Здраво девојки, Темава е за шведската диета и исто така резултатите од неа. Јас ја испробав, супер брзи резултати и најважното: НЕ СИ ГЛАДНА! Диетава гласи: Дозволени намирници - Сите видови месо - Сите видови риби и ракови - Јајца на сите начини - Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки) - Млечни производи исклучиво со висок процент маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења) - Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви) Дозволени понекогаш - Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер - Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините. - Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао) Не е дозволено!!! - Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи - Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши) - Маргарин и рафинирани масла - Алкохол, посебно пиво Исхраната е едноставна и не го оптеретува организмот, па посебно се препорачува во моментите кога сакате брзо да ослабете некој килограм без изгладнување или да ги исфрлите вишокот маснотии. СРЕЌНО ♥
Nemora da se drzi dietata.dovolno e da go primenuvas seto nabrojano postojano vo zivotot, da go smenis nacinot na ishrana i ke vidis deka ke ima rezultat.
Те молам ако не ти е тешко напиши едно дневно мени какви комбинации правеше за доручек вечера и ручек и дали смее да де користи сол оцет и зејтин.
Може да се користи, но не во преголеми количини Доручек: Чаша јогурт со јаткасти плодови и по една лажица мед. Ужинка: Јаболко или круша (било какво овошје но по едно само - банана не) Ручек: Стек или риба ( можеш и тиквички печени,спанаќ...) Ужинка: Некое бадемче или лешниче или сува брусница. Вечера: Или само салата или нешто што останало од ручекот
Здраво , почнав да се придржувам за овој еежим ме интересира само едно . Дали во денот смеам да ги мешам млечните производи и месото , или строго ако сум го започнала денот со млечен производ треба цел ден да сум на тоа? Ви благодарам
Sheis, ако не е тајна како ти одеше слабеењето и како се хранеше после добиената сакана тежина. Интересно е и не мора да биде напорна!