Безвременска приказна која стана класика и за брзо ги собори сите рекорди на гледаност, оставајќи ја далеку зад себе конкуренцијата во сите возрасни групи. Популарноста на оваа импресивна драма ги надмина и границите на малите екрани, станувајќи глобален феномен на социјалните мрежи и привлекувајќи огромен број на фанови кои со нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода. Моќна приказна за една забранета љубов која ќе треба да ги надмине сите животни искушенија и да се избори за својот триумф. Уште во почетокот се запознаваме со Дога, млада студентка која пораснала во нормална и урбана фамилија, но чиј живот се менува кога девојката решава да се омажи за Фатих, човекот во кој е вљубена и од кој останува бремена. Фатих, од друга страна, потекнува од богато традиционално семејство, но неверојатно приврзан за конзервативните вредности и семејните врски. Работите добиваат сосема друга насока кога семејствата на двајцата млади се запознаваат. Мајката на Дога е шокирана од религиозната фамилија на зетот и чудните правила кои владеат под тој кров, а пак семејството на Фатих е изненадено од, за нив, неприфатливото и либерално однесување на семејството на невестата. Љубовта на двајцата млади ќе предизвика судир меѓу овие две семејства за кои е невозможно да живеат заедно. Судир кој ќе ги соочи модерното со традиционалното, слободата со ограниченоста, разумот со чувствата. Но, мостовите на животот ќе ги спојат овие различни светови и ќе донесат бура од интензивни сплетки и емоции во најгледаната драмска серија на денешницата.
Не знам оти толку ја гледаат серијава. Иако е одгледана од модерна мајка, Доа е многу наивна и проста. Избрзува со секоја постапка.
Па не е баш дека ги уривала сите рекорди, тек во 2-тата сезона станува гледана откакао била забранета од надлежните заради константна примена на насилство над жените во серијата, во една од сцените еден од ликовиве не знам кој дури ја фрла жената кроз прозор. Колку што знам има околу 100 епизоди, така да ќе се изнагледате хаха. Мене ми е некако глупа.
Засега серијата е добра, држи внимание.. А ми се допаѓаат и ликовите, сите ми се некако вклопени во улогата и убави
Јас овде ја гледам со српски превод, малце е крш преводот ама се разбира. https://turskeserije.tv/kizilcik-serbeti/
Каква е содржината на серијава? Ќе биде нешто како Зет Домазет, хумористилно или посериозен карактер ќе има?
Спојлер е па вака Дога и Фатих орават свадба, таа иди во куќата на Фатих и тука почнува хаосот. Многу заостанато семејство се наспроти модерната Дога и нејзината модерна фамилија. Иди до многу конфликти меѓу Дога и мајката на Фатих, па и снаата Нилај е прва во правење сплетки. Од друга страна на Нурсема, сестрата на Фатих и се случуваат доста работи, се заљубува и таа по некое време во "соврмен" дечко, се раѓа гооолема љубов, ама нормално фамилијата нејзина кога ќе дознае за тоа прави се за да ги раздели, и ја мажат за друг. Следува ужасно нешто после ова, тешки сцени беа за гледање. Оприлика ова беше првата сезона, јас сум моментално до 3та сезона, ако сакате уште ќе пишам
Спојлер Па да, насилство врз жените, и плус сето тоа заостанато размислување, оправдување на насилство пошто нели маж е па дозволено му е, според нивното заостанато мислење. Неколку пати баш се имам изнервирано со серијава ради тие работи.
Интересна ми е приказната Ама неможам да ги гледам и слушам тие затуцани размислувања. Ми иде со бокс низ тв да ги удрам
Па приказната е убаво замислена да ги покаже разликите помеѓу модерна и религиозна Турција. Ама за мене реализацијата ми е малку too much. Дури и за нивни критериуми е предалеку отидено со насилство врз жените. Нурсема ја фрлија низ прозор, престанав да пратам ама во една фб група баш деновиве прочитав дека Дога во последната епизода е пак исшамарана.
Луѓе, одамна беше кажано за понатамошни детали за сериите ставајте информации во спојлер. Не секој/а сака да знае сè одеднаш.