Шери Хил (Sherri Hill) e марка за која мислам дека има посебен бутик со Србија....Најчесто кај нив може дасе сретне фустани а за друга облека немам видено....Па имате ли вие нешто купено од таму и како сте задоволни ? btw еве некои сликички од нивни фустанчиња
Па се зависи до вкусот има и други модели на фустанчиња еве можеш овде да видеш http://www.missesdressy.com/sherri_hill ... 3woduRnHlw
Абе шо ќе беше ова ?! Секоја матурантка последниве 3 години во Шери Хил беше облечена стварно последните фустани се многу убави ама можда Гимназија 5 имаше исти !!!
Јас пред две години порачав фустан од Америка од Шери Хил (за матура секако) ... Убав ми беше стилот и моделот, бројчето ми се погоди, ми заштеди време за шетање низ Ск, Бт, Ох итн, малце соленка беше цената... Ама не беше многу многу квалитетно Тие кристалите одма ми паднаа. Ама мило ми е што после уште еднаш го облеков. Сепак мислам дека вредеше пошто ми заштеди многу време од шетање
Boring! Boring! BORING! Ако ми постават низа прашања како 1. Најдосадни фустани? 2. Најискомерцијализирани фустани? 3. Фустани за прозевање? 4. Бренд што не би го препорачале? 5. Фустан што не би облекле? Ко од пушка на сите овие прашања и на цел глас ќе одговорам ШЕРИ ХИЛ! Неможам да ги сварам органски, ни кога бев помала, ни за матурата моја, а сега па воопшто. Тоа се досадни сатенски, најчесто кичести фустани. Не сваќам зашто девојките посакуваат да носат нивни фустани и истиот уште 292573593 девојки да го имаат и да бидете копии нечии. Немаат свој стил па сакаат копии да се? Ниеден од оние погоре фустани не би ги ставила на мое тело, грамче убавина не гледам во нив. Бљак за Шери Хил и тие досадни фустани со тулови Упс со исклучок видов имаат копии на Херв Леџер, тоа нормално би носела. Затоа што Шери Хил копираат нешто многу подобро од она што сами можат да го отсмислат.
Веќе видено и досадно, има некои фустанчиња што се делат, ама и тие веќе се видени и износени од сите. А, се согласувам со росонерка, тие копираат од други дизајнери и прават ефтини копии на нивните дизајни. Вистина се подостапни од фустаните на Elie Saab, ама сепак, квалитетот е никаков, и плус и со таа цена за наш стандард не се којзнае колку достапни. Сакав еднаш да нарачувам од Америка, ама се премислив и сега не би купила, освен ако има некое ептен убаво и невидено досега. Иначе не, не ми се допаѓаат, башка малце и кичести ми се.
Имајте во предвид дека брендот Шери Хил е облека за pageants, а сега тоа што некој го носи и на матури е друга работа. (незнам како би било на македонски )
Брендов ми е ПОИМ за кич. Еден фустан немат без шљокици сатен или диско топка стил. Ааа Роси,мене не ми е боринг ова. Рожниците ми ги истера од сите глупости наџиџани на нив.
Има убави фустани, на пр. овој што прво сакав да го шијам за матура НО, ми пречи што сите се слични меѓусебе разликата е само во бојата и тук-там некој детаљ и ситница во моделот. И сите ги шијат за свечености. Доволни 2 работи за да не носам ваков фустан.
Па и не е се така кич Штознам и мене некои модели не ми се свиѓаат, ама има и такви кои ми ги фаќа око Еве некои моделчиња кои радо би ги облекала Се извинувам за големината на сликите За подобро да ги видите со десен клик
Ми се блуе од самата помисла на фустаниве. Кај што шиев сеа во брзо време фустан кај една шивачка имаше сошиено минимум едно 10 фустанчиња горе доле слични, за матурантките се разбира
Не сум знаела дека имало отворено тема за Sherri Hill... Постојат модели кои не ми се допаѓаат, односно оние едноставно се пренатрупани и оние кои ги постирале претходните феминки, меѓутоа не се согласувам со мислењето дека сите фустани од оваа Американска дизајнерка се лоши и поим за кич. Имено, јас пронајдов неколку модели кои, според мене, навистина се убави, елегантни, попристојни и дефинитивно би ги носела за некоја посебна пригода.
Шери Хил нема некој преголем избор на убави фустани, ама тие што ги има, барем за мене, се предобри итн Уште да сум згодница како женЦкиве