1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеги со најблиските

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од danichap, 10 мај 2012.

  1. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ај колку се осетливи повеќето луѓе во мојата околина, да ми текне да изведам пак некоја од моите може да ги лупне нешто.. така да, врзани ми се рацете, долго време се воздржувам :wasntme:
    кај и да е ќе пукне некој ден
     
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Сестра ми ја викам Лекси,скратено од Лексилиум,а мама Дизи,скратено од Дизаепам :rofl: .

    А со другиве другарки,абе на сите им извадив по 2-3 прекара од мармун,до сирење и триста работи,дури еднаш фанав на ливче им ги запишав прекарите :rofl:
     
    На sugarlips, 1209, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Со брат ми си се викаме кид.Еднаш ме завика кид (дете) и од тогаш кид ми е втор име :D

    Со другарка ми си се заебаваме на сите можни начини.Она ме вика друже некогаш,кравче,гомце,дебела (иако сум соленка) и јас нејзе.

    Со мајка ми нема заебанции.Само сериозно.Не бе,и со мајка ми си се смееме и заебаваме :D
     
  4. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Мајка ми често го заборава млекото на рингла, па се преварува и претекува и мириса одвратно. Постојано и се смеам и ја зафркавам за тоа. Често се случува, таа да е во другата соба, а јас во кујна и викам гласно, ја зафркавам :
    - Леле, мамо, млекото претече ! Со трчање доаѓа, а кога ќе дојде ќе сфати дека сум ја зафркавала.
    Исто така, многу често си го губи паричникот, и еднаш несвесно го ставила во фрижидер. Цела куќа 3 пати ја превртевме, и на крај, којзнае како ни текна во фрижидер. Сега, ако изгуби нешто и и велам :
    - А провери во фрижидерот ? : )

    Татко ми пак, од мала ме завика Мачо. Многу често се зафркаваме на тема тепање. Татко ми е страшно против такви мерки, ќотек, мавање. Често, кога сум непослушна знае да ми рече :
    - Знаеш како мавам јас. Но тоа е чисто зафрканција, не ја разбираат сите. Сум наишла на многу зачудени ликови, со ококорени очи кога ќе слушнат.

    А пак, братучетка ми, која е дел од нашава фамилија бидејќи немам јас ни братче ни сестриче, па таа како одлична замена за сите, најмногу ме зафркава. Со неа имам посебен јазик и само ние се разбираме, но морам да признаа мајка ми полека полека ни ги открива финтите. Никогаш и се немам обратено со едно име подолго време, секој ден различно. Од црв, гомно, морков, цреп, мочла, пуфле, оФца, брчко па се до леќо, трева и така натаму. Морам да споделам една случка со вас. Девојкава била во дискотека и наишла на странец, кој ја прашал од каде може да купи weed. Девојкава незнаела што е weed и прашала, па типов се развикал - МАРИХУАНА. Од кога си дојде дома, до сега, постојано за зафркавам кога ќе наидам на тој збор. Што е најиронично, порано, омилена серија и била некоја што имала weed во името.

    :D
     
  5. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    со брат ми ии татко ми.. (дека на другите несмеам да зуцнам :D )
    брат ми го викам говедо или диво градба (нз еднаш тато му рече така и си остана факирот :rofl: ) а тој нормално да не остане кус и он мене ме вика свинче..аа тато го викаме тасо.. одјде од неговиот прекар шо го мрази Нацо.. и ние местп Нацо Тасо го завикавме и тка остана :lol: и секогаш кога е изнервирам ке ми кажам Тасо и он уште толку :lol: еден ден ови моиве ке се откажат од мене само по ги нервирам :rofl: :rofl: аа и со најдобрата другарка се викаме куче :rofl: :rofl: Кај си бе куче?? 8) :rofl:
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мајка ми си ја викам госпожа, со брат ми секако краво, говедо, вол, слон кога сме лути, а кога сме ок се викаме брат мии.
    Со другарките најчесто муте :lol:
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    јас многу често знам да се зафркавам,кога сум дома и кога ќе претерум мама ми вике:дете,не лафиш со другарките,пребериса малце.И јас са озбилавум,значи сепак имум некоја граница ххахаха ама да вијме до кога :D
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    Со сестра ми се викаме ѓубриште - ѓубриштенце
    (нагалено иште, иштенце :wasntme: )
    , депонија, немиотина :D, кфлушка :lol:, обаче :emo:.
    А со другарките
    козо, теле,а најомилено ни е краво :rofl:

    Едит: Најново со сестра ми ни е кучко, куч(к)ичке, ама тоа нагалено, во позитивна смисла. :!: :)
     
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ние скоро никогаш не се караме со моите сестри и мојот брат.
    Се сеќавам како мала на мајка ми секој месец и давав нов надимак, еднаш беше смајла, а следниот пат беше тои тои (веце). :$ :lol: :D
     
  10. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми се погоди некогаш денот, се зезам и тоа како. Малце пазам секако што зборам дома ама затоа со другари другарки немам проблем, мада и таму треба да се пази :)
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Една моја другарка ја викам Тутку и Шуки, а еден пријател металец го викам Металика. Бившиот го викав Куре :rofl: Сум имала со секого по некој посебен израз нејасен за другите и некоја случка за која секогаш се шегуваме а другите не разбираат. Па така се случило да и кажам на другарка ми Еве сум на царина, според една случка или пак на еден другар Ај запеј ја песната. Често правам шеги од некои случки и долго време замарам со нив, додека не дојде до некоја нова.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Со најблиските си имам посебен начин на коминикацика, вклучувајќи понекогаш и вкусни шеги, нормално за да се насмееме.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Со блиските што ги знам како дишат секако дека си праиме шали на наш рачун, ништо страшно освен што ќе се изнасмееме ко будали. :)
     
    На BlackMistery му/ѝ се допаѓа ова.