Петокот ме изненади што веднаш најновата епизода беше со новиот Фатих, искрено се надевав дека уште барем 1-2 епизоди имаат снимано со првиот Фатих. Искрено, воопшто не ме бендиса. Како здрвен во фацата, мн малку фацијални експресии, емоции нула. Баш чуден
Знам дека кога си навикнат на еден актер, тешко е да се прифати промена, но сепак новиов Фатих ми нема искра.
Е, да. Се сеќавам колку збореа дека не им легнува другиот Шевкет во „Кога Лисјата Паѓаат“, ама се помирија.
Таа сценаристката изгледа луда е некоја бре. Прееска читав за Пембе, жената изјавила дека ја избркале меѓу редови. Имало муабето дека сама сакала веќе да не игра заради друга серија и дека имала здрваствени проблеми, ама таа вели дека ништо не било точно. Решила сценаристката Пембе да умре и тоа е тоа.
Дали оваа Мери (Мерјем) роднина на Кивилџим сега само што ми се појави е нормална или не пара? Делува добро и така е претставена ама некако се смее како удрена
Пембе пак сака да ја мажи Нурсема. За нејзе, жената е крава за таксирање од маж на маж, односно да има газда. Ја мажеле за некој стар, избегала, се разведе од Умот, сега трет брак и планира. Па тоа е претерано, неморално толку често мажење, а нели се верници? И цела глупавост кај нас е останата од Турците.
Алев убаво рече дека за Пембе нема друг успех во животот освен тоа што е жена на Абдула. Пембе си е со ограничен ум и не сфаќа дека не можат сите да прават исто ко неа.
Мене ми е јака Нурсема на почетокот на серијата коа збореше со маж гледаше во земја иако студирала во Америка видела цел свет беше како да не излегла од дома сеа најака женска е флертување абе казанова
Да, многу беше смешна Нурсема кога отиде кај Ертуроглу за сликите и кога гледаше доле или настрана, како некој пештерски човек. Таа веќе си флертува со Рузѓар, иако знае дека е неморален, го затекна дома полугол со две девојки кои пиеја. Не е само тоа, тој има вонбрачно дете и планираше брак со Алеф. И тој само менува жени како чорапи, секакви женишта го бараа. Тој е позитивен, но и тој е мизерен. Инаку, емисијата на Кивилџим е смешна. Седнува пред камери и озборува, „едно момче направило вака, па мајка му му прави зло“. Смешки, сега и стигна тужба. Морален судија со неморално однесување и неморална фамилија. И за бизнисменот таа немаше никаков доказ дека тој извадил лажно лекарско, зборуваше од памет. И сега пласира некоја полувистина, а во случајот, синот на нејзиниот маж учествуваше во нелеглани трки и придонесе за смрт на невин човек откако му ја земаа колата. Кога е некој нејзин, само се теши „тоа не е исто, не е така, ти не направи ништо“. Спремање бовчи, пари на врата кај невестата, тоа не се наши обичаи, туку турски. Тоа што ќе кажат комшиите и глумење лажен морал е исто затуцаност што сме ја прифатиле од Турците. Па и тоа зајадување на секој муабет, исто знак на глупавост. Жената што помлада да се омажи, да ја издржува маж, исто навика кај многу Македонци, турска глупавост.
И Кивилџим ме нервира, со тоа колку се занесува. Се перчи во фирмата како да е нејзина, се прави сезнајка, а поим нема дека од 12 до 13 часот е главната молитва во петок. Ѓорѓем е многу опасна психопатка, освен нејзиниот ќеиф ништо не е важно.
A и Кајхан стана „бизнисмен“, друг готви, чисти(Леман), ресторанот е на Пембе, ама Кајхан си прави женско матине и наплаќа. Кога ќе го фатат, ќе има циркуз.
Па, и она заслужи. За греота е жената, необразована, проста и без работа па смислуваше разни интриги. Ама не е злобна
Оваа Ѓоркем е луда. Во ред е да држи до себе, да има свој став, ама таа е безобразна и без почит према никого. Телефонот му го фрли на Фатих, што се замислува бе таа?