Наставниците ќе одат на обука, со тоа што и тие ќе научат. А, сигурно дете од 6год. нема да го учат на професионални потези, туку најосновно пр. која фигура како смее да се помести, почетни чекори, основни стратегии за понапредно и логичко размислување. Притоа рекоа дека ќе има контрола од лиценцирани лица, што е додатен плус.
Чест на исклучоци, најслабите ученици завршија на педагошки последниве години и партиски ги бутнаа на работа, тешко на децата тие шах ако ги учат, со двојките од средно, која логика тие ја имаат развиено. Убав проект, лошо спроведување. Типично за образованието во Севернава.
Јас колку што знам како што кажуваат мајкиве дека децата на таа возраст в школо ептен биле преоптоварени, сеа уште шах им фалеше. според мене би било убаво во 4то или 5то да би бил изборен предмет и да ги подучува некој кој има големи познавања во шах
За жал некои од учениците во осмо одделение не ја знаат уште таблицата за множење тие шах ќе им воведувале. Убаво е да знаат да играат не велам не но воопшто не ми се вклопува како посебен предмет и дел од образованието. Има многу побитни работи кои треба да се научат. Можеби поинтересно би било да се воведе еден предмет кој ќе опфаќа повеќе активности и работи кои е потребно да се знаат понатаму во животот. На пример активности на отворено во природа, обука за кампување при што секако можат да бидат вклучени друштвени игри, рачни изработки, обуки за некои основни поправки во домот кои не е лошо секој да ги знае и сл. Многу поинтересно би било отколку предмет на кој ќе се игра само шах. Има толку многу нешта на кои децата може да се научат уште од мали а во иднина многу би им користеле.
Во врска со предмети, јас сум да се има поќе "практични" наспроти теоретски. Пример секс ед, животни вештини ( чистење, готвење, снаоѓање со технологија, чување миленици, здрава храна, вежбање и се ова не да се учи туку да се прај на часот), се околу сметки, данок, плаќање и брзо сметање пари и слично. И то се ова да е секоја година чак и еднаш месечно да е како некоја задолжителна дополнителна настава. Покрај ова не би додала само шах, ама исто би додала ете како задолжителна дополнителна настава, еднаш месечно или еднаш на две недели - игри. Пошто 1) е супер начин за бондинг меѓу децата, 2) игрите можи да се едукативни и да помогнат за градење емоционална интелигенција кај децата. Тука мислам на шах, судоку, DIY работа, едукативни игри, крстозбори на одредена тема и слично. Кога играш сам, кога во тим. Да научат деца да мислат, а и да не се лутат ко ќе губат пошто и то е дел од животот. Една од најдрагите мемории кои ги имам од рано основно беше баш ова. Предмет за забава и предмет за учење општи работи кои треба да се во училиште, ама не се. Уште, значи уште се восхитувам на наставничката до 4 за предмети како дополнителна настава шо ги додаде овие два зошто сметам дека учење секс ед ми се најде, ми се најде учење сообраќајна култура, не учеше однесување во банка, формални ситуации и слично. И не учеше игри. Та ми ја вдахна љубовта за судоку. И за шах. И за дискусија пошто сметаше дека е важно да знајме како, и то беше во форма на игра, као некој оди на подиум и слично. И DIY игрици, и општо други едукативни игри кои ти развиваат креативност, логика и емоционална интелигенција. Зато и према мене е супер шо има теоретски предмети, ама кога растиме и одиме во општеството поважно е како сум научила да се справувам со емоциите, како дискутирам и сум во интеракција со тие околу мене, како да се заштитам во сообраќај, интерперсонални врски и сексуално, како сметки да платам, како да знам да си напрам сама забава и слично. Така да, лично, јас сум за шах во училиште. Пошто го гледам како нешто неформално, ама важно. И како чекор напред кон поинаква едукација, која барем јас сметам дека е потреба и практична на повеќе нивоа.
Ова во 4 одд се учи... Имаат предмет работа со компјутер и програмирање ама одделенакире наставници многу не се замараат. Во 5 одд треба наставник да имаат, можеби некаде има кај син ми школото немаа, им предаваше учителката 60 години пред пензија која сама ги оставаше децата дури тие да и покажат на неа. Затоа што жената беше искрена и кажа дека баш не знае. Не ја обвинувам неа, треба Мон и Бро да си водат сметка кој им ја предава програмата и да вршат обуки или помошни наставници. Ама никој не се замара. Ама на некои деца им фаќа умот за тоа на некои не. Шахов ми е ок, ама да биде онака час за релаксација и вежбање на мислењето, само да не испадне дека пак е некаков тендер и партиски вработувања
Ние сме научени само да се буниме, ама програмата дозволува и има лекции да се учат вакви работи. Ех, какви идеи има, особено на час по математика, во 4 одд има предмет творештво, да се искреира да е толку интересно, ама во мојата средина за жал наставниците не се замараат ич, туку гледаат да завршат и побрзо дома. Ова мислам дека веќе и на запад се практикува, повеќе практични вештини и образование за емпатија и култура. Има предвидени часови за додатна и дополнителна настава ама ретко кој ги користи. Ама тоа е, што да им правам, не ме сакаат во образование, може ќе им го оправам хахаха
Јас многу сакам шах, ама освен со моите родители и дедо ми, немав со кој друг да играм, никого не го интересира(ше), можеби и не умеат. Премногу ми е криво што не се реализира ваква идеја додека учев.
Ги знам правилата на игра но немам некои стратегии осмислено. Со татко ми само имам играно и еднаш успеав да го победам, изгледа не му беше денот. Повеќе играв затоа што знам колку сака шах отколку што мене ми беше интересно. А има некои финти, се случуваше со два три потези шах мат да ми даде, јас цела у прашалници. Инаку многу убав шах имаме со дрвени фигури и таблата од чисто дрво и мирисот ми фалиии.
Кога можеа децава во прво одделение да научат странски јазик( англиски), а притоа уште македонскиот не го знаеа, тогаш може и шах да научат да играат. Зошто да не? Најосновните работи ќе ги учат, па потоа можеби некое од децата ќе се заинтересира повеќе за овој спорт и ќе сака да се усоврши. Добро е овој спорт да е повеќе застапен во Македонија. Да се цивилизираме конечно.
Јас мислам дека е глупо. Подобро да стаеа некој час за воспитување со програма направена од професионалци. Многу невоспитани генерации искачаат од школиве. А од 7-9 одделение предмет по сексуално образование и за средниве важи ова.
Наставник сум во основно, но не до 5то одделение, предавам на поголеми ученици. Шахот е светски спорт, прекрасна идеја е за развивање на логиката, размислувањето. Ние како држава сме многу слаби математичари, слаби со логика и размислување. Програмите се такви да децата учат само да бубаат и не размислуваат ништо. Со ова може ќе се насочат повеќе на свое нивно размислување и логичко решавање на проблемите. Можам да забележам дека повеќето сами не знаат да смислат логичен одговор и да поврзат работи, учат на памет како што е во книгите, да ги прашаш нешто да поврзат се губат.
Колку што се сеќаван шах учев на часови по физичко во 6-7 одделение, јас веќе од претходно знаев, но соучениците кои не играле многу потешко разбраа, во 1 и 2 одд мислам дека е прерано, и онака децата се преоптоварени со материјали за учење со ова Кембриџ а реално немаме никакви услови за таква програма. А и во шахот треба размислување, иди седни негои 6-7-8 годишни деца да размислуваат кога уште паметот им е во играчки