Мислам дека нема ваква тема Значи Шах (од персијски-крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели црни и бели). Шахот како игра е со доста долга традиција, најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. Играта во тоа време претставувала најобична војна помеѓу две спротивни страни и го укажувала поредокот на тогашната индиска војска, на што укажува и претходниот назив на фигурите: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна кралица). Со тек на времето ваквите називи добиле замена и "помодерна" варијанта на воена симболика (освен кралот и кралицата). -Пионот или пешакот во германскиот е "der Bauer" (селанец), во англискиот "pawn", збор кој потекнува, преку англо-норманскиот и францускиот, од латинскиот "pedon", што значи војник припадник на пешадија. -Фигурата "коњаник" (или витез) сѐ уште така се нарекува во англискиот јазик. Во рускиот јазик е коњ, во хрватски јазик "skakač", а во македонски се користи коњ или скокач. -Индиската фигура која го симболизира слонот, во Русија и денес се нарекува слон. Во Германија е "der Läufer", што значи тркач. Во македонскиот јазик се користи терминот "ловец" или пак "лауфер", а во англискиот, "bishop" (бискуп), можеби поради сличноста на формата со бискупската капа. -Борната кола, чиј стар назив бил "кула", а се однесувал на дрвената кула која се користела при опсадите, денес, веројатно како промена во техниката на војувањето, е заменета со топ. -Кралот, персиски "шах", и го дал името на играта. До кралот стои фигура која на персиски се нарекува "ферз", што значи канцелар или везир. Овој назив се користи и во Русија. Во Европа ферз го сменил полот и се претворил во кралица или дама. Секој играч започнува со 16 фигури: крал (1), кралица (1), топ (2), коњ (2), ловец (2) и пион/пешак (. Еден играч игра со светли, односно бели фигури, а другиот со црни фигури, најизменично придвижувајки ги своите фигури, при што белиот има право на прв потег. Резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот, а воопшто не зависи од среќата. Играчите најизменично влечат потези со цел да го матираат противникот, и да го доведат во позиција на шах-мат. Шах-мат е ситуација кога кралот е нападнат и нема начин да се заштити или да се придвижи кон поле кое не е нападнато. Кога противникот е матиран, партијата се завршува со победа над противникот. Покрај шах-мат, кога е познат победникот, партијата може да заврши и со реми или пат позиција, кога резултатот е нерешен. Јас играм шах од 5/6 години, и сега кога ќе се сетам уште со смееме со тато (инаку голем љубител на шахот) на моите "бисери" во изучувањето на правилата и техниките Па, што мислите за ваквиот спорт Многумина ја сметаат за досадна а и ретко кој има време за неа, а за многумина е добра "вежба" за мозокот. Знаете да ја играте и колку обожавате да ја играте?
Ја играм од многу мала, ме научи дедо ми. Секогаш ја играв со него, сега за жал немам со кого. Добро, ја играм на компјутер... Никогаш не ми е досадно, напротив уживам додека ја играм и никогаш не се откажувам.
Порано не бев многу многу заинтересирана за играва. Знаев само која фигура како се движи и кога е шах а кога мат. Пред некое време дечко ми ми се запна да ме научи да играм, па сега дури сама го терам.. некако мозоков ми го размрдува. По солиден број одиграни партии, се запознав и со чувството кога победуваш! јеее (се надевам не ми попушташе типацот ). Интересно е морам да признаам, само понекогаш многу ме нервираат мажите од мојата фамилија т.е. кога се исклучуваат од сета реалност, нас жените не ставаат на муте и целосно се предаваат на шахот.
Ме научи тетин ми, а потоа учевме малку и на школо, во не знам кое одделение точно. Важно е дека знам како да ги наместам фигурите и која, како се движи доста ми е, не?
Ги знам основните потези, знам и да изиграм нешто со послаб противник. Имам играно едно 10-тина до 20 пати преку сила во целиот мој живот, а тоа е релативно малку. Дечко ми многу сака да игра шах, дури има одено и на натпревари. Пред неколку години за роденден му купив кожен шах кој се мота во футрола тркалце (како дипломите од факултет), а фигурите се магнетни и се лепат за подлогата. Не дека е подарок од мене ама прекрасен е. Кога го виде подарокот летна ама буквално летна иако имаше дома еден дрвен постар шах.
Шах Ми враќа спомени од детството. Татко ми многу сакаше да игра и уште од малечка ќе ме седнеше спроти него и ме учеше. Не злато, ваму ќе го ставиш топот, не бре срце таму, ах бре детиште гледаш ли ти воопшто што играш?! Ама се научив и го победував после без попуштање И маж ми игра, него не можам да го победам никогаш, штета не ми текнало за дома да си купиме шах. Ми се свиѓа тишината некако, размислување, концентрацијата што е потребна за играва.
Сега не играм. Порано играв постојано, интересно ми беше и сеуште ми е интересно ама не играм. Посотојано губев од татко ми и плачев . Татко ми и неговите браќа знаат многу да играат, чичко ми има добиено и некаква награда, не сум запознаена. Да има поголем интерес и организации би играла .
Сака и играм шах. Благодарна сум му на вујко ми затоа што ме научи да играм. Не знам дали ми попушташе, но понекогаш го победував. Играм и со сестра ми, но таа е многу послаба, па не ми е предизвик.
Уште многу мала, татко ми ме учеше да играм. Тогаш научив, но многу одамна беше и сега незнам да играм. Како и да е ни тогаш не сум знаела да играм многу добро и не сум била експерт. Ми се допаѓа кога гледам некој како игра. Особено пред крај таа напната атмосвера.
Oбожавам да играм. Со дедо ми највеќе играм бидејќи тој ме научи а и му ги знам сите финти. НО пред една неделеа прв пат до победив воо шах.Тој во времето на Југославија бил најдобар шахист. (не се фалам но морам да речам) Шахот ме опушта и уживам. Па ајде на една партија шах.
Моја голема страст. Порано играв уште повеќе а денес поретко. Извондредна игра за размрдување на сивата маса, многу размислување премислување тактики само да победиш и тоа да се надеваш дека нема да ти попуштат
играм шах уште од мала и сум била на натпревар во основно училиште. Шахот е умствена и интересна игра. Би сакала некој ден да бидам како гари каспаров идол ми е човекот
Шах знам да играм дедо ми (Бог да си го прости) ме научи. Секогаш играв со него ми текнува кој губи чести сладолед, сокче, милка. Али без разлика кој изгубил дедо ми честеше. Немам играно веќе 4 години откако е починат
Почнав да играм пред 2 месеци и не да се фалам ама добро ми оди.Успеав да си ја победам противничката која знае кај кај повење од мене да игра ама ми се посреќи на физичко тепаме време со шах инаку имам на ум да си купам сега за брзо време
Обожавам шах...сама се научив, и играм како мала со другарка ми...сега во последно време немам со кој да играм...но во секој случај е многу добра игра за масажа на мозокот и развивање на умствената страегија.
Обожавам шах..татко ми не научи да играм.не сум експерт..досега го немам победено татко ми..а кога играм во школо победувам..
ахх не ја обожавам играва многу но знам дека дедо ми ме учеше да играм како малечка..аа сега одмана немам играно ехееее има има време (ако немам заборавено) хихихиих (ама лажам)
Баба ми ме научи да играм шах кога бев мала. Па, сега сум една од ретките во генерацијата кои знаат да играат шах. Па, така, понекогаш играм со баба ил тато. Понекогаш и со мама, но со неа избегнувам затоа што ме остава лесно да победам. Прво играв и со братучед ми, но сега одамна не сум играла...