Спојлер Во право си. И мене ми излезе трејлерот, хаос е она. Малце претераа, шо ќе гледаме понатаму ако така заврши сезоната, нема потреба следна да се гледа, дали некој ќе остане жив
Не. Кивилџим го направи правилното како што треба според закон. Она и претходно им кажа на сите дека кај неа нема попуштање за никого. Тоа што Омер сака да изиграва локален мафијаш кога ги решава работите е негов проблем.
И јас сакав исто да прашам. Можеби ќе ја даваат викенд, бидејки останаа неколку епизоди од оваа сезона.
Обично на Сител префрлуваат за викенд само кога серијата нема гледаност т.е.ако губи интерес публиката, па многу пати и ги прекинува, за разлика од Канал 5 кои упорно ги даваат до крај па макар и 5 луѓе да ја гледаат. Ама мислам дека во овој случај не се работи за тоа, ми делува дека ја прекинале Брусница за да ја продолжат на есен, зошто као сега луѓето помалку гледаат тв. Ама сепак треба да објават крај на сезона, продолжува на еден, вака е многу неозбилно и не е фер према гледачите да не се каже ништо и само да се почне со нова серија.
ништо не разбирам, ова сега прва сезона ли е? не почнав баш од почеток да ја гледам, почнав накај 15-16 епизода така нешто, сега со која епизода заврши за да продолжам да си ја гледам на јутуб?
Јас како што знам дека има 3 сезони, ама не е фер вака што ја прекинаа. Да не знаете дали ја има некаде на некоја српска или бугарска телевизија?
Ја даваат на Хепи Тв, српската. Мислам дека кај 5 и пол поручек оди епизода, па навечер кај 11 и нешто реприза. Јас таму ја гледав ама не можев да чекам па си ја догледав на интернет. Ја има на turskeserije.tv