Си ја спасила, јас го зедов онлајн од таму парфемот испарува за секунда не постои По шкарт парфем не сум имала, дури оние од на точење се подолготрајни и поубави
Еве ич не го осеќам веќе. Јас сите парфеми што ги имам од Грција ми се купени и мирисаат прејако дури глава боли. Ова кај нас катастрофа.
Дечки, дали има други ПРОВЕРЕНИ и ОРИГИНАЛНИ продавници за парфеми низ Скопје? Секогаш се туфкам дали ќе се оригинал, да не се фрлаат џабе пари..
Море какви неколку часа, после неколку минути не се осеќа. Да се неколку часа супер, не би се жалела. Убаво што не го купила, џабе само фрлена пара. Поарно од маркет нека земе било кој од 300-400 денари, сите повеќе ќе мирисаат.
@Kimberly11 Тоа постои уште? На нивно место се ставени Фабу спот, незнам дали е истата фирма со различно име.
A DM? Месецов имаат парфеми на 50% попуст, гледав еден на Кавали, и еден на Џими Чу, сега се мислам дали воопшто да ризикувам? Од 5000 намалени на 2500, ама со оглед на тоа дека се 30 мл тоа е пак голема сума на пари.
Истото искуство со Шатци како членката погоре. Economic парфемите траат повеќе од оргиналните во Шатци. Да имав прочитано немаше да се излажам да купам, катастрофа.
Купив прво еден парфем на Hugo boss и не трае воопшто, али ми кажуваа дека општо тие не биле долготрајни, па ајде. После купив на JPG Scandal by night, парфем за кој сите кажуваат дека трае и повеќе од 6 часа, кај мене додека се изврткам по дома да искочам тој веќе не се осеќа. Шминка ќе продолжам да купувам од таму, но парфеми никогаш повеќе!
Мене истото ми се случи со пафрем од Calvin Klein, и си викам од авон или тие економик повеке траат од овај. Дали беше летен парфемот а јас на есен го користев не знам дали има врска,ама повеке од 2часа не потрај па го остајв за на пролет да видам. Не видов разлика како поскап парфем воопшто, дали за кај нас ги прават пониска класа можеби. И читав во една група на фб една жена се пожали исто дека не се оргинали, кога ја нападнаа ти немаш пари за да купиш не знам шо бла бла.. Ама моето искуство е ова и не би купила парфем од таму никогаш
Јас купив исушена маскара,т.е полуисушена,не ја вратив зошто не ми се расправаше,ама ништо повеке не купувам таму.
Ја имам земено од меис одамна производи. Ама пошто е тоа секако пазарска козметика не очекував квалитет а цената иста. За другите брендови не знам.