Серијата се однесува на животот на Мелинда Гордон која има дар со кој може да ги гледа и комуницира со духовите. Таа се обидува да живее нормален живот што е можно повеќе но нејзината задача во која таа мора да им помогне на духовите да ги решат нивните проблеми и истовремено да преминат во светлината се повеќе и го отежнува животот. Серијата има 5 сезони и неодамна завршија со снимање, почнав да ја гледам на Fox Life прво, али некако ич нередовно ми ги даваа сериите и ги повторуваа. Искрено ми се допадна, има некои епизоди доста интересни и дефитивно сум заљубена во куќата од серијата на Џенифер Лаф Хјуит како и стилот на облекување , али некако се разочарав од крајот.. ми беше премногу едноставен. П.С. колку што разгледав нема отворена ваква тема. И доколку некој знае како ке дојде точниот превод слободно може да се преправи.
Леле серијата Не пропуштам ниту една епизода. Мелинда ми е преубава и многу си ја сакам. Прекрасна серија.
И јас си ја гледам серијата на Фокс Лајф.. Интересна ми е..и актерката ми е многу симпатична.. Инаку за насловот..мислам дека некаде имав прочитано дека е Шепотот на духовите.. Неможам да најдам логичен превод
Обожавам серии со ваква тематика, а оваа серија е една од моите најомилени. Обожавам да ги гледам епизодите и по повеќе пати, никогаш не ми се здодевни. А љубовта помеѓу Мелинда и мажот и' е неодолива, ме исполнува со надеж (иако се работи само за филм)
Мислам дека има уште 2 снимени сезони, побарај на некој од сајтовите за симнување, и јас ја следам серијата, ама само кога даваат на ТВ, немам време да симнувам од нет...инаку разбрав дека Spoiler ќе имаат синче и натамошните епизоди ќе бидат за и околу него, и дететцето ќе комуницира со духови...
Каков шо видов јас, на википедија и imdb.com вкупно се 5, и ова шо рече дека Spoiler се имаат син и тој ке гледа духови е во последната 5-та сезона.
Серијава ја гледав на FoxLife омилена ми беше, ги немам изгледано сите сезони, планирам да ги симнам Инаку одлична серија!
Не тагувај, на Fox life сега ја репризираат третата сезона, претпоставувам веќе си ја гледала Точно така моја грешка, јас мислев дека тоа е 6-та сезона, се извинувам..грешно сум видела..
Ја обожавам серија ,само нејзе ја гледам ,едноставно најдобра ,нема плачки и глупости кој на кој му е татко ,ово оно. Комотно да седнеш и да уживаш.Многу ми е симпатична и глумицава,а и одговара улогата.
Многу добра серија,уживам додека ја гледам.Не е типична духови чуда,баш е интересна.Глумицата ми е супер за улогата баш и одговара,природно глуми воопшто не е вештачка.
Мноогу интересна серија,глумицата е исто така прекрасна. Ја гледав цело време,но почнаа да се репризираат епизодите,и ја баталив. Не е досадна серија,успева да ти го задржи вниманието дефинитивно.
Ова е мојата омилена серија обожавам серии со нешто со натприродна сила,а особено вакви кгоа се изгледа толку вообичаено, обична жена(во ред ние си знаеме не е баш обична) со антикварница,пријатели,семејство,сопруг,толку реално,но сепак нереално , навистина ја обожавам серијата инаку на фокс лајф ме изнервираа па даваа кога беше Мелинда бремена со поголем стомак така (извинете ен знам како да ви објаснам) и после одма се од почеток кога Џим се префрли во телото до Сем се истите...
Значи серијава е нешто неверојатно. Дишам само на реклами и кога ќе заврши! Епизодите со Bloody Mary и тој адвокатот кој ја следеше Мелинда ми беа најстрашни. Срцето ќе ми застанеше. А јас мислам дека тоа ја прави една серија успешна.
Изгледа само мене ми е патетична серијава, убава е замислата али искрено ко да не ја погодиле. Глумицата многу ужасно глуми според мене а и доби „признание“ за најлоша актерка, заедно со се Чак Норис...
И мене ми се допаѓа серијава и глумицата особено. Порано ја следев кога ќе ја начекав ама сега и го зедов редот на фокс лајф таман даваат репризи секој ден уживанција Морам да се согласам со Аврил дека
Ghost Whisperer колку што знам е како професија, т.е. работа. На пр. како бајачка, предвидувачка итн. Буквално ако сакаме да го преведеме на мк би било шепкач со(на) духови. Не ми е логично ghost whisperer да се преведе шепотење со духови или шепот на духовите - тогаш би било Ghost Whispering. Инаку некаде имам прочитано дека глумицава е прогласена за најлошата глумица во цел свет. Мене баш ми е фина Spoiler (ко од Финска ) Инаку серијата ми е многу интересна, не ја гледам редовно, ама секогаш кога ќе ја фатам ја гледам. Воглавно има интересни случки, нели секоја епизода си е своја приказна, ама има и такви кои малку ме разочарале, досадни и монотони испаднале.
Ја гледам серијава на Fox Life и многу ми се допаѓа Само незнам во колку точно ја дават Јас кога ќе вклучам ТВ гледам
И мене ми е супер серијава, ја гледав на Фокс, ама сите епизоди што ги даваат веќе сум ги гледала, па сега ќе ги гледам новите на нет.Глумицата е супер и не знам зошто ја прогласиле за најлоша глумица
...Фокс лајф - место каде што се одвива курс за учење на омилените филмски реплики Дајте бре луѓе, јас озбилно не знам нив како не им здосади да ги репризираат истите серии, истите сезони...овер енд овер аген Туку, што се однесува на серијава ме бендисува, интересен концепт, убава замисла, солидна екипа, се на се, пополнети услови за квалитетно време потрошено пред ТВ. Искрено Џенифер ми е створена за вакви улоги, појма неам зашто ја прогласиле за најлоша глумица Можеби зашто одбегнува деколте до папук...кој знае