@TheSecret vo gtc imase okolu 65 kilo, majka mi vo blizina raboti i nonstop proveruva i skoro sekogas gajbite se prazni veke podolgo vreme stoi prazna i gajbata za kruski... @joy1 pojma nemam za ova mene mi gi preporaca drugarka koja raboti vo apteka deka se megu najdobrite ke procepkam niz internet da vidam bas..
Во однос на кашичките овошни кои во тегле стојат на рафт, па нели и нашите баби прават зимници, слатко и компот па во тегли стојат и по година/две и се убави кога ги отвараме!? исто и бебешкиве, сомелено овошје, затворено во тегле и термички заштитено, капакот дихтова и не оксидира за да се расипи. Кога се породив со првото дете, актуелна вест беше ешерихијата во овошјето и зеленчукот, јас како доилка со страв јадев, а за бебето решив и практикував само готови кашички до година и кусур. Второво и третово ги хранам со домашно подготвени а овие готовите се добри кога морам да ги нахранам надвор, а на најмалово често му купувам каши од круша праска или слива, зимава ги нема свежи секако. А чоколиното повремено го јадат тројцата, а да бидам искрена, и јас
Epa majki kade ima organski prizvodi vo skopjevo nenozam da najdam? Znam edno vreme vo citi mol imase nekakov bazar imase tezgi na biokut mislam sega baram vo biokult nema.
Зошто??? Јас и давам на малата од него,скоро па секој ден Ние сме 10 + и сеуште немам дадено производ кој содржи чоколадо Нити моите ми давале мене Чоколино ни Медолино Шеќер еден тон во него И после ке видиш кај дете од 2-3 годинки израсипани запчиња,прекумерна тежина Покасно се јавуваат последиците
Ajde kasickive ok, edna poznanicka na bebeto okolu 7-8 m neznam tocno mu davase kupecki cokoladen puding mesto kasicka i toa za rucek. Koga vidov podzinata ostanav.
Mari imase nekoja statija na srpski sajd deka imalo Arsen poveke od dozvolena kolicina, pa zatoa go povlekuvaat.
@Mari* сега најновите испитувања за оризот низ цел свет е дека содржи поголемо количество на арсен поради зголеменото загадување. И во некои паковања на хип ориз во Хрватска мислам беше, била пронајдена недозволена количина на арсен. Инаку јас ко беше помал еднаш зедов, ама толку ми беше чуден вкусот и го фрлив, далеку повкусни се јадењата со обичен ориз.
И јас прогуглав и истото го прочитав и на германските сајтови. Три фирми беа со вредности повисоки од дозволените а меѓу нив и на хип. Ова од њдна официјална лабораторија испитување. Па хип се жалеле, дале примероци во некоја независна... и вредностите испаднале на граница, ама дозволени.
За првото дете давав и домашни кашички и купени, сега кога ке дојде ден за дохрана се мислам што е исправно? И од пазар незнам како е одгледано овошјето и зеленчукот а сепак овие готовите се испитуваат пред да се пуштат во продажба . Искрено јас толкава магарица и сеуште јадам чоколино )
Еден чоколино оброк содржи исто толку шеќер колку една ноќна хип кашичка...само количински излегува малку повеќе од 200 мл..Баш сум проверувала за да видам која опција ми е поприфатлива. Ако бирам помеѓу ноќна хип и чоколино...попрво чоколино би дала. А не верувам дека има мајка која е во можност 100 % детето здраво да го храни...мора некој баланс да се прави. А како што пиша некоја форумџика погоре да не барам која беше кога детето се ти одбива да јаде, ќе бидеш среќна и било што да внесе во уста од очај. Децата имаат периоди...некогаш здраво ќе јадат, некогаш не здраво. Друго ако сакаме децата да ни се хранат здраво, цела фамилија треба да премине кон здрава исхрана. Ако ние внесуваме нешто не здраво, нормално и тоа ќе побара да касне...освен ако не се криеме, па откако ќе заспијат седнеме и се колкаме ние со нездрави работи (ни така не ја бива). Јас сум јадела чоколино и сум немала проблем со забите...зависи и од коската на забот што се вика...не е кај сите иста...памтам дека кога почнаа трајни кецови да ми растат, млечните не ми се ни нишаа,а одоздола другите ми растеа и мораше така здрави да ми ги разнишаат и извадат....и битно давајте разредени сокови пола-пола,мислам повеќе од соковите се расипуваат забите .
Јас овие кашички за син ми.иѓав купено само 1-2 пати,и да ви кажам право не ги сакаше.а.и мене не ми беа убави,за разлика од тие на хип што се,овие лино како грутчиња да имаат незнам само хип му купував и домашни правев.
А само за мали бебиња е чоколино? Пошто јас на 23 уште јадам чоколино Јас разбирам дека има мајки на 23 ама јас сум изгледа уште себична за да делам чоколино со бебиња Мајка ми свикна дека ништо не може да ме израдува повеќе од кутија лешник-чоколино. А снегулките-мечиња, омилени за благи грицки. Знам, недорасната, ненаранета
Sin mi (2.5 god) imase nagon na povrakanje od instant kasi,do sega nema probano. Maz mi(31) bogami so golema slast gi jade,za uzinki ili ako ne veceral pa kasno vo nokjta si prigotvuva.
Срам не срам да си кажам. Кога пијам млеко си го пијам со Чоколино. (Не кажувам колку години имам и не ми треба награда. Дајте на деца нека се радуваат.) Едит: сега читам ова не било многу здраво.
Цело време ве читам и пратам. Кажувате дека прашаците имаат шеќер и се лоши за забите. Па ми текна на внука ми што искрено порасна со тие прашаци што ги викате поточно чоколино, карамелино, фрутолино и со лешник исто. Ке полни шест години и не излага за во градинка без да доручкува чоколино вечера е исто нешто од лино, а забите и се бели како снег и нема ни еден расипан заб. Што значи не е причина за расипани заби. Исто и јас сум порасната со чоколина бидејки сум била терсена со храната па да чукнам во дрво непамтам на лекар да сум била нешто да ми фали одлична бременост без компликации и да не се споредувам со врсници мој што нивните родители премногу внимавале што им дават на својте деца што сега не се во добра здраствена состојба.
Мајда, внука ти е репер? Еден пример од колку други за кои докторите рекле дека не треба шекери да се дава на бебе? Јас на моето бебе не му давам шекер, јаде овошје. Кој мисли дека е во ред, може и шербетче да вари и да дава.
Јас само дадов споредба, а мајка и си знае што е паметно за неа. Како што и ние сите мајки си знаеме најдобро за нашите најмили. Чисто онака сакав да кажам во врска со запчињата.
Немојте да велите - Ништо не ми е, последиците од нездравата исхрана кога тогаш ќе не стигнат сите. Животниот век драстично се намали токму поради нездравата исхрана. Кога веќе сте решиле да не внимавате што јадете (тука се ставам и себеси во истиот кош, бидејќи и јас не се хранам баш најздраво), барем немојте децата кои уште не разбираат да ги труете со процесирана храна. Избегнувајте ја индустриски преработената храна во нивната исхрана, зашто не знаете што се се крие позади една декларација!