Форумџика на годината 2021
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шерлок (Sherlock) [2010]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 17 декември 2011.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.316
    Пол:
    Женски
    Од кал да е, Шерлок да е.

    Тоа е Шерлок. Високоинтелигентно створење кое ги освојува нашите симпатии и покрај тоа што е џанак. Интересно ми е што во серијава до толку ја ублажиле работава, па го направиле никотински зависник.

    Ама што и да е, каква сака зависност нека има, Шерлок секогаш ќе го сакам како фиктивен лик. :)
     
    На Snow-Star, Marossa, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    20.199
    Допаѓања:
    56.973
    Пол:
    Женски
    Немаше нешто што не ми се допадна во епизодава. Шерлок и Вотсон се страшен тим, актерите имаат некоја таква лесна хемија, изгледаат и како да им било крајно забавно за време на снимањето.
    И мене на почетокот не ми беше јасно што се случува, ама коцките совршено се вклопија.
    Беспрекорна епизода, ама сакам уште, не е фер ова.(waiting)
     
    На Marossa и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    17.041
    Пол:
    Женски
    Mnogu bitno prasanje (i izvinete me ama na tabletov nemam kirilica): dali epizodava sega sto izleze e vsusnost prva epizoda od cetvrta sezona, sto bi znacelo deka vo 2017ta kje izlezat samo uste dve, ili kje si izlezat togas redovno tri novi epizodi? :^)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    54.988
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny за 2017 се најавени три епизоди, оваа беше Шерлок спешл, како новогодишен подарок :)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ако за тебе новогодишен подарок е тригодишно чекање додека да се појави нова сезона...
    дефинитивно имаме различни гледишта во животот. :D :D :D
     
    На AnaKarenina и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    54.988
    Пол:
    Женски
    Секој ден не е Велигден, или во Шерлок смисла - секоја година не е нова година :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    8.332
    Во 2017 нова сезона? :o Нехумано дефинитивно. Тешко дека ќе изгубам некогаш интерес за серијава колку и да ја влечкаат, ама мака ми е зошто е ретко квалитетно нешто.

    Епизодава беше одлична, маестрално осмислена како и секогаш, искрено и кога седнав да ја гледам немав ниту најмал сомнеж дека вредело чекањето.
    Јасно беше уште на сам почеток дека не е дел од реалноста или нешто што се случило во минатото, ама отплеткувањето кон крајот беше перфектно осмислено.
    Мене Мориарти ми е забавен во сите варијанти на Шерлок Холмс што ги гледам, токму затоа што може да му парира во брилијантноста. Не е е интересно кога противникот не е достоен. Па дури и еден Шерлок има своја слаба страна затоа што сепак нели е човек...искрено не само што не ми пречи туку и уште поинтересно ми е кога гледам како се справува со тоа и како си го предизвикува умот да оди до некои граници за кои можеби и самиот не бил свесен.
     
    На Marossa и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.759
    Пол:
    Машки
    Девојки, знам дека поминаа 100 години од последната сезона, ама дали знаете дека излезе 4-тата сезона на Шерлок? :D

    О, да. и беше AWESO… Не, за жал, не беше awesome. Беше само океј.

    Од една страна, мило ми е што Бенедикт и Мартин се решија уште еднаш да се појават во улогите на Шерлок и Вотсон, иако се веќе холивудски ѕвезди. Од друга, не можев, а да не приметам дека приказните беа видно послаби во споредба со претходните сезони. И можеби само ми се чинеше, ама некако епизодиве беа dumbed down – за разлика од претходните сезони, у кои од гледачот се бараше активно да се вклучи у гледањето и сам да резонира за да сфати што се случува – сега се е успорено, расчленето и објаснето, сервирано на готово.

    Првата епизода ми беше можеби нај-meh од сите – со Мери како лик некако воопшто не се поврзав уште откако се појави –Мери некако ми беше присилно уфрлена како рамноправен член во дуото Шерлок-Вотсон. А сега, исто толку усилено, ја снема. Најверојатно, замислата беше да воведат лик кој ќе го засакаме за потоа да можат да ни го одземат и да предизвикаат емоционална реакција во што, барем според мене, не успеаа. Искрено, повеќе жалев кога умре Моријарти отколку Мери. Целава епизода се базираше на back story-то на Мери, за која барем на мене не ми беше гајле, па епизодава ми беше некако залудно потрошена. On the up side, ми се свиѓаше приказната со момчето од Тибет.

    Втората епизода беше подобра, но не без свои маани. Оваа епизода го етаблира Вотсон како the ultimate drama queen, човек кој секогаш и на се бурно реагира (што сега и не е неочекувано, бидејќи му умира жената), но она што е неочекувано и целосно нелогично е тоа што Вотсон го обвинува Шерлок за смртта на Мери. Тоби Џонс е роден да биде негативец и генерално, идејата за паметен и богат сериски убиец, кој функционира според поинаков modus operandi од обичните, „глупи“ сериски убијци, кои на сите ни се познати, ми се свиѓа.

    Она што не ми се допадна е реализацијата – замислата за лек за „заборавање“ и генерално потребата да ја сподели својата желба за убивање со своите најблиски ми беа малце out there. Освен тоа, гледавме епизода за сериски убиец, во која тој самиот не извршува ниту едно убиство.

    Идејата на Мери, дека Шерлок треба да отпочне процес на самоуништување, за да Вотсон го спаси, за да всушност се спаси самиот себе е толку социопатска и личи како да ја смислил некој кој воопшто не ги разбира човечките емоции – како Шерлок, на пример – а не Мери, сопругата на Вотсон.

    Она што беше far out there е предвидувањето на Шерлок на секоја можна реакција на Вотсон, со недели однапред – ова веќе излегуваше од рамките на брилијантен детектив, кој се служи со дедукција и логика и навлегуваше во доменот на Видовита Видојка.

    Третата епизода – finally, the good stuff! Она што Шерлок како серија го сфаќа дека на секој добар херој му е потребен одличен негативец – а тоа во случајот на Шерлок е Моријарти. И иако умре предминатата сезона, неговото присуство се чувствуваше цело време и постојано не тераа да се прашуваме „Дали Моријарти всушност умре?“

    Elementary, од друга страна, раскрсти со Моријарти уште во втората сезона и серијата оттогаш наваму е срање, бидејќи ниту еден негативец не му е ни приближно дораснат на Шерлок.

    И повторно, идејата за постхумна одмазда врз Шерлок од страна на Моријарти многу ми се допадна– многу повеќе од идејата дека Моријарти сепак, некако преживеал. И повторно, реализацијата not so much.

    Шерлок и Мајкрофт, двајцата брилијатни, генијални, социопатски браќа имаат и брилијантна, генијална и социопатска сестра? Come on! That’s just lazy screenwriting.

    Последнава епизода од Шерлок се претвора во Saw, а крајната цел на „играта“ е емоционално себеспознавање на Еурос. Really? Очигледно да.

    Сезонава завршува како да е крај на серијата – што е претпоставувам, океј. Иако, има муабети од глумците и продуцентите дека можеби, сепак, овој крај не е дефинитивен. Останува да видиме – за неколку години, најверојатно. :D
     
    На Tiki-lolipop, kravce, RainBow и 3 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    20.199
    Допаѓања:
    56.973
    Пол:
    Женски
    И мене првата епизода ми беше така-така, ама следните две ми беа интересни. Не се на нивото на првите две сезони, како овие сега двајцава да се холивудски ѕвезди, па сега и серијава ја направиле повеќе во тој фазон, упростена и што знам, разлигавена?
    Читав коментари за дупки во приказната, ама имаше и некои што не ни виделе некој дел од епизодата, а коментираат како можело така. На пример како сестрава успеала се да изведе. Па како испадна сестра, нели брат беше, мислам...
    Одлична изведба на актерката на сестрата, ми се вклопи супер со другите.
    А за тоа што Вотсон го обвини Шерлок за смртта на Мери мене ми беше тоа некако многу човечка реакција, се случи нешто ужасно и бараме некој да обвиниме, зашто едноставно така е полесно. А Вотсон е човекот во серијата, за да дојде до израз нечовечката страна на Шерлок.

    Не ми се допадна во втората епизода како го фатија убиецот. Со снимање на разговорот. Сериозно? Тоа е толку од минатиот век работа. А ова убиецов нели интелигентен беше, сигурно ќе знаеше дека нема да биде admissible доказот, туку одма се излаја. Да, му олесни што си призна, ама не ми се верува дека сакаше да биде фатен. За ваква серија ова ми беше голем пропуст некако.

    За делот со Моријарти ми беше ставено колку да го има човекот. И без него сестрава истото можеше да го направи, го ставиле како џокер. Како очаен потег ми делуваше.
    И целава ситуација со сестрава излезе од нигде никаде. Холивудскиот крај ми беше нетипичен за серијава, па и да не ја снимаат понатаму не мораа баш така да го направат.
    Ама ајде, ме држеше на "работ од седиштето", па ќе останам на тоа дека беа занимливи епизодите за гледање.
     
    На theowndemon, Marossa, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    26.852
    Пол:
    Женски
    Океј, сите што ги шипате (за жал, немам друг израз) Ајрин и Шерлок, (wtf)? Немам појма како е во книгите и сето тоа, верувам дека Ајрин е само стереотипна женска фигура, ама сепак не ми одат заедно никако.
    Јас црвсто стојам зад тамбрл-фандомот дека Шерлок е геј, а Вотсон би, друго објаснување нема за хемијата што ја имаат и за сексуалната тензија. :D Мислам дека поврзаноста што ја имаат овие двајца едноставно жално е да се објасни со bromance, no homo итн. Зарем стварно би ја фрлиле во вода врската што ја имаат за една Мери? :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    И овие две што беа епик и ќе вреснев за малку:
    [​IMG]
    [​IMG]
    :wasntme: :inlove:
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.007
    Допаѓања:
    162.960
    Пол:
    Женски
    Лелке, не читам спојлери ама да те прашам само, Ајрин ќе ја има и понатаму во наредните епизоди? :o^_^ Јас сум до A Scandal in Belgravia, епизодата кога се појавува и баш прејак лик ми стана одма Ајрин, а и епизодава скроз е предобра:lol:

    Иначе Шерлок си го гледам на Телма (моментално ја даваат, алал да им е за серииве ^_^), и тоа првпат јас си ја гледам, на тв онака олд скул :D Ама кога ќе ја изгледам другава серија ќе си го пуштам вака асално на пц најверојатно :D
    Дефинитивно Шерлок е најинтелигентниот fictional character во серии што ги имам гледано досега, а и Камбербач е брилијантен, неверојатно го доловува. Ладен, самосвесен, а толку епик :D А и пресмешен на моменти, посебно оваа епизода ми беше досега највеќе со прејаки моменти :D

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На theowndemon, Lella, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.509
    Допаѓања:
    133.066
    Пол:
    Женски
    Серијава ја изгледав неодамна. Првите две сезони ги проголтав, ми беа доста интересни. На третата веќе ми здосади, но со туркање ја изгледав. Направив пауза пред да ја гледам четвртата сезона зошто едноставно нешто ме одбиваше од серијата, за на крај да испадни дека е најубава сезона која ја имам гледано, па се чувствувам малку глупаво зошто не ја изгледав кога ги гледав останатите. Не знам дали четвртата сезона е последна, ама добивам "вајбс" за можна следна сезона. Во најмала рака, доколку сакаат да направат уште една, патот е отворен и има можност да се изведи тоа.
    Шерлок како лик ми се допаѓа, Ватсон голем % од времето ми делува како да е збунет. Поточно, сите поголем дел од времето ми изгледаат збунети. Сфаќам паметен, знај, проценува ама никој бар еднаш да не претпостави точно? Мајкрофт ми е антипатичен, а и паралелно смешен. Типична дадилка, само во поинакви услови. Не се сеќавам дали сам си ја прифати улогата на дадилка или родителите имаат мешано прсти во тоа. Најмногу ми се допадна сестра им од нив тројцата. Не беше стабилна, но покрај се можеше да се забележи таа одредена врска која ја имаа со Шерлок, и тоа ми се допадна.
     
    На Annath, Someonespecial, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.007
    Допаѓања:
    162.960
    Пол:
    Женски
    Ми текна дека зборевме деновиве со @Lella за Шерлок, а откако ги изгледав до крај четирите сезони немам пишано тука, па да пишам резиме плус по некој гиф :lol:

    [​IMG]

    Дефинитивно се заразив со серијава и со ликот на Шерлок, баш high functioning sociopath на страната на доброто, со неверојатна интелигенција и толку симпатично и на моменти хумористично самобендисан и ладнокрвен :D
    Ама сите ликови се прејако изградени, дури и најсуровите негативци. Мориарти ми е генијален, глумецот неверојатен е во таа улога :D
    Исто и Еурус во последната епизода, во многу крипи правец ѝ беше таа интелигенција и ептен опасна беше, но на крај остава простор и за емпатија за нејзината состојба.

    Мене втората сезона ми беше врв, од целата таа напнатост, страст и малце хумор во A Scandal in Belgravia до cliffhanger-от во The Reichenbach Fall, не за џабе се најдобро рангирани на имдб тие две епизоди :D
    Се согласувам со Димн дека после тоа иде во благ пад серијата, ама 4тата сезона не ме разочара. Christmas special изданието во Викторијанска Англија ептен ми направи ќеф, а понатаму епизодите ми се океј, посебно финалето беше на ниво.

    Што се однесува до shipping стварите, кога го прочитав она на Лелка ,,тие што ги шипате Шерлок и Ајрин, втф“ не знаев дека баш стварно толку ќе ми се допаѓа идејата за нив двајца :lol: Знам дека има многу докази и логика за чувствата меѓу него и Џон, дека Џон му е најблизок и толку важен цело време, а и драг и супер лик ми е Џон... ама ете, посебно место ми имаат Adlock и таа само една епизода со нив двајца плус флешбековите, against all odds :D
    Втората сцена со пасвордот 146852 пати ја имам гледано :$
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG]
    Јас сепак мислам дека сценаристиве нема да го стават Шерлок во очигледна романтична врска, туку ќе остават на имагинацијата на фановите. Впрочем затоа е и толку добра серијава, заради мистеријата – и мозгањето што го нуди секоја епизода, па и ова :lol:
    И да, најјак fandom има серијава дефинитивно :D
     
    На theowndemon, Annath, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.