Не сретнав ваква тема, ако се повторува-канта. Во оваа серија се зборува за еден тип Бади и неговото семејство,кои имаат семејна слаткарница и изработуваат колачи,торти и многу други работи. Ја следите ли вие?И како ви се допаѓа? Јас постојано ја следам и многу ми е интересна. http://www.youtube.com/watch?v=s_opWrHGlPk
оваа емисија ја гледав многу одамна и многу ми беше интересна, сакав да бидам како Бади.. да знам да правам секакви торти.. особено нивната декорација.. Темава е супер мора да признаам..
Имам гледано неколку епизоди, човекот искрено ми е ок, малку напнат кога зборува, некако гласот ми е иритирачки, па неретко го гледам на mute. Тортите што ги прави се за пофалба, посебно предизвиците во поглед на формата и големината. Сепак, имам чувство дека не може да се фатат на мало прсте на наши торти, во поглед на вкус, ете не знам зошто така мислам, ама имаат многу тесто, и еден фил, многу фондан, ми делуваат на пластични малку, на вкус (ко мислиш сум изела 20, па тука кажувам мислење). Фамилијата му е чукната, алал да му е како ги издржува. Секоја чест за инвентивноста и декорацијата.
За изгледот на тортите немам зборови.. :up: Ама вкусот мислам дека е .Гледам дека користи готов фил од чоколада или ванила.Каква е таа торта кога јадејќи не наидеш на крцкаво оревче,или сецкано лешниче....или да го осознаеш слаткиот вкус на мелениот бадем во филот...или барем да налеташ на парченце чоколада...
За вкусот потполно се сложувам но америте се неучени на такви торти. Кај мене кога ќе дојдат од америка гости и ќе им направам торта по нашки не можат да се изнајадат. Таму само кремови и кремови.
Ја даваат некаде серијава на ТВ или од интернет си ја гледате? Не сум слушнала за овој кејк бос баш ќе погледнам сеа некоја епизода да видам за што се работи, зошто нали, и јас сум по тортите
Лани ја гледав емисијава, интересна е, сега немам загледано нови епизоди, ама ми се допаѓа, целата негова фамилија е откачена Интерени и убави торти прави.Подобра ми е оваа емисија и една друга емисија со тетовирање, за разлика од останатите.
И јас се си мислам-ок убави се,но дали се вкусни? И мене лично не ми се допаѓа тоа толку пипање/обликување со раце.. знам,нема друг начин ама сепак ..
Јас поубави невестински торти немам видено! Секогаш кога ќе начекам шанса гледам,а тоа е претежно кога одам во Бг.Дома немам ТЛЦ
Јас редовно емисиите со Buddy Valastro си ги гледам на TLC. На TLC со него ги има: Cake Boss - правење на разновидни торти Kitchen boss - он готви разни италијански јадења (предјадење, јадење и десерт) Next great baker - натпревар помеѓу готвачи во правење на десерти (колачи и торти) Мене ептен ми се допаѓаат сите три емисии.
Ооо, човечево е машинче. Значи како ги прави тортите алал да му е. Сигурна сум дека и вкусот е исто така извонреден како надворешниот изглед на тортите
Човеков е неверојатен !! Го следам редовно и му се чудам какви се торти прави , а и колкаво трпение има за да ги направи тие торти а плус и откачено семејство има
Секоја чест за човеков и неговиот тим. Навистина кога ќе направат нешто и направено е. Да ти е жал да ја пресечеш тортата бе. Неговите не е торти- ремек дела е. Капа му симнувам.
Ах Бади, лав ов мај лајф Моја најголема желба е да работам кај него, ама малку утре тоа. Ги обожавам сите, цела фамилија, еден период не ми се свиѓаше жена му, малку како напната ми беше а одсекогаш не сум ја сакала сестра му Мери, многу ми е идиотка Антонио ми е царче, стално влегува во фрки, оној дебелиот не ми текнува како се вика, маж на едната сестра ми е најсрцка Летоска си ги изгледав на ЈТ сите емисии, и си проверувам постојано дали има нови