Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шахот како изборен предмет во училиште

Дискусија во 'Образование' започната од _Naumche_, 11 август 2022.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.209
    Допаѓања:
    125.464
    Пол:
    Женски
    Исто мислам.Ќе ги учел на логичко размислување и концентрација. :D
    Но, не.
    Шахот бара да се имаат овие, а деца на таа возраст ги немаат доволно.Немаат ни трпение.Како што пишав претходно, шахот би бил соодветен само за тинејџери.
     
    На LittleZuzu му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.607
    Допаѓања:
    35.106
    Пол:
    Женски
    Мене ми е мака што е само за 1 и 2 одд. Ќерка ми е трето и верувам дека со задоволство би одела. Дома играат со татко и :)
     
    На cresa-jagoda и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  3. AlinaT

    AlinaT Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Одлично. Штета што немаше вакво нешто кога бев основно јас.
    Обожавав да играм шах, со дедо игравме тоа.
     
    На cresa-jagoda, NikiTheGamer и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  4. Amogus

    Amogus Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Машки
    Бев осмо одделение, сега одам 9то. Многу сакам биологија и хемија, освоив мн награди на општински регионален и државен натпревар, но се чудам како имаме толку мрзливи деца во одделение. Дали е нормално по македонски(сега мајчин) јазик половина од одделение да има оцена од 1-3, да наставничката е многу строга, но сепак треба само редовно учење. Па потоа плачат кога бугарите го навредувале јазикот, а самите не знаат да го зборуваат. Имаме дете кое наместо зборот љубоморен го искористи зборот љубопитен. Поентата ми е, половина клас ни е неписмен, наставничка по географија на час и доаѓа само кога сака, а пола од часовите имала состанок итн. Нема квалитетно образование , а сега и шах ќе имало лол. Нека ги научат овие од второ да пишуваат прво, две години ништо не се правеше во училиште. Голем срам.
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NikiTheGamer

    NikiTheGamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Тоа што се воведе шахот е за поздравување и сум сигурен дека оваа програма ќе се прошири ако биде успешна. Правилата во шахот и фигурите секој може да ги научи, за подлабоки знаења е друго. Колку што знам, шахот е изборен предмет и ќе се оценува описно а не со бројка). Има наставници што знаат да играат шах, има наставници што се заинтересирани за ова ако и тие часови им се бројат.

    Инаку има многу истражувања што покажале дека учењето шах помага при развојот на умствени и социјални вештини, со едно едноставно пребарување ќе ви се појават и ќе си ги прочитате сами.

    Русија и Ерменија одамна имаат шах како предмет во училиштата и се светски велесили во шахот. Русија има повеќе велемајстори (околу 255-260) од 179 држави ЗАЕДНО, Ерменија зема сребрен медал на Шаховската Олимпијада во Ченаи (Индија) и е меѓу државите со најголем број математичари и информатичари во светот и ИТ секторот им расте брзо. Узбекистан кој има помала економија од Македонија со години наназад почна сериозно да вложува во шахот и земаа злато на Шаховската Олимпијада што ја спомнав.

    Не ги обвинувајте шахистите за проблемите во образованието, обвинете ги бирократите кои само го цицаат буџетот како пијавици и од нив ај што нема никакво фајде, туку и штета трпиме и веќе со години тоа се случува. Па подобро со тие пари ќе вложиме за шах во училиштата, барем децата ќе научат корисни работи.
     
    Последна измена: 15 август 2022
    На Waverly Raven, Star_dust, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.545
    Пол:
    Женски
    Ова е едно од најдобрите нешта што би можеле да му се случат на нашето образование. Дури и задолжителен да е предметот, а да не мора да се оценува. Повеќе од јасно е колку би било од корист за развивање на логичките способности на децата. А и не само тоа, туку ќе помогне за градење врски меѓу нив, па и за забава на крај.

    Еден од најдрагите спомени ми е кога дедо ми нѐ учеше мене и брат ми да играме шах. И уште ми е останато тоа, само што долги години не сум играла пак. Но многу сум благодарна за тоа, бидејќи не знам кога ќе научев подоцна. Треба повторно да пробам со некој што знае.
     
    На NikiTheGamer и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    982
    Пол:
    Машки
    Па нека си е бе, што се бунат родители ќе им бил дополнителен терет на децата, па нека не го избират затоа е изборен.