Spoiler: Кивилџим, Омер, бебуш ке имаат машко бебе и омер ке ја изневери кивилџим пропратно ке ги види и ке и го земе бебето и ке и затворј врата додека е со другата... кога ке престанат да ме шокираат
Кога немам време а сакам да ја изгледам мотам на побрзо да врти епизодата за во 15мин да ја завршам инаку ми се собираат многу за гледање. Слободниот ден за брусницаа
Кивилџим рече Омер бил нејзина животна награда, значи сепак не е тоа, во заблуда е, штом ќе ја изневери. Сомнез дома не готви, ама ќе готви во ресторанот на таа возраст, сенилна. Нелогично. Ѓорѓем го запали ресторанот поради омраза кон нив, ама газдата не се лути за тоа. Нелогично. Оџата не сака ни да зборува со Нурсема, не па да живее со неа. Не знам како ќе тераат тие, сиротиот ја запроси оти лудаците му се качија на глава, муабет правеле, морало да ја земе. Кајхан ја лаже Леман дека прво требало да се збогати од тие афродизијак пакети за младоженци, па потоа ќе планирале дете, како не, само ја користи да му готви, чисти, да му ласка и да му прави друштво. Не покажаа што направи тој со скапите креми од Чагри, и тука уште една нелогичност.
Spoiler: Нурсема А нурсема пак ли ќе е со оџава во некоја од последниве епизоди што ги емитуваат на јутуб беше и тој и јадеа заедно цела фам ( тоа што остана )
Oџава и не е нешто либерален и фин како што си мислеше Нурсема, веднаш ја опомена да не зборува со Фираз. Додуша и тој како оџа требаше да си држи некоја дистанца од Нурсема, знаејќи ги правилата на верата. Доа па троши како луда. Кивилџим, Доа испаѓа дека не се амбициозни, повеќе глумат амбициозни. Апо е за добар ќотек. Детето Алеф го шитнаа на Мери, искористија прилика што таа сака да го чува и сега Апо може да си брка љубовници, Кивилџим божем сакаше да го земе детето од Абдула, де адвокати споменуваше, сега тотално го заборави детето, ќе си брка трета мажачка со Омер.
Воопшто не ми се допаѓа Кивилџим како лик во последно време, ниту Доа. Ни едната, ни другата не се доследни воопшто кон сопствените принципи, но и тоа е во ред доколку не проповедаат цело време како треба. Емисијана на Кивилџим на ниво на детски состав, теми па преку Тасета, од типот како балансираш помеѓу мајчинството и бизнисот, леле ја откри Америка. Плус, секоја сторија еднострано ја презентира, не ја ни контактира спротивната страна...Некоја ќе покука и ајдее, жртва на мобинг, на сексизам, на насилство, продадена приказна.Па, не е новинар побогу, лута со професиите, а ја претставуваат како кариерна жена. Доа се разлигавела со бившиот и сопруг, пред тоа го поставуваше на ниво на шизофреничар.Алев ми беше барем подоследна, што мислеше и правеше, немаше толку хипокризија кај неа, за разлика од големиве верници и опасниве моралистки со „средени животи" како Доа и мајка и.
Кивилџим снима емисии за по Фејсбук и тоа со апарат се снима и плус рекламира шамии, а беше против шамии и ги исмеваше покриените. Смешно, детски, тоа не е ни работа, не па кариера, не па успех. Еднаш Доа рече „Види ја мајка ми до каде стигна“, дури одеше на ТВ емисија каде Кивилџим прераскажува озборувања рекла - казала и дели памет и морал. До каде стигна? Од директорка на школо падна на ниво да снима смешки за по Фејсбук. Доа заборави како Фатих ја уценуваше дека ако сака да биде со детето, мора да остане кај него дома. Двете едно зборуваат, друго прават. А колку беше смешно што првата емисија на Кивилџим за на Фејсбук беше со Омер, па таа го прашуваше како да се спасат жените од насилство, односно ја раскажуваа случката со Џемал, човекот кај кого Кивилџим заврши пијана иако не го познава и му се нудеше за секс, а потоа и прифати работа од него. Па таа сама си се вовлече во проблеми со Џемал.
Трипам или оџава почнува да се заљубува во Нурсема или е само фин? Па и таа ете ќе се мажи со тој што го сака, со сила е да ама и таа малку претерува не може да се одлучи што сака, сега жали по Фираз
Нурсема го праша Фираз како му е со новата девојка. Што ја засега? Претера и таа. И оџата има право да ја мрази Нурсема, сама се врткаше околу него со тоа јадење, па јадење ќе му носи небаре оџата е бездомник.