Правда за Лејла и Сеќавања се при крај. Значи, ќе има простор за Шербетов. А, денеска најавија и нова серија.
Мислам дека ќе почне од 1 ноември затоа што Лејла и Сеќавања се при крај, последните 3 или 4 турски епизоди. Лејла стана глупост а и овие другите две на Сител се безвезе. На Канал 5 па да не коментирам, ужас. Дали некој воопшто и ги гледа ми е чудно.
Би требало. И јас не ги следам на Сител овие серии,но на Канал 5 ја гледам "Искушение" понекогаш знае да биде интересна.
Шербет има нови сценаристи, Нурсема ја напушти серијата сеа со новите се враќа пак назад во серијава лудница
Лелел знам но јас дека ја гледам на Сител сеуште сум до 3та сезона мислам па немам поим што се случува понатаму. Ама гледам по социјални мрежи некои кратки видеа и не ми изгледа баш интересно
Што има врска ноември со нова серија? Нови серии почнуваат како завршуваат старите, без разлика ноември ли е, јануари ли е
Нема врска месецот. Секоја серија трае различно, а рачунај и прекини поради други програми и празници. Па се тегнат. Гледаноста е битна.
Претпоставувам зошто обично средина на септември, почеток на октомври повторно се емитуваат серии кои биле своевремено популарни, имаат уште сезони, ама биле прекинати поради летната сезона, демек луѓе по одмори и слично.