Омер дефинитивно нај ок лик во серијава, буквално од самиот почеток. Културен внимателен, добар, јас мислев дебело ќе и се налути на Ќивилџим, ја начека на веќе закажан абортус, а тој ја теши и смирува. Не го заслужува.
И Мустафа е многу добар, морален, чесен, не лаже. Ете сфати дека поради нив првиот маж ја фрли Нурсема од прозорец и не сака да се меша веќе. А Фатих што толку скока околу Нурсема, кога и самиот направи многу глупости. И Пембе брзо заборави дека Фатих имаше љубовница стара колку нејзе, мислам на пејачката и ја финансираше, ама Фатих е машко, му простија сите. Фатих тогаш беше во брак, Нурсема сега не е во брак, плус Нурсема немаше ништо со оџата, освен муабет. Што ќе биде сега со Нурсема и оџата? Тој вети ќе запроси, мислам тоа го прави од сожалување, ама тоа не е решение.
Нема логика веќе. Премногу нелогичности. Чимен отиде на Еразмус, не ја спомнаа веќе. И тоа нивно водење фирми е чиста имровизација.
Готов е Апо, синоќа беше на чекор до авантура со Ишил, и ај што е неморален, па уште ја кара Нурсема оти одела кај оџата на муабет. Леле. Ќе ја озборувале, ќе се ширеле муабети, не личело. Па нему му личи ли со млади жени? Некако на мажите се им се простува. Еве за љубовницата на Фатих два збора кажаа и толку.
Филмот стана каша попара. Каде што гледам моментално новата жена на Апо, Салким ќе има ќерка и со Нилај ќе бидат во кавги. Нилај ќе ја тргне марамата