Шерлок (Sherlock) [2010]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 17 декември 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497

    Започнува втора сезона од Sherlock Holmes :dance:
    Првата епизода се вика A Scandal in Belgravia и ке биде емитувана на ВВС на 1/1/2012. Се надевам дека набргу ке има торент за симнување.

    http://www.imdb.com/title/tt1475582/episodes#year-2012
     
    На Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Шерлок Холмс (Sherlock Holmes BBC1)

    И јас по препорака на Шана и Трендафилка ја симнав првата сезона и го изгледав првиот филм A study in Pink.
    И можам да кажам дека веднаш се навлеков, вечер ќе ги гледам и вторите два дела.
    Препорачувам. :up:
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497
    На Annath и SuperGirl2010 им се допаѓа ова.
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497
    На Annath и SuperGirl2010 им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Шерлок Холмс (Sherlock Holmes BBC1)

    Бидејќи двете единствени серии што ги гледам, Очајни Домаќинки и Озборувачка, завршуваат сезонава, решив да си најдам нова занимација. Видов дека ја препорачувате, изгуглав да дознаам нешто повеќе и можам да кажам дека си ја заслужува високата оценка.
    Обожавам детективски филмови и во план ми е да ги изгледам сите епзоди и од ЦСИ Мајами што ги пропуштив откако престанаа да се имитуваат на А1.

    Од Шерлок ја изгледав првата сезона и уште вечерва продолжувам на втората.
    Многу ми е интересна, а на моменти дури морав да ја сопирам снимката, и полека да го читам преводот, затоа што толку брзо збори Шерлок и толку многу работи кажува во една реченица, што не можев да го следам! Освен тоа, ме поттикнува да размислувам, па мозокот ми работи 300 на саат додека ги спојувам работите. :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.974
    Допаѓања:
    134.740
    Пол:
    Женски
    Шерлок Холмс (Sherlock Holmes BBC1)

    Јас и' се токмам на серијава. Минатиот понеделник почнаа да ја даваат на Fox Crime, ама не ја гледав првата епизода, иако почетокот ми се допадна... и ми се допадна и главниот актер, Benedict Cumberbatch, барем од тоа што можев да ги видам, мислам дека одлично ја доловува улогата. Вчера ја симнав првата сезона, сите три епизоди (штета што се толку малку, иако не се класични епизоди, туку целовечерни филмчиња). Впечатоци откако ќе успеам да изгледам барем една цела епизода :D
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.509
    Најдобрата серија врзана за Шерлок Холмс, без конкуренција. ^_^
    После неприкосновениот Jeremy Brett во антологиската The Adventures of Sherlock Holmes (1984-1994), Benedict Cumberbatch за мене лично е најдобриот илустратор на овој детектив.
    Роберт Дауни Џуниор се снајде исто добро, со тоа што Шерлок на Гај Ричи си има поинаков твист и пристап.

    Оваа модернизирана верзија е скоро совршена, има одличен кастинг, одлична хемија меѓу главните актери, солидни приказни и заплет, не оддава ниту еден миг рамнодушност или досада.
    Поради брзото темпо на модерниов Шерлок :lol: имам враќано сцени неколкупати, а поголемиот дел од досега 6те епизоди ги имам изгледано и по 2 пати.
    И не здосадуваат.

    Многу ми е мака што третата сезона треба да се чека дури до 2013. :(
    Испревртев илјада форуми и страници во врска со крајот на втората сезона.
    Анализиравме со дечко ми, просто се ставивме во Шерлок Холмс филм. :D
    Ама такви се британците со сериите, прават малку, но квалитетно.
    [​IMG]
     
    На Sara123, Annath и RainBow им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    Koлку трае една епизода? Штом третата сезона е дури во 2013 имам време да си ја влечкам и лезетски да си ја гледам. :)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.509
    Сите епизоди се по 1 час и 30 минути. :)
    2 сезони, со по 3 епизоди.
    И верувај - нема да ја влечкаш серијава. :D
    Ќе ја изгледаш во два дена и ќе се апеш за газот зошто треба да се чека за нова сезона до 2013 година. :(

    Season 1
    1. A Study in Pink
    2. The Blind Banker
    3. The Great game

    Season 2
    1. A Scandal in Belgravia
    2. The Hounds of Baskerville
    3. The Reichenbach Fall
     
    На Annath, Shoe-Gal и RainBow им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    A гледам вечер на фокс крајм ќе ја даваат во 22.30, да не знае енкој која епизода е? Ако е реприза од првата да ја гледам. :)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.974
    Допаѓања:
    134.740
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е првата, премиерата е во понеделник, што значи утре ќе ја даваат втората епизода од првата сезона.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    69
    Во кој термин го има???
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    Утре ќе ја има втората епизода од првата сезона на фокс крајм во 21.45, а вечер е репризата од првата епизода во 22.35.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    Аууу серијава :x Ми се искачи на листа на омилените. Шерлок... Не можев да ги одлепам очите од него. :inlove: Цело време не трепнав, ниту еден досаден момент во цела епизода немаше.
    Утре ќе ја гледам втората епизода на фокс, ама после ќе ја симнам.
    А има превод за сите епизоди?
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    9.024
    Има за сите, јас со англиски ги гледав, а 99% сум сигурна дека имаше и српски

    едит: еве најдов српски тука http://www.prijevodi-online.org/serije/ ... 5/sherlock
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.974
    Допаѓања:
    134.740
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода на три пати :D Виножитке, ако симнуваш торент и гледаш со BS Player, сами ќе ти излезат subtitles за епизодата, ама на англиски.

    Инаку, морам да признаам, ми се допаѓа. Ептен. Очи не можев да тргнам... ептен се погодени актерите. Исто, ми се допаѓа тоа што е вклопена во модерново време, со сите предности и недостатоци. Можеби така сакале да ја приближат до помладиве гледачи, ама и да не било тоа, не верувам дека човек би останал рамнодушен на серијава.

    Имам доста книги читано од сер А. К. Дојл со Шерлок Холмс, ама ретко која екранизација ме воодушевила како оваа. Се надевам и понатаму ќе биде така. Британската кинематографија дефинитивно ја бива, тука нема грешка.

    Имаше добри реплики, ама најмногу си ја сакам оваа

    Dear God, what is it like in your funny little brains, it must be so boring...

    8) 8) 8)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Кој е попопуларен од Обама?!

    Верувале или не, ниту Ријана, ниту Обама, ниту пак Новак Џоковиќ не се најпопуларни во светот на шоу-бизнисот, туку единствениот кој може да се пофали со таа титула е Шерлок Холмс.
    Британскиот актер Бенедикт Камбербач, кој е прослави со улогата на Шерлок Холмс во адаптацијата на класикот од Артур Конан Дојл, се најде на седмото место на престижната листа на најважни личности, објавена во магазинот "Time".

    Освојувајќи го седмото место, тој ги надмина и американскиот претседател Барак Обама и првиот тенисер во светот, Новак Џокович.
    Во анкетата на магазинот "Time" свое место имаат 150 личности кои што редакцијата на овој магазин ги издвои како "лидери, уметници, иноватори, икони и херои" во 2011 година.

    Младиот актер, кој на стариот и познат Шерлок му даде нов шарм, читателите го сместија на високото седмо место на оваа престижна листа.
    Може да се каже и дека Бенедикт Камбербач е победникот во оваа анкета, барем кога станува збор за светот на шоу-бизнисот, затоа што зад себе ги остави планетарно познатите ѕвезди како што се Бијонсе, Лејди Гага, Адел, Ријана и Шакира.
    Со освоените 91 840 гласа, Камбербач зад себе го остави и американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин, фудбалерот Лајонел Меси и тенисерот Новак Џоковиќ.

    http://zazabava.com/koj-e-popopularen-od-obama
     
    На Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    Оф леле, најдоле на листата има видео, спојлер алерт. :tmi:
    Значи човеков почнав да го обожавам. Маж ми вика дека бил грд. Грд? Па ко божем се е во физичката убавина, додуша и таа кај него има голема улога, да не ги спомнувам сините продорни очи. Ама енергијата, ентузијазмот, искрите, насмевките, начинот на кој му функционира мозокот... Како ниту едно движење да не му е залудно направено.
    Леле, излезе тинејџерката од мене :$ :lol:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.509
    И мене ми е многу привлечен, не ми е воопшто грд.
    Делумно, улогата придонесува многу ќе си речете, ама го гледав и во Tinker,tailor,soldier,spy и супер изгледаше и таму, во русокосо издание. :lol:
    А глумеше сосем друг вид на улога, ама неоспорно е неговото силно присуство и појава на екранот.
    Човекот има неверојатна фацка и харизма.
    [​IMG]

    Грд?
    No, no, no!
    :shake: :shake: :shake:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.