"Шепнувачот" (ит. Il suggeritore) е првиот роман од италијанскиот писател Донато Каризи и уште еден роман на листата на читање на сите љубители на трилери. Романот воодушевува со заплети и речиси нема место за претпоставки се додека не ги прочитате сите 600 страници, за кои Донато добро се осигурил дека ќе ви го задржат вниманието се до последниот збор. Спојлер Исчезнуваат пет девојчиња на возраст од осум до тринаесет години. Пронајдено е случајно местото на кое можеби се закопани, но сите се ужаснуваат од сознанието дека тоа не се нивните тела, туку мала гробница на шест леви раце закопани во круг, а само пет девојчиња се пријавени за исчезнати. Некаде уште едно девојче е киднапирано, но поради некои причини не е пријавено за исчезнато. Тимот формиран за изнаоѓање на убиецот се надева дека шестото девојче е живо. Но, ништо не е толку едноставно, па ниту истрагата, во која се појавуваат многу двосмислени докази, а надежта дека можеби постои живо девојче е се помала. Дали некаде шестото девојче е живо? Кој навистина стои зад грозоморното убиство? Дали навистина е можно да се прави нешто преку рацете на другите? Љубопитни? Тешко е да му се одолее на искушението!
Не е за секој оваа книга. Има грозни сцени опишани на морничав начин, но иако знае да биде стресна книгата ја препорачувам на оние кои сакаат добар трилер и уште подобар заплет. Јас ја читав викендот и уси мислам дека ќе ме земе монструмот кога ќе си легнам, исто како што ја зел Каролина. Еднаш сонував и раце што излегуваат од гробови, ама полека ми поминува филмот. Сестра ми сакаше да престанам да ја читам и проба да ми ја скрие. Ни на крај памет не помислував дека крајот би можел да биде таков и дека убиството добива поголеми размери. Секоја чест на авторот, успеал да направи необично ремек-дело.
Уште е на тронот за најгрозоморен,морничав и моќен трилер. Некои делови ги читав по два пати за да го сварам како што треба... Најверојатно омилениот портрет на сериски убиец до сега. Фасцинантно е како една личност може толку емоционално да надвладее и да контролира некого да го прави тоа што тој го замислил. Би ја прочитал и пак без сомневање,ама нормално,му ја дадив на некој и сега неможам да ја најдам...
Ја имам книгава дома,ама немам храброст да ја прочитам :geek: Поточно почнав да ја читам и уште на почетокот коските од страв почнаа да ми се тресат.Сега ја чувам во близина и си се тешам дека нема ништо глупаво во тоа што се плашам да ја прочитам. Нема,нели?
Ова не беше книга, ова беше книгиште! Ме дрмна и тоа како, немав прочитано ваков трилер до сега, и мислам дека ниеден нема да го надмине овој.Колку непредвидлива книга, значи страшно.Крајот ни на крај памет не ми текна, а милион теории свртев.На моменти премногу морничава,бев згадена на делови,ама во секој случај ненадминлива книга.
Оваа книга ми е омилена, бидејќи е тип на книга кој што уживам кога го читам. Ме држеше будна до доцна во ноќта, а кога ќе ја оставев се замислував. На крајот кога ја прочитав останав без зборови. Посакувам да има втор дел книгава. Сцените во неа можеви се морбидни но се возбудливи. Иако во себе малку се влева страв продолжуваш да ја читаш. Според мене е #1 книга.
Шепнувачот ја прочитав пред неколку денови и почнав да читам друга книга. Но, верувајте сеуште сум под импресии од неверојатната содржината на Шепнувачот. Брилијантно напишана, испреплетена со неверојатни настани кои што неможев да ги предвидам!!! А, пак крајот на книгата - нешто што никогаш немаше да го претпоставам!!! Доколку се сними филм по содржината на книгава мислам дека ќе биде страшен трилер!!! Книгава е за чиста 10-ка. Прочитајте ја и ќе се уверите!!!
Феминки од Вашите коментари заклучив дека сте воодушевени од „Шепнувачот“!!! Но, дали знаете дека има продолжение на книгава?!! Феноменалниот Донато Каризи во неговата книга „Владетел од сенка“ го опишува животот на агентката Мила Васкез , седум години по случајот Шепнувачот!!! Мила работи во одделот за исчезнати лица наречен Чистилиште, има шест годишна ќерка, а Шепнувачот сеуште е во нејзина близина... Книгава е чиста десетка, прочитајте ја!!! Донато Карузи на крајот од книгата оставил простор за продолжение на настаните!!! Незнам дали тоа продолжение е напишано или не!!! Но секако со задоволство ќе го прочитам!!!
За Владетел од сенка чекав превод на англиски, не знам дали има, одамна немам проверено. Преводот на Шепнувачот беше благо кажано ужасен, после првото поглавје ја оставив и си ја симнав на англиски. Не е лоша книга, го задржува вниманието, ама ако подобро ја анализирате ќе видите дека има многу нелогичности и необјаснети детали што ќе ве остават со прашалници врз глава. Мене ми беше некоја средина - сум читала и полоши трилери, но и далеку подобри.
Навистина не знам зошто не ти се допаднал романов... Мене искрено овој ми е еден од подобрите и еден од омилените романи.... Сега го читам вториот дел од него и тој исто како првиот е предобар..... Ти препорачувам да го прочиташ и вториот дел.. не е како продолжување, но Шепнувачот се споменува таму.
Не реков дека не ми се допадна, туку дека сум читала подобри трилери. Ја коментиравме книгава во читателскиот клуб, можеш да ги отвориш дискусиите и да видиш за кои нелогичности коментиравме сите. Ако подлабоко ја анализираш, ќе видиш дека нема покриеност за многу работи. А јас не сакам кога во некоја книга има „дупки" и недообјаснети работи (нешто што во моментов ми текнува е како беше изведено тоа со солзите). За вториот дел проверив, нема англиска верзија, така што ќе чекам превод. На српски и македонски не ми се чита.
Najdobroto nesto sto go imam ptocitanoo! Kako Sepnuvacot taka i Vladetel od senki. Iskreno gi preporacuvam
Мене лично ми се допадна, особено сета таа мистерија и возбуденост. Се прашувам дали ќе има друга книга после Владател Од Сенка како продолжеток на серијалот со Мила?
Знае некој во која продавница можам да ја најдам книгава и колку пари е отприлика? сакам да ја поклонам за роденден на татко ми кој е љубител на мистерии и некои вакви слични книги.. ви благодарам однапред
Dobra kniga ama daleku od wow.Ima premnolgu "dupki" vo sodrzinata.Likovite se solidno oformeni toa e dobrata strana na knigava.Krajot lesno go predvidiv .
Дефинитивно непρедвидлива. Пρедобаρ тρилеρ, за жал таκви луѓе постојат и во ρеалноста во ова наше, незнам ни κаκо да го наρечам, вρеме.