1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеријатско (верско) венчавање

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 8 јануари 2014.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Бидејќи има тема со наслов венчавање со Црква би сакала да слушнам за шеријатско венчавање.
    Дали вие сте се венчале на овој начин или само во матично.
    Како гледате на шеријатското венчавање?


    За да бракот биде исламски при неговото заклучување мора да се направи одредена процедура- шеријатско венчавање. Инаку, брак по учењето на Исламот мора да биде склопен во име на Алах џ.ш., сведоци при склопување и личности кои ќе склопат брак (логично :D ).
    Шеријатските венчавки начесто се обавуваат во Џамија со присуство на роднини и пријатели или на друго место по избор на младенците. Во Џамиите може да се организира и помала свеченост со закуски по повод оваа пригода
    Терминот за венчавките се договара со имамот. (логично :) )
     
    На лукајана, Adina и tessie им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Интересно. Отсекогаш ме интересирало ова (иако сум Христијанка), но бидејќи не сум имала познаници кои имале склучено шеријатски брак, туку само граѓански, не успеав да дознаам. Ти благодарам Emotional за уводните информации.

    Тоа е брак кој се склучува и одржува според прописите на шеријатот кој претставува свет закон во Исламот, ако не се лажам.

    Ги разгледував информациите за правилата и прописите од шеријатот во случај на брак и доста пријатно се изненадив од аспект на исполнување на правдата, старателството над децата и сл.

    Со други зборови, Божјата правда, си е Божја правда, а не` има праведни или неправедни.

    Еве извадок од Википедија за Шеријатот и бракот и сл.теми:

     
    На H.VAGA и Emotional123 им се допаѓа ова.
  3. tiaratia

    tiaratia Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Немав каде да се обратам па се надевам деа тука ќе го добијам одговорот дали шеријатски брак во Македонија може да се склопи меѓу маж муслиман и жена христијанка без притоа таа да ја смени верата. Во некои држави е дозволен ваков брак на пр. Србија, додека во Босна е забранет. Дали е дозволен кај нас како што е практика во Арапските земји и доколку е дозволен кои се условите? Ви благодарам однапред и од се срце :*
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    прашај оџа кратко и јасно
    Или пиши на форумот на исламски центар
    Од кај тука би знаеле ние/
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ова од Википедија за Шеријатот

    Припадничките на Книгата се всушност Еврејки и Христијанки. За менување на вера не знам точно, да си прашате таму едино.

    Инаку, би ти препорачала и добро да си размислите пред бракот да го склучите и религиозно. Веќе самиот чи му дава друга тежина, особено ако сте религиозни.
    Среќно.