Многу ја сакам серијава, ја гледав на Fox Life, ама после некако ја мешаа, или јас ќе ја пропуштев, и еве сега ја гледам на интернет, си почнав од почеток, иако ми е многу интересна, признавам дека понекогаш ми е страв.
Јас ја гледам оваа серија,ама не редовно а и не пратам многу која сезона е.Мислам дека на фокс лајф некако ги измешаа па не ги даваат епизодите по ред.Штознам,или јас не сум редовна. Но како и да е,сега ја гледам серијата,овие денови и тоа што не ми е јасно е зошто Џим , мажот на Мелинда е друга личност, нешто како да му е избришано помнењето,а и не е полицаец како што беше. ?!?? Цела сум прашалници,па некој што знае повеќе за тоа нека ме упати на кратко. Благодарам
Мажот на Мелинда почина. Неговиот дух е во телото на Сем. Примети дека само Мелинда го гледа Сем како да има лик на Џим. Кога ќе дадат кадар во огледало на пример, во одблесокот се гледа ликот на Сем. Мелинда верува дека тоа е реинкарнација на маж и пробува да му го врати сеќавањето. Се надевам дека ме сфати, малку конфузно е. http://www.ew.com/article/2009/09/25/ghost-whisperer-season-5-premiere прочитај и тука
Те сфатив @Avery ,благодарам. Имам испуштено значи добри неколку епизоди,затоа што не знаев дека маж и на Мелинда е починат Имаше сезона кога имаа и детенце,незнам што се случило.
Мелинда и Џим имаа детенце, во одредени епизоди. Потоа Џим почина и духот му влезе во телото на Сем. Јас во овие епизоди не гледав детенце. На фокс ги мешаат епизодите или што е. Инаку не го дават моментално ќе има нова сезона?