1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шептач со кучиња (Dog Whisperer)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MissCupcake, 25 јуни 2011.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Шептач со кучиња или Dog whisperer е американска емисија која се емитува на ТВ програмата National Geographic обично од понеделник до петок во шест часот. Водител е Цесар Милан, кој ги рехабилитира кучињата, а воедно и ги тренира луѓето. Тој им помага најчесто со учењето луѓето да бидат лидери на семејството и своите кучиња да ги сакаат преку вежбање,дисциплина и внимание,а не само внимание,внимание и внимание. (Негови зборови :D ) Како што прочитав на википедија има 131 епизода засега јас вчера и гледав епизода за прославување на 100те епизоди од емисијава во која беа дојдени многу луѓе со нивните миленици кои беа прибрани и мирни на кои Цезар им помогнал. Цезар пробува со разни методи кои всушност можат да бидат и опасни, како во неколку случаи каде што заврши каснат,но сепак не се откажа и им помогна на милениците. Јас искрено на таа епизода се расплакав значи тој им сменил животи на многу миленици,но :!: исто така и на сопствениците. Ми остави впечаток една постара дама која тој ја научил да не се откажува и да се бори бидеќи така може да успее,и да го прави тоа што нејзе ја прави среќна, раскажа како дала отказ на работното место, почнала да зема пензија и почнала како хоби да се занимава со фотографирање на кучиња. Исто така впечаток ми оставија пожарникарите со Вилшер кој беше сосема променат и мирен, и со женскиот затвор.
    Во женски затвор беа донесени кучиња кои биле мачени и затвореничките имаа проблеми бидејќи кучињата биле несигурни и агресивни па го викнале Цезар кој им помогнал многу и навистина после тоа станале големи љубители на кучиња и општо животни и забележале разлика така што голем број затворенички не направиле некое лошо дело повторно.
    Цезар секогаш кажува кога куче е балансирано човекот не добива само миленик, туку вистински пријател. Што е вашето мислење за емсијава дали ја гледате и каков впечаток добивте? И да напоменам многу ми стана жал кога прочитав дека Деди верен пријател и миленик на Цезар булдог пор раса починал. Имал 16 години така да живеел долго,но сепак ми стана жал. :(
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Редовно го гледаме со татко ми, многу корисни совети дава кои често знаеме да ги користиме и на нашето куче. Човекот е супер, секоја чест на успехот во работата, нема куче на кое не му помогнал. Единствено ме нервира што постојано користи едни исти изрази, во една епизода 100 пати ќе рече, balanced dog, consumbisive(како и да се пишува тоа) state и уште некои, не ми текнуваат сега.
    Штета за Деди, од постов разбрав дека починал :(
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Јас гледам секој петок на НатГео, по повеќе епизоди даваат. Мислам дека од 3 часот некаде, па до 5. (Не 15, туку 3 навечер :D )

    Многу ми е интересен, и баш кога ја видов темава, се израдував дека на некој му текнало да отвори.
    Ама како ги средува, за 5 минути мислиш. И тие ролерите што ги вози, сте му ги приметиле? :D
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aбе само мислиш, се кладам дека не му успеваат многу работи од прва, али кога е шоу се е толку добро измонтирано да изгледа совршено :wasntme:
    Јас го обожавам Цезар, алал да му е, знае да комуницира со животните.
    Ми се допаѓаат многу работи кои ги кажува, дел применуваме, дел жал ми е што на време не сме ги применувале, посебно што во овие 2 години прв пат чувам куче и имам правено илјада грешки, од нив се учи и тоа како.
    И кажува секогаш една паметна ствар. Најчесто од голема љубов ние кучињата си ги споредуваме и воспитуваме како луѓето што е огромна грешка. Човек си е човек, а куче си е куче, посебна филозофија :)
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Одамна го немам гледано, ама едно време редовно го следев и навистина е изненадувачки како успева да се „разбере“ со кучињата.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
  7. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Многу ми се допаѓа емисијава. Има корисни совети човеков :clap:
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Голем фан сум на Цезар

    кога можам ги пратам неговите серии


    и што би се рекло човекот е махер за животни

    [​IMG]
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Го гледам кога можам. Особено од кога сестра ми почна да чува кученце.
    Не знам што е тоа што го поседува човеков, ама мислам дека не постoи некој што подобро кумуницира со кучиња. Од прва го дијагностицира проблемот, а дали му требаат пет минути или пола час е најмалку важно. Важно е дека знае што треба да направи.
    Ми се допаѓа што Роси горе го потенцирала најважното.
    Да тргнам од кучево наше, сите мајки , баби и тетки го гледаат како внуче. Му гугуткаат на глава, му се обраќаат како да има 2 годинки, мислиш ќе се стопат од што се лигават.
    Страшно размазено куче!!
    Мислам дека ако чичево дојде тука и го види кучево, ќе се фати за глава и ќе избега!
    Џабе јас го слушам на тв и делам совети кога очигледно решила сестра ми куче место бебе да има. (смајлиштосекрсти)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Незнам за вас ама мене ОСКАР ми стана мнн мнн провиден постојано
    има исти пристап..постојано едно те иста работа решава...постојано
    ова само се криви тие кои ги чуваат кучињата - секогаш иста финта пали !?
    И искрено почна мнн мнн да ме нервира.
    Плус мн често го приметувам дека и ги удира кученцата што уште
    повеќе ми даде за цел да не го гледам :fubar:
     
  11. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Го гледам секогаш кога ке го начекам на тв,научив од него дека јас сум лидерот а не мојот Арон што од љубов кон него се му попуштав и дури на глава ми се качуваше ама си ја научив лекцијата од Цезар и сега имам послушно и мило куче.Човекот е психолог за кучина бре,го обожавам :*
     
  12. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Тоа што го удира кучето е неопходно, бидејќи куче како куче не можеш да го научиш само со збор, за Цезар удирањето е воспитна мерка, така да тие си имаат на увид дека човекот треба да е алфа а не самото куче, така сознаваат и не го прават истото пак пошто знаат што ги очекува - удар во врат (со прсти направени како канџа)...:)
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    да тое е ок но секако морам да кажам дека секогаш едно те исто прави никогаш нема ништо што би променило пристап или нешто така ... Она што почна најмногу да ме нервира е односот кој го има со неговиот Булдог...искрено мислам дека е најзагрозено ...
    Сепак тоа е мој аспект на гледање на нештата, не спорам или се противам но мене тоа ми пречи што го гледам
    Дечко ми ми дојде во пакет со кученце кое сам го издресирал, и морам да кажам дека за него за да се смири доволно е да му се каже :„ ке те бањам“ и одма имаме мир... без тепање без ништо...
    Имаше некоја аверзија од деца(бившата на мојот му има направено премногу трауми)за време од 6 месеци јас и дечко ми успеавме да го промениме тоа без тепање или казни само со зборење и секако доста внимавање за да не се деси нешто на децата... сега е супер безбеден во присуство на деца и плус ги чува и си игра со нив..
    Но ова е мој пример за тоа , дечко ми е алфа..а јас сум алфа кога него го нема ! Дури и со мајка ми кога треба да го оставаме никаков проблем не прави - почитува и све...
    :angel: Срцка моја
    не треба да звучи како реклама но сакам да кажам дека постои можност и без тепање да се научи на добро.
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Јас го обожавам човеков и неговиот пристап кон кучињата.
    Не се сите кучиња исти..како и луѓето..Некои учат побрзо..некои треба и малку и весникот да работи или во ребренца..тоа не е удар туку погруб допир за освестување.Јас во ниедна епизода го немам видено да удри куче..барем не пред камера.
    Моето куче на пр. јас немам видено потврдоглаво суштество.. (ме шие и мене во тоа инатот :D :D )
    Нема шанси да го натераш нешто да не прави ако тој смета дека треба по негово..Ма не помагаат ни зборови..ни весник..а богами ни во ребра боц,боц.
    Можеби е и до расата booldog= bool + dog, незнам..само кога ќе запне за нешто (да лае..или да скока по гости, или да досаѓа да кружи околу маса кога има нешто благо или мезе ) абе нема шанси да престане додека не се умори ...не попушта за жива глава ..ни со добро ни со лошо.
    Инат магарешки ( уствари биволски ) :lol: :lol:
    Е сега па од друга страна малтретирање на кучето не е само физички..ти можеш и да го малтретираш ако нонстоп му забрануваш - не тоа..не така..не таму ..седи..а тоа јадното мора да те слуша..па некогаш и тие мора да се палави..џабе не се викаат миленици..не ги чуваме како полициски кучиња.