Форумџика на годината

Шербет од брусница (Kızılcık Şerbeti)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од spacegirl92, 31 март 2025.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    14.557
    Следев малку на почеток, па сега. Сите ликови се за никаде. Ај овие традиционалните, тие само Господ, Господ, и ете го Абдула, старец со млада жена. Глуми голем верник, а е развратник. Алеф сака да ги уништува туѓите животи, мизерија. Кивилџим глуми некоја модерна жена, светица, паметна, а има две деца со Кајхан, обичен измамник, неработник, простак што има ниво на зрелост како дете од 15 години. Ај тоа, модерна, па се омажи со чичкото на ќерката кој во минатото бил женет со стројници и човек кој ете го заврши во кревет со непозната млада девојка што може да му биде ќерка, а патем таа па е лагжа, во јавност глуми невина душа, носи шамија, не дава број на маж деловен соработник, а веќе беше со него во хотел. Тотална дроља што се маскира со шамија. Омер е незрел, нестабилен. Кивилџим си дозволи ропакот Ертуроглу да ја купи со еден портрет. Како мудра жена нели гледа дека тој ја тера ќерка му да се покрие, нели гледа дека девојчето не смее да писне пред него, не смее никаде да оди итн? Ертуроглу наложува правила, ама Куранот важи за ќерка му, за него не, тој смее да биде со жена која двапати е разведена и смее да се пушта на Нурсема која е млада за него. Нурсема е добра, ама со лоша среќа. Умут миспам ќе заглави со новиот „бизнис“, дечкото е сиромашен и наивен. Мислам дека тие тераат некои незаконски бизниси, само што тој не може да сфати. Доа глуми паметница, но не знае основни работи за верата, како советите од хафизата дека не се зема храна со левата рака. Поим нема од вера, не мора да практикува верски обреди, но требало да знае дека муслиманите анусот го мијат со левата рака, а до десната земаат храна. Дури не се ни сети што зборува хафизата. Чимен глуми паметница, а не сфати дека Михри не сакаше да игра карти, ниту да кити елка затоа што тоа се коси со верата. Карти, коцкање е забрането, а муслиманите слават Курбан Бајрам и Рамазан и толку, нема за нив Нова година со еуфории како на Запад.
     
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    8.210
    Пол:
    Женски
    Серијата е врв, и е ćе поинтересна 8)
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.825
    Нешто во спојлер да пишете што ќе се случува?
     
  4. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    8.210
    Пол:
    Женски
    Јас на интернет прочитав у кратки црти, пример кој со кого ќе биде. Стварно не знам повише.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    14.557
    Умут го потцени семејството на Нурсема, можел да им помине со пари. Каква смотаница. Па тој отвори дуќан откако го продаде џипот на Нурсема, тие сомнителните газди му пуштија некоја паричка, се вообрази како којзнае што. Тој сиротиот уште е во минус финансиски, џипот го немаат, туку изнајмуваат, се доживува како богат. Кајхан ја измамил или ќе ја измами Нилај, ќе ги вложи нејзините лири на берза. Доа, Чимен и Кивилџим глумат ниво, ама измамникот Кајхан им е татко, односно бивши маж. Детето не е на Мустафа или тој отпосле има оболено и е неплоден? И Кивилџим е херојка, решава туѓи проблеми, ќе помага да се школуваат сиромашни деца, ама тоа го плаќа љубовникот, не таа.
     
  6. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    492
    Не ми е јасно, ама навистина, може ли толку убава девојка да се вљуби во постар маж со мустаќи на тилот. Да е згоден па и да ја разберам некако. Сега почнав да ја гледам и тоа не редовно, можеби има нешто што поминало , еве незнам .
     
    На KiT, Amelia, spacegirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    4.601
    Пол:
    Женски
    А кога го омаловажуваа нонстоп дека е неспособен Умут убо ти беше?
     
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    4.601
    Пол:
    Женски
    Можи
     
  9. Loveland

    Loveland Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Lugje na koj e bebeto na nilaj? I so ke se desi so doa i Fatih me interesira pisete vo spojler
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    14.557
    Нема што мене да ми е убаво или не, за серија зборуваме, не за реален живот. Проблемот е што Умут нема да успее, туку го местат во криминал. Самиот Умут е наивен и во заблуда. Од нигде никаде сега му нудат да стане генерален директор и му споменуваат потписи. Веројатно ќе го заглават. И Умут глуми бизнисмен откако го продаде џипот на Нурсема, значи се кити со туѓи перја, односно ги фрли во ветер парите на Абдула. И не морал да се жени со жена од семејство што го понижува. Секаде е тоа така, нормално дека некој бизнисмен што има удел во болници, хотели нема да потцени маж што нема да плати греење дома.

    Ќе видиме детето на Нилај дали е на Мустафа или таа лаже.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    4.601
    Пол:
    Женски
    Па ниту Доа тогаш не беше достојна за Фатих.
     
  12. Loveland

    Loveland Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Умут не требаше да си ја напушти работата, таков беше , така заработуваше и Нурсема требаше да го прифати како пејач по клубови , како тој што ја прифати и ќе немаше проблем.
    Дај некој нека каже за бебето на Мустафа
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    14.557

    Па и Доа не е цвеќе за мирисање. Освен да провоцира ништо друго не знае. Глуми дека нешто вреди, а гледам зависи од парите на стариот женкар Абдула. Таткото на Доа воопшто не се грижи што прават таа и Чимен, ама Доа нема срам, туку бара посебен третман од семејството на Фатих. Додуша таткото на Доа јаде леб со клати врата примај плата од сожалување во фирмата на Абдула. И Доа глуми дека е нешто модерна, ако е модерна, немаше зошто да си фаќа работа со традиционално семејство.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    14.557
    Умут го апсат. Го наместија. Требаше да биде свесен дека пејач во клуб и декоратер од дуќанчето на Алеф има скоро никакви шанси да биде генерален директор. Се прецени, се полакоми. А Ертуроглу е манијак, тој веројатно им бара секс услуги на сиромашните девојки на кои им плаќа школување. Тој веројатно е оној што на девојчето што танцува пуштил пари, па ја земал со автомобил и таа му побегнала. Кивилџим е во филм како е херојка, спасила едно сиромашно девојче да учи, тоест Рузѓар го убеди таткото, а ќе плати бизнисменот, тоест тој од девојчето ќе направи љубовница, ама Кивилџим мисли којзнае што направила. Ништо чудно и неа бизнисменот да ја намести, да испадне дека подведува девојки тој да ги уценува за секс, или да и подметне некои злоупотреби, затоа што таа се води како претседателка на Фондацијата. Абе колку е проста, возрасна жена со два брака зад себе, мисли ете некој бизнисмен нема друга работа, па ќе плаќа за школување на туѓи деца, исклучиво девојчиња и мисли дека тој и прави чест нејзе што ја устоличи, а тој се камуфлира зад неа, практично ја користи за да се скрие дека е манијак.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    Што го смениле старчево Абдула ?
    Да не скинал конци, вистинскиот глумец што си беше
     
  16. @ceci11

    @ceci11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Имаше здравствени проблеми со срцето и затоа го сменија
     
    На troublemaker94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    14.557
    Зошто Кивилџим не работи веќе во образование? Што се случи? Не следев редовно. Инаку, Умут е со ниво на зрелост како на прваче. Кивилџим сега ќе оправа таму некој човек што не го ни знае, а види што се случи со Чимен, Чимен има да се омажи со женет човек кој има 2 деца и ќе ја покријат. Кивилџим 100 пати му упаѓа во збор на Рузѓар и го опоменува да не претерува со муабети, како да е нејзино дете, а не нејзин газда, а ваму си ги заспостави децата. Кајхан е невидена мрза и користољубив човек, сака лесни пари, жена му Леман е смотана што го трпи. Ѓорѓем ме нервира, промускутет што глуми култира. Канта човек. Фатих па исто смотаница. Не е способен ни тој да процени човек, наивен.