Едвај чекам Доа да ги фати Гирај и маќеата. Многу е наивна. Маќеата со деколте, со мини, гајле си нема за мажот на смртна постела, си се шета, си ужива, а Доа па ја смета за добра личност. Кивилџим како по обичај глуми морална светица и газда во туѓа фирма, на еден психо. Го слуша девојчето што отишло кај непознат маж во друг град, а самата Кивилџим отиде кај маж кој не го ни знае, му се соблече и му се нудеше.
Јас едвај чекам на тв да поминат епизодите со Ѓоркем. Сите излегуваат глупави кога толку наивно ја оставија да седи во куќата.
Издавачот е тежок психо. Допрва ќе види Кивилџим со кого си фати работа. Ама и самата е виновна. Се нафаќа да работи работа што воопшто не ја познава. Исто беше во ТВ, и во фирмата на Апо, исто и сега. Самата се наметнува, носи одлуки како тоа да е нејзина фирма. Девојчето пишувало некои контроверзни глупости, оваа се залетува да помогне. Ај тоа, па и контакти и даде на Нилај, иако Нилај зборува за некој моментален хир, ќе пишувала книга. Буквално Кивилџим го руши имиџот на издавачот, ама има да ја здроби.
Не знам што ќе направи. Виде ли синоќа, се јави на другар на ТВ да ја критикува Кивилџим дека го урива имиџот на неговата издавачка куќа, со цел да ја исмева зад грб и да ја теши лажно. Тој сака да ја измачува. Веќе и му се закани на Омер во тоалетот ако си гледала, му рече „допрва ќе слушаш за мене“. Џемал се вика.
Дојде едно девојче, пишувала книга за тоа дека отишла кај непознат маж во друг град и тој ја принудувал на проституција. Девојчето сето тоа го напишало во книга. Од издавачката куќа ја враќаа, не сакаа да се замараат со ракописот, Кивилџим напна, го молеше издавачот да прифати и да го заштити потоа девојчето. Тој му нареди на другар му со кој соработува и му ги праќа ракописите да ја исмее Кивилџим дека ги злоупотребува маките на жените и дека книгата е ѓубре што никој нема да го купи и дека Кивилџим го руши угледот на издавачката куќа.
Кивилџим е ептен наивна. Затоа и ќерките ѝ се глупи. Лесно паѓаат на мажи кои се очигледни црвени знамиња. Џабе се современите сфаќања кога не се користат до максимум.
Ликот на Кивилџим е да им помогне на жените во турција да не веруваат секому да се пазат од манијаци од психопати кој можат да ги слетат и слично тоа е целта на овој лик посебно во оваа сезона сега
Ама е многу лошо напишан. Баш не може да се научи од некоја која наивно скока во комуникација со непознат маж без да го провери и без да држи поголема дистанца.
И јас така сфатив на почетокот, дека тоа е пораката преку ликот на Кивилџим, жените да бидат самостојни, да не зависат од маж, брак...но испадна дека и Кивилџим не е нешто самостојна, ниту пак може да издржи без маж, да е сама, иако е во години, не е заљубена тинејџерка. Кивилџим едно зборува, друго прави. И најглупаво беше тоа што сите проблеми си ги кажа на непознат маж, што отиде дома кај него, што му се нудеше. Можеше како зрела жена, да си фати такси, да си отиде во станот на Сомнез и готово. Дури па му е благодарна на психото што бил со неа во „најтешките моменти“, аауауу, тоа што се дозна за аферата на Омер со Ѓорѓем го смета за некоја апокалипса, а самата тврдеше дека жените треба да бидат силни, да не им зависи среќата од маж итн.
Фатих со ова му враќа на Омер. Каков бедник. Жената е постара од него, плус спонзоруша. Таа ем спие со Фатих, ем оди кај Омер на муабет, во надеж дека ќе се омажи за него, и ќе ги реши финансиските проблеми, ама трајно. Каква беда е пејачкава, дроља. Мило ми е што Ѓирај и маќеата ќе останат без пари. Какви бедници се и тие. А Доа па колку е смотана, овој постојано ја одбива, не сака ни да ја бакне, со очи ја пие и внимателно си ја слуша маќеата, сите работи ги кажуваат пред неа, немаат приватност, ама Доа не сфати дека тие се љубовници.
Како што пишав погоре, тоа е поради лошото воспитување од страна на Кивилџим. Џабе е тоа што Доа знае дека не мора да се покрива ако не сака, кога во главата не ѝ проработи алармот ниту за Фатих, ниту за Гирај. Најглупав лик е.