Мене уште од малечка дедо ми ме учеше,и вујко ми по малку.Интересно ми е да играм,посебно кога играм со некој што многу знае и ми попушти,а јас се радувам иако знам дека ми попушта.А немам играно одамна
Шах ... Многу интересна, но и захревна игра... Те тера многу да размислуваш ако противникот ти е „јак“!!! Пред дваесетина години со мм бевме „заразени“ со играње шах!!! Секој слободен момент, таблата и фигурите пред нас, и така со саати... Немаше подобар шахист - некогаш победував јас, а некогаш тој... Но, сега со години не сме играле... Сега имаме подобри „занимации“ од шахот !!! Секој слободен момент сме на Интернет, па за шахот не останува време ...
Играм шах можеби од 5 години. Дедо ми ме научи и секогаш кога им одев на гости тоа ни беше една од главните занимации. Уствари ова е една од ретките работи што бараат трпение, а имам желба да ги правам. Во последно време немам баш со кој да играм, можеби неколку пати годишно ми се пружа прилика, а искрено и ретко стигнува на ред од други работи. Инаку доста солиден играч сум и ретко губам, можеби и затоа ја сакам играта, прилично компетитивна сум.
Да ја вратам темава малце во живот бидејќи шахот е актуелен сега со воведувањето во основното образование како изборен предмет. Прво, шахот не е само игра за пензионери во парк туку е интелектуален спорт кој развива многу умствени но и социјални вештини. Јас порани сум одел на шаховска академија и ми одеше добро, но поради други проблеми не можев да продолжам, долго време не можев да играм, но еве во овој период можам да си дозволам време да одвојам за шахот (читање книги и решавање проблеми). Второ, шахот не е само за машки, туку и девојките докажаа дека можат да бидат добри шахистки и треба да се охрабруваат повеќе да се вклучат. Сестрите Полгар (Јудит, Жужа и Софија) од Унгарија на пример се меѓу најпознатите шахистки кај жените, а Јудит Полгар и те како можела да се мери со најдобрите помеѓу мажите. Стереотипи постојат и ќе постојат, но овие стереотипи се тотално невистинити и треба конечно еднаш засекогаш да ги побиеме. За шах исто така нема лимит на годините, на Турнирот на Кандидатите (победникот на тој турнир го предизвикува актуелниот светски шампион) во петтото коло, првиот почесен потег го направи еден шпански велемајстор кој го прославил својот 100-ти роденден и уште активно игра шах и дури и победува. Сега добро ова е повеќе исклучок отколку правило, но поентата ми е дека сепак е возможно.