваат фарбана вода со алкохол. И тоа ова беше негде 2014-2015, значи си ја тераат очигледно истата шема сеуште. Само кај нас проаѓаат вакви криминали со години…страшно. Не ги оставајте така, мој совет! Мора некој да биде подготвен да оди подалеку и да ги исече еднаш засекогаш. Лажат народ и се богатат.
Кашмир во Шатци намален на 1900 денари. Мајка ми се залета и ми текна дека некој имаше пишано тука дека најверојатно се фејк и не и дозволив да го купи. Се шприцнав на раката и после неколку часа не го ни осетив. А кашмир важи за добро познат стар парфем.