1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шерлок (Sherlock) [2010]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 17 декември 2011.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    ^ Кога излегува 2 епизода од новава,трета сезона? :)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    ^ Утре излегува новата, набрзина ќе ги дадат сите три, па после ќе не мачат...

    Единствената причина за доаѓање дома ми беше новата сезона на Шерлок! ^_^
    Многу ми се допадна самиот концепт, значи стварно маестрално е направена серијава!

    Во однос на режирањето на смртта, само што заврши втората сезона, почнав како луда да пребарувам possible theories на интернет, меѓу кои беше и оваа што ја кажа Шерлок - паднал на душек, а неговава homeless network му помогнала да го изведе сето тоа. Отпосле ја гледав последната епизода неколку пати, и најлогична ми се гледаше таа теорија.

    Туку јас морам да си го поставам во темава најмоментот од цела епизода ^_^
    [​IMG][​IMG]

    Едит: сестра ми ми го прати клипчево, ѕирнете го :lol:
    https://www.youtube.com/watch?v=gRFUjVTcHQY
     
    На MaggieTatum, Marossa, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    ^Дефинитивно најмомент. :inlove: Како ја грабна, јас да бев ќе паднев тука на лице место. :rofl:
    Обавезно уште еднаш ќе ја гледам епизодава деновиве, пред да ја гледам втората.
    Утре се емитува ние задутре ќе имаме торент. А превод дури потоа. |(
    Ова србиве и хрвативе спори нешто, бугарите одма си вадат превод.
    Со мм ја гледам, он не може без превод, ме кочи само. Така ми е кога го навлеков на серии.
     
    На MaggieTatum и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Буквално не се пуштам на tumblr ако ја немам изгледано последната епизода од некоја серија, затоа што фрчат постови и gif-ови на сите страни!

    Мојот омилен пост за Шерлок :lol:

    how this last episode of sherlock should have ended:
    [​IMG]

    Tуку, прочитав дека според книгата, Мери ќе почине за време на породувањето, па Џон ќе се пресели со бебето кај Шерлок и заедно ќе го одгледаат. Шерлок да се грижи за бебе - кој знае колку смешен ќе биде :rofl: И замислете да биде девојче, па да ја прикажат како тинејџерка - Шерлок да ја анализира после секое излегување: Аха! Си била со момче со таква и таква коса, толку и толку години, има сестра/брат... :rofl:
     
    На MaggieTatum, teddybear и Marossa им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Како секој нормален зависник,мора да ја активирам темата за секоја епизода помината,оти малку се де :D

    Многу ми е мило што покажаа друга страна на Шерлок,онаа минимално човечката, конечно се искажа колку му е битен Ватсон и дека без него неговиот живот не би бил комплетен.Можеби требаше ваква епизода за крај на серијата,ми наликуваше на некој хепи енд.На голем дел од епизодата се смеев ко ненормална,посебно кога се испијанија и двајцата,ептен интересна појава е Шерлок :D А кога им ги соопштуваше вестите на Џон и Мери каков беше среќен и насмеан,ретко таков да го видиш.И незнам колку е налудничаво,ама јас најозбилно сум заљубена во овој човек :lol:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мене последнава епизода ми беше за нијанса послаба од претходните од аспект на дејството,ама беше исклучително емотивна. Искрено во еден момент помислив дека полека полека ја привршуваат серијата,а со тоа не можам да се помирам.

    Најмомент од епизодата ми беше кога им соопшти за бебето. :D

    Иначе,можно ли е да е толку прекрасен човеков,каков шарм и несекојдневна убавина има Бенедикт,секоја епизода се повеќе под кожа ми влегува. :wasntme:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Мммм, јас сум благо разочарана од последнава епизода. Беше премногу млака некако. Шерлок, нормално, си е најдобар, мислам дека се вљубив малку, пак. :!: :lol:
    Ама приказнава не им беше баш. За три епизоди годишно очекувам многу, премногу, едноставно мора да бидат фантастични, нема време за вакви лигавења.
    Башка погодив дека сигурно од надвор е прободен гардистот, одма беше очигледно дека тој наредникот е метата, а на мм само што го видов фотографот на свадбата му реков еве го убиецот.
    Е затоа беше слаба епизодава. Обично сум занемена од тоа како се одвиваат работите.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Серијава планирав да ја почнам уште минатата година, ама поради еден трејлер со лоша слика, не ја почнав, се додека не ја видов сценава на тамблр -
    http://www.youtube.com/watch?v=mLxgIb9J9l8
    :inlove: :lol:
    па уште кога видов дека сезоните имаат само 3 епизоди, цврсто се решив да ја гледам :D И се што имам да кажам - УАУ!! :D Предобра серија, Шерлок ме освои уште во првите 10 минути кога се појави, а за серијава навистина важи она - квалитет повеќе од квантитет.. Вчера ја почнав и завршив првата сезона, и ептен се заљубив во серијава (а и во Шерлок :angel: ), последната епизода без здив ме остави на повеќе сцени :x Па морав и втората сезона да ја почнам, колку да видам што ќе се случи :D Само тоа го видов,првите 5 минути од епизодата..
    Мориарти воопшто не го познав, само кога го спомна тоа за гаќите, ми текна :D И до мене е, или гласот на Мориарти е како повисока верзија од гласот на
    [​IMG]
    ?? :rofl:
    Сега ја почнувам втората сезона, и морам да стигнам до сцената погоре^ :D
     
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    [​IMG]

    Wow.. :)
    Инаку Baker Street Babes е група составена од 10 млади обожавателки на Шерлок Холмс.
    Досега ги имат интервјуирано Louise Brealey (Molly Hooper), Lara Pulver (Irene Adler), Michael Price (composer) & etc. Ако некој сака да ги следи на твитер: https://twitter.com/BakerStBabes.

    Кога сме веќе кај најдобрите епизоди, Scandal in Belgravia ми останува на врвот (сега за сега).
    Гледам дека и на Imdb котира малку повисоко од останатите. Таа хемија помеѓу Ајрин и Шерлок ме потсетува на Batman vs. Catwoman а мене ако ме прашате, подобра љубовна приказна од нивната не постои.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Има ли некои најави за 4та сезона? :)
     
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    http://www.radiotimes.com/news/2014-01- ... ven-moffat

    Само што го прочитав ова, така да...да, веројатно :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Ја завршив и втората епизода од третава сезона, и можам да кажам дека серијава ми стана една од омилените :D Всушност, знаев дека така ќе биди уште кога ја гледав првата епизода, ама со секоја епизода, серијава станува се подобра и подобра...
    Втората сезона беше супер, првата епизода најсмешна
    [​IMG] :lol:
    втората најстрашна, а третата најтажна :worried: А баш интересна беше таа последната, Мориарти малку и го засакав, ама крајот беше навистина тажен, незнам како издржавте 2 години да видите што се случило, јас одвај 5 минути издржав..
    Mислам дека првата епизода од третата сезона ми стана омилена, сите беа или смешни или тажни, оваа две во едно :D Шерлок ептен откачен беше, французин кога се правеше пукнав од смеа, ама Џон кутриот.. :worried: И навистина не беше фер Шерлок, 2 години го остави да мисли дека е мртов :?: Мери е срцка, на почеток не ја сакав многу бидејќи мислев дека ќе им попречи на Џон и Шерлок, ама таа уште повеќе ги зближи :D И последната епизода беше преинтересна, Шерлок пијан ме изнасмеа :rofl: -
    [​IMG], па и Џон -
    He's cluing for looks :rofl:
    и говорот на Шерлок беше супер, се на се, одлична епизода, ама малку ме натажи Шерлок на крај, се надевам нема да се оддалечат со Џон :?:
     
  13. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Шеролк е серииште!
    Многу ми се допаѓа што дејствието се случува сега, во денешно време за разлика од книгите и другите филмови.
    Шерлок полека полека ми се искачува на листа меѓу омилени ликови од серии, што дури и ги надминува психопатите (ханибал, декс, волтер итн) Глумата е прекрасна, акцентот breathtaking, и слободно може да кажам дека го има посакуваното ниво на хумор во сарказам за серија со сериозно напета тема.
    На некој начин може дури да го набљудувам и како херој, бидејќи во првите две сезони имаше непријател, а во третата си добива нов, затоа што ги има предиспозициите за еден таков филм со таа разлика што тука ‘борбите‘ се на интелектуална основа.
    А јас бидејќи обожавам серии во кои суптилно е прикажана психолошката анализа на лик без премногу концентрација на истиот, не можам да не ја сакам оваа. Ја препорачувам за сите оние што љубат мистерии и брилијантна проникливост во ликовите.
     
    На Marossa и Paradox им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Излезе новата епизода? ^_^ Не можам торент да најдам,ако некој најде нека стави линк. :)
     
  15. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.078
    Допаѓања:
    44.212
    Пол:
    Женски
    Eдна од моите најомилени серии! Ја обожавам серијава, многу е интересена. Како што кажа и МисСпаркс,интересно е тоа што дејствието се случува сега. Предобра е серијава! :)
     
  16. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    епизодата вечер ќе биди на BBC one, значи за спуштање дури утре :worried: :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Барајќи друга серија, видов дека веќе ја ставиле новата епизода на замунда.
    Еве линк, таман пред спиење да си ја изгледате :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    мхм... незнам како да се чувствувам во врска со последнава епизода :D
    гледам на tumblr некои ја нарекуваат најдобрата епизода досега... :^) според мене дефинитивно не е.. ама тоа е најверојатно затоа што веќе си имам омилена епизода (3x01) а и 50-60 % од оваа не сфатив :tmi: Ќе треба пак да ја гледам, овојпат повеќе ќе гледам што се случува :lol:
    ама најмногу се израдував за
    враќањето на Мориарти :inlove: Не можи да не го сакаш, срцка е :D А и серијава не ми е комплетна без него.. ама незнам како ќе го вратат, ај за Шерлок направија (одлична) приказна за тоа како преживеал, ама Мориарти си пукаше во главата, и тоа пред Шерлок... :?:
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    :^) :rofl:
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Јас претпоставував дека ќе се врати, затоа што во сите приказни за Шерлок, Мориарти е главниот негативец. Сепак, Мориарти е негативната верзија на Шерлок. Поинтересно е вака кога има некој лик што е во постојана борба со него, инаку Sherlock ќе се претвори во обична детективска серија со решавање случај за случај.

    Туку, девојката на Шерлок :rofl: :rofl:
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    И реакцијата на Џон! :rofl: :rofl:
    Умрев!
    [​IMG]

    Моли :o
    [​IMG]

    И дефинитивно не го очекував ова со Мери!
    [​IMG]

    Mrs. Hudson’s reaction! :lol: Од памет ме извади!
    [​IMG]

    Многу пати морав да враќам одредени сцени од што бев overwhelmed, не можев да ги следам сите работи наеднаш. Мора внимателно да ја гледате епизодава, инаку многу работи нема да разберете.

    Tumblr is going crazy, фрчат секаде постови за Шерлок! Радо би ги постирала сите, се превртев од смеење за некои реакции :rofl: Морав уште ова да го постирам! :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На MaggieTatum и Marossa им се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ќе си умрам јас од серијава,во шок седев цела епизода.Колку ми падна криво за Ватсон,греота човекот,раат нема :D Не очекував ова за Мери воопшто,ама барем не е негативец,си имала и таа приказна.Кога го видов Шерлок со девојката останав со подзината уста,иако претпоставував дека има план,ама сепак интересно беше да се гледа.А за Мориарти уште кога го покажаа во епизодава имав осеќај дека ќе се врати,добро е може да очекуваме возбудлива 4 сезона исполнета со акција.
    А третава во глобала мислам дека беше за нијанса послаба од останатите,се сконцентрирале сценаристите на Шерлок и Ватсон,на меѓучовечките врски,немаше премногу криминал и истражување..
    Сега останува да се чека на 4та..охх маки :D