Хех, ова не го очекував. Ми се свиѓа глумицата за Мориарти што ја одбрале, и како Марџери во Игра на тронови е супер, има карактер некако. Инаку тешко ми прираснува овој актер за Шерлок, си останувам на своето дека ја нема острината некако. Ама океј е серијава, имаше некои подосадни епизоди на средината, крајот ја оправи малку. И мене ми се свиѓа што барем засега ни ја задоволија љубопитноста колку толку, а сепак има простор за маневрирање понатаму.
Добра е серијата, очекував полошо. Имаше 2-3 досадни епизоди, другите беа супер. Приказната поразлична, ама интересна. Задржува внимание. Многу добро што се одлучиле на толку храбар потег, Spoiler Ајрин Адлер да биде истовремено Мориарти, макар и плавуша. Мене ликот не ми е нешто впечатлив, просечна е Натали Дормер, ниту убава, ниту грда, нема некое особено присуство, што знам, можеле малку построг, постуден, појак лик... Па и не пројави некоја висока интелигенција или шарм, малку ко мивка во улогата... А Џони Ли Милер одлично се снајде. Мене ми е супер, не подобар од Бенедикт, ама па подобар од многу други Шерлоковци. Баш му легна улогата. Ќе ја гледам и втората сезона. Добра серија. :up:
И јас по4нав да го гледам филмов, и искрено многу ми се допадна, па ќе видиме каква ќе биде втората сезона...
Јас ја загледав искрено од љубопитност, како фан на Џони Ли Милер и Луси Лу. Срам ми е да кажам дека до сега не сум нит погледанала нит прочитала нешто подетално за Шерлок Холмс, не знам зашто ама ова ми е прва серија од Шелоците, па не можам да правам разлика со англиската верзија од ББЦ нит со старите филмови и серии. Мене серијава во мала доза ме потсеќа на Менталист, иаку на многумина ги потсеќало на Монк, јас овој Шерлок го споредувам со Патрик Џејн, иаку сепак се работи за сосема различни приказни, има доста сличности и поврзаности(консултанти се и двајцата, дрски и беобразни по малку, препаметни и си јадат по некое шамарче ) Мене ми е многу фина, стигнав до 5тата епизода од првата сезона, верувам дека за брзо ќе ви се приклучам со ред во втора сезона. Џони ми е екстра глумец, јас си го знам како Илај Стоун, али сметам дека и во оваа улога се снајде. Луси Лу ми е за промена мила, она знае да глуми дрска одвратна хистерична жена, овде и е фина улогата, барем мене ми се допаѓа за промена да ја гледам сталожена и разумна. Знам дека доктор Ватсон во оргиналот е маж, според мене интересен пресврт да биде улога на жена, тука добила во диверзитет и разлиност од претходните. Дури и сфатив зашто се вика Елементарно, се утепав од гуглање, битно сфатив Фина крими сериичка, убаво ми ги залекувани рани после пропаста со менталист. Па следна е после англиската верзија од ББЦ.
Мене ми се здосади серијава. Откако Spoiler се решија работите со Моријарти нема веќе ништо интересно. Глупави случаи, млак хумор, ништо повеќе не ме влече. Имам доста заостанато од втората сезона, а не знам ни дали воопшто ќе ги изгледам.
Првава сезона заврши ФАНТАСТИЧНО! Што убаво Џони изговараше Маседонија, мерак ми се направи. Еден заклучок, нас секогаш не зафркнува некој, се друг ни е крив, веќе не е Бранко крив што не влегуваме во ЕУ Мориарти е Грујо ќе даде одма демант, уште не ја гледам серијава само Мене ме изненади пресвртот со Мориарти, убаво ја разработиле тематиката, ми паднаа многу начини на памет, ама конкретно оваа не. Браво за тоа. Сега за сега едно големо палче нагоре за серијава, ГОЛЕМО :up:
И изгледав се до крај Втора сезона почна млитаво, ама продложува интересно, барем мене ми е интересна. Шерлок ќе биде спонзор, што ќе се деси со детектив Бел и плус БРАТ МУ, со кој плетка и мути води? Како не го разоткрија дека нема чисти намери не ми е јасно, ај Вотсон, ама Шерлок, малку ми имаат пропуст тука, ама веројатно намерно оставаат простор за нови сплетки. Посебно, мислам дека оставаат простор за Мориарти да се врати, мислам дека сите го очекуваме тоа. Се надевам дека ќе се појави таткото, да не биде ко со тетката од Том и Џери, мајка му на Хауард и некои други, кои цела серија ги спомнуваат, ама очи не сме им виделе. Само страшно ме нервира чекањево, кој ќе чека до 2 Јануари за нова епизода, претеруваат. Мислам дека сеуште има простор да не изненадат, барем јас тоа го чекам друга бомба да ни фрлат сезонава ко претходната со вистинскиот идентитет на Мориарти. Само да не ја уништата и оваа серија, како 2-3 годинава, мене ми е супер. Шерлок на моменти ми е пресмешен, пример Spoiler Друго, стајлинот на Луси Лу е супер, многу минималистички и кежуал, али многу кул и супер и стои, мене ептен ми се бендисува. И за крај Клајд Spoiler
Уф, конечно малку од стариот сјај. Spoiler Мориарти ми е многу добар негативец и ептен се неизвесни епизодите со неа. Плус интересно ми е кога се натпреваруваат со Шерлок, кој кого ќе одгатне прв. Инаку јасно е дека се сакаат двајцата и дека се надополнуваат како црно и бело од еурокрем : ))) Се надевам дека повторно ќе се појави наскоро, ми делува дека ќе има некој јак заплет сезонава повторно со неа.
Jас стално си ја гледав на AXN кога ја даваа во четврток после католичкиот Божиќ цела програма некако се смена и сега не знам кога се . Многу ми е интересна и смешна серијава. Spoiler Леле имаше една епизода каде што тој порано спиел со нејзината другарка само за да и го запознај подобро друштвото. Нa таа еп. се изнасмејв . Зошто во последно време пуштаа репризи на AXN?Некој да не знае?
За прв пат се среќавам со Шерлох Хоулмс и ми се допадна многу.Ми се допаѓа Шерлох кој е ексцентричен, склон на пороци, на моменти вулгарен и безобразен, но сепак се труди да не ја разочара Водсон.Луси Лу е одлична во улогата.Најголемо изненадување ми беше кој е Мориати.Многу добро изведено За последната епизода Spoiler Види ја ти Водсон и нејзиниот интерес за мафијата Им провалив грешка, кога ќе одат Шерлох и Вотсон да истражуваат кој го убил Pardillo и ќе чепкаат во ѓубрето истура снег, веднаш следната сцена доаѓа Капетан Томас Грексон и разговара со Вотсон надвор нема ни траг од снег Баш ми е мило што се смирија на некој начин Шерлох и детектив Бел. Why don’t you take him for a walk? Crash a prom or something
Meне па последниве 2 епизоди ми беа малку досадни, и таа со Мориарти дури. Мислам дека можат подобро. Јас дури и не сфатив што се деси на крај со Мориарти? Нека ми пише некој во спојлер.
Мора да признаам дека една од омилените серии ми ја затупеја.Послените три серии беа многу просечни, нешто ми недостасуваше.Некако и коментарите на Шерлок не се тоа што беа.Случаевите им се млаки и без врска.Се надевам дека ќе се подобрат, ете пак можат да ја вратат Мориати бидејки според мене таа приказна уште не ми е завршена до крај.И кај го снема брат му на Шерлок, нели збореше на телефон со некој за Шерлок,дури имам подзаборавено што збореше на тел а тоа е реткост кај мене.
В четврток како шо најавија на АXN ќе ја давале последната епизода од втората сезона. Ќе ја гледам,ааа некој знае шо се случи во епизодата минатиот четврток нешто со брат му на Шерлок беше и спасување на Вотсон нешто така...?
Е тоа кога ви велам Цветанка цела серија ја гледа,карјот не.Ама млаер чупе сум била Некоја во ЛП ќе биде заинтересирана да ми ја прераскажи?
Ја гледаВ, да, во минато време, затоа што затапе откако се откри кој е Мориарти. Некако наеднаш се испукаа во прва сезона и вторава испадна тапа. 1 или 2 епизоди од втора сезона само сум изгледала (не ми ни текнува на нив, заспивав од досада). Инаку, на почетокот, многу ми се допадна целиот концепт на серијава, идејата за тоа Вотсон да е жена, Шерлок да си остане Англичанец, а се' да се случува во Америка. Доста интересно. Дур не почна втора сезона... Ако некој ја следи редовно и ако нешто се сменило (станало повозбудливо) - нека ми каже, зашто не можам инаку да се натерам да гледам.
И јас се навлеков на серијата. Од почетокот не ме влечеше многу (бев навикната на другиот Шерлок, а мразам промени), ама се подобра станува. Ја гледам втората сезона (каснам малку ) и интересни ми се случаевите, врската меѓу Шерлок и Вотсон од една страна, и Шерлок и Мориарти од друга страна. Само ме интересира што изведува брат му Мајкрофт . Добра серија во секој случај .