Серијава повторно ја даваат на фокс лајф и милсам дека е блиску Мелинда да добие бебе. Мене серијава ми е предобра ја изгледав уште првиот пат кога ја даваа и одам ми се допадна. Сега со бебето уште повеќе ќе се заплеткуваат случувањата. мелинда ми е срце.
Обожавам да ја гледам серијава. Еве сега на Фокс Лајф ја даваат пак ,репризи, и вчера беше епизодата кога умре Џим. Ухх некако издржав да не заплачам
Јас заплакав. Него, ќе може некој по упатен, да каже што ќе се случи понатака? Дали Џим ќе остане во неговото тело, и дали само жена му, ќе му го гледа лицето на Џим, а другите лицето на Сем? Порано имам гледано, мислам дека имаа син. Истиот маж и беше, само со подолга коса. Ама сега малце ми е чудно. Edit: Прочитав Лолита објаснила. Спојлер Значи сепак ќе остане во тоа тело?
Ааа, денес ќе му се врати сеќавањето на Џим. Мора да гледам после во 2 саат. Чекав, чекав, и дочекав.
Прекрасна серија,неможам секогаш да ја фатам,дека сум излезена,ама си ја снимам,и редовно ја гледам (да се преправаме дека реченицава е разбирлива) Детенцето им е преслатко
За тие што незнаат : Се емитува од понеделник до петок од 22:55 Мислам дека е последната снимена сезона Спојлер кога мелинда има 5 годишен син (Ејден) кој има поголема дарба од неа
Cеријава не е лоша,ми се допага :geek: Hо,ме нервира што секоја епизода знаеме како завршува,секогаш исто почнува и завршува,исто и секоја сеозна таква е Cе согласувам со ова
А сеуште ли ја даваат серијата? Јас ја гледав летоска у 10 сабајле мислам дека беше ама прекинаа да ја даваат. Знае некој да не ја даваат пак сличајно..? Инаку прекрасна серија мноогу ја сакам. Мелинда е многу убава и целата серија ТОП. Дека јас сакам такви серии со духови, мистерии за мерак!
Ја изгледав уште пред 2-3 години... добри се приказните на луѓето на кој им помага за целото време, и фактот на крајот дека нејзиното дете ќе има поголеми моќи и од неа
Колку сезони има серијава? И која е последна епиода? На фокслајф ја даваа до пред еден месец во 22:40 и изгледав неколку епизоди и последната беше како Еиден војсководи со Сјајните и ги уништуваат Сенките. Така ли завршува серијата или не ги даваат сите сезони??
Мислам дека имаше после таа епизода имаше уште неколку незнам,ако има уште сезони ако најде некој линк нека даде,баш сакам да продолжам да ја гледам
Едно нешто да прашам:нели на крајот на секоја епизода таа здогледува уште духови..дали во наредната епизода ќе се зборува за тие или различни се??
За пола саат од сега би требало да почне ( според мах тв). Инаку, многу ја сакам серијава, ама ми фуфка понекогаш хахаха