Ај шеќерот еве ќе го избегнеме, ама ај да ги избегнеме загадените воздух, вода, почва. Се да е органско? А во каква средина е одгледувано? На која почва расти? Со каква вода се полева? Со овие работи шо да правиме?
Тоа што неможеш да избегнеш неможеш.Тоа што можеш зошто да не го избегнеш? Чекај внука ти да порасне па кажувај потоа пример дали забите и останале здрави и сите на број.
Амa се фaтивте зa шеќерoт кaкo небaре килo шеќер имa вo еден oбрoк. А и ствaрнo чoкoлaди, лижaвчињa, еурoкрем, киндер јaјцa...се е тoa без шеќер.
Некако ми е ко од сите страни со лавови да си опколен, од една само глушец да има, и ти баш од таа страна најзагрозен да се осеќаш. Јас у 26 години 2 пати имам заб направено, од коа знам за себе се давам у шеќер. Сите ми се на број освен осмиците кои ги немам пошто немаше место кај да никнат. Сестра ми месечно пола коцка чоколадо јади, пола заби ги нема, со вештачки и се заменети.
Е па ајде сега затоа што не можеме да влијаеме на одредени работи да кренеме раце од се. Абре луѓе за сопствени деца се работи, од двете зла треба помалото да го избереме. Додека одлучуваме во нивно име барем да гледаме тоа да е исправно.
Можеби си во право но дали би можела цел живот да влиаеш на своето дете да не јаде шеќери....поточно да им забрануваме.... Па толку сега строго шеќери ако има нема давање али до кога би им забранувале до 3 години после дете знае и разбира што сака ретки се тие деца што се хранат здраво поточно дали и ги има, а има и такви што ке надохнадат што се лишени од шеќери двојно ке внесат.
Штом сте си убедени дека шекерот е ок и за деца и за возрасни јадете си де.Ама не ги убедувајте другите во тоа дека е ок храна за деца во развој..као ете мене ништо не ми е па нема ни тебе да ти биде. Знаете ли кој совет прв го даваат онколозите на пациентите?Белиот шеќер да се исфрли целосно од исхрана затоа што ги храни клетките на канцерот,кандидата и прави ред други ср*ња у организамот. @majdaa керка ми е 8 години и сокови тетрапак не пие,а за чоколадо прашува дали може и колку може.Без да и бранам или казнувам,самата преку моето воспитување и учење сватила што е добро за неа а што не.Кока кола она уште нема пробано.
Нашиве генерации се порасната со шеќер додаден со газираниот сок, да изветрее газираното де... ај сеа за монструми да ги рачунаме мајките наши
Се штo е умеренo, не е штетно. @joy1 ти не им дaвaш блaгo нa децaтa? Пoентaтa ти јa рaбирaм и oк е, нo тoлку јaкa линијa не мoже дa се пoвлече.
Убаво реков, додека одлучуваме во нивно име. Да, не можеш цел живот да им диктираш што ќе јадат, но навиките кои ќе ги стекнат како мали и те како ќе им влијаат во животот. Ако ти го научиш детето да пие вода наместо сокови многу е веројатно тоа никогаш и да не посака да пие сок. Детето во првите години од животот знае за вкусовите кои ти си му ги дал да ги проба. Ако не му дадеш чоколадо, како ќе бара???
Не им давам сама,ако побараат имаат секогаш.Ништо не им е заклучено.Малата грицнува чоколада и плука,едноставно не сака чоколади. Големата е толку марлива за овие раб што неможам да ти опишам.Секогаш после ручек ме прашува може ли благо-може.А колку може да изедам?Значи ненаситно гнетење на чоколади немало никогаш Тетрапак,газирани сокови,и чоколина немаат пробано воопшто.
Ти си потполно во право за шеќерот јас не одрекувам. И искрено сум опкружена со многу деца но сеуште не сум запознала дете што несака газирано благо. Пс. Дедо ми починал од канцер а сиротиот не јадел ни благо ни ништо човек од село се домашно произведено одење во продавница или купено нешто готово незнал што е па ете.
Точно, нашите генерации се едни од најлошо хранетите. Но тогаш сета таа индустриска храна била нова и нашите не биле до толку свесни колку е сето тоа штетно. Сега кога имаме толку информации и кога гледаме кои се последиците зошто да се правиме слепи?
Ете моите газирано немаат пробано,сакаш верувај сакаш не ,твое е .Навиките во глобала се стекнуваат дома и од мали.Точно дека деца ке се мешаат ке пробуваат но ако детето од дома е научено дека паштетата е штетна не верувам дека и во друшто ке посегне.Кај керка ми во клас скоро сите јадат од кујна школска(тост,буреци) она носи од дома.Не оти јас така и наредувам туку оти самата си прави избор,јас само суптилно сугерирам што е ок за неа а што не.
Mi tekna so sekerov da vi kazam. Kolega na mm ima vnuka blisku do nasava, nekoja nedela postara, znaci maksimum 4 meseci ima, pa cesto na mm mu prenesuva iskustva. Se nesto smesno i tragicno slusam Majkata na detevo morase da se vrati na rabota. Pred nekoj den covekov mu kazal na mm deka majkata se molzela, ama mlekoto ne cinelo da stoi pa go frlale, a vo meguvreme mu davale pregoren seker so vodicka Frlaat majcino mleko, a davaat seker i toa pregoren. Pa mi dal sovet na mm taka da pravime, aha, da sigurno. Denes najnovo- za da kaka davajte jabolko od tetrapak sok Sto e najloso se ova mu bilo preporaka od pedijatar Jas iskreno im zaviduvam na opustenosta.
Еднaш ќе излезе oд стaкленoтo звoнo....вo грaдинкa ќе дoнесе некoјa мaјкa чoкoлaтцa дa пoчaсти зa рoденден, ќе дoбие утре пaкетче, ќе види дете вo пaркoт кoе јaде сладолед, ќе му нaпрaвиш тoртa зa рoденден... И ќе пoбaрa.
Ама никој не вика да ги лишуваш сто посто од благо.Зборуваме за граници кои некои деца ги немаат а криви се родителите.Рака на срце сметаш дека чоколино секојдневно е прав избор за дете под година?
Зошто не би верувала секоја чест за керка ти ова е реткост можам да кажам и дека немам сретнато ни слушнато до сега дете така воспитано.
Јас еве ќе го чувам под стаклено ѕвоно додека можам, ке излезе од ѕвоното кога - тогаш, и коа ќе го видам со цигара у рака, јамката треба да си ја стаам.
Имаше од мала здравтствени проб поради кои мораше да се редуцира исхраната и да внимаваме.Она супер ги прифати правилата,беше и остана дисцпилинирана по тоа прашање.