Немам купено парфем од нив и општо од наши парфимерии, прв пат годинава се наканив да купам. Сакав да купам од Шатци баш кога имаа попусти пред месец дена, ама ги најдов истите парфеми во други парфимерии за пониски цени и логично дека ги купив од другото место. Секој попуст ми значи и ми менува. Што се тиче до тоа дали се оригинал, јас би рекла дека се. Не верувам дека било која од големите наши парфимерии би продавала фејк парфеми, иако бев и јас скептик. Тоа не им иде во прилог воопшто нит им се исплати, мала земја сме и лесно ќе се дознае такво нешто. Ќе се излажеш еднаш, ќе купиш и ако не си задоволна повеќе нема да купуваш, ќе кажеш на другарки, нема ни они да купуваат. Така да, не верувам дека ни Шатци, ни Еликсир, ни Фабу и Космо, па ни овие Дива парфимерии продаваат лажни парфеми. Вработените во Шатци во Рамстор и на Партизанска се многу фини и услужливи. А, трајноста и проекцијата на еден парфем зависат од многу фактори. Битни се самите ноти на парфемот, а и не секоја кожа исто го прифаќа мирисот. Појаките и потешки парфеми што ги прснав на рака и на картончиња во Шатци, траеја многу долго, да не речам до наредниот ден. Додека тие посвежите и со слаби ноти, не ги осеќав воопшто на мене и тие каде и да сум ги пробала, не траеле.