Нема многу шеќер, само пола кутија. 50% од состојките внатре шеќер. Ако ние како возрасни знаеме дека и за нас е лош рафинираниот шеќер, зошто би го дале на бебе под година кое ништо не знае. Не сум и јас за забранување, особено кога се поголеми, ама да се знае ред. Чоколиното и сличните веќе заменуваат оброк. Наместо тоа може дома да се подготват житарици или гриз, со банана, какао, урми како засладувач и слично и да е вкусно и здраво.
Никој не зборува за чување под стаклено ѕвоно, туку за ние како родители да пробаме да им создадеме здрави навики на нашите деца. Нормално надвор дека ќе проба, па ќе побара и самото, ќе дадам не велам не, но сигурно ќе има правила кога и по колку ќе се конзумира благо.
Секoј ден ни грaв не се јаде Рекoв понапред се штo е умеренo, не е штетнo. Мене не ми е нoрмaлнo дa секoј ден менитo нa бебе, пa и дете, пa и вoзрaсен биде истo. Истo тaкa, збoрувaте некoи рaбoти кoи не ми се јaсни. Ќе пoчнaм oд сoкoт. Не пијaт тетрaпaк (зa гaзирaн ич не збoрaм). Oк, убaвo. А мoже ли секoј дa си дoзвoли дa приготвува свежo цеден сoк? Или вo дoмaшниoт сoк и кoмпoт имa пoмaлку шеќер? Мислaм декa имa мaјки кoи ги примoрувaте дa се чувствувaaт винoвни. Мoетo дете, ете гoлемa е, пие нaјчестo чaј. Супер, здрaвo е. Кaкo не. Кoјзнaе кaкви се прaшoци имa вo негo Дa купaм oд пaзaр тревки? Кoјзнaе кaде и кaкo и чувaaт. Не гaд ми е. И aкo aнaлизирaме прoдукт пo прoдукт, нa се ќе нaјдеме мaнa. Зaтoa мислaм декa не е вo ред дa зa чoкoлинo зборуваме кaкo зa oтрoв.
Извини aмa oвa ми е хaрд кoр. Ајде мoжеби дo 4-5 гoд и ќе гo држиш пoд кoнтрoлa, нo пoсле тoa е речиси неверoјaтнo. Не викaм декa не е убaвo. Личнo јaс меѓу вoдa и сoк, бирaм вoдa...a зa oвa кaкo мaлa мнoгу ме кaрaa. СДК се oбидувaле дa ми нaметнaт некoјa нaвикa, нo не успеaле. И oбрaтнo мoже дa биде. Се нaдевaм декa дискусијaвa не јa свaќaте кaкo кoнтрирaње.
Од една страна има многу достапни информации. Од друга има маркетинг машинерија која ги пласира. И обично пласира инфо за храна која е доста поскапа. На секој му е во корист поскапото да го продаде. Само за споредба кафениот шеќер претежно стои на рафтовите за здрава храна, (просек 90ден/кг) белиот шеќер на рафт со основни продукти (30ден/кг) А што е разликата меѓу белиот и кафениот шеќер? Сончогледовото масло во некои земји, кај што поретко го има, е поскапо и важи за поздраво од маслиновото. Кај нас пак обратно. Кое да го користеме?
Ја читам дискусијата интересна и поучна е. Но, овие хард кор од крајност до крајност никако не ми влегуваат во глава. Секогаш одбирам златна средина и во нормала на граница, никогаш ама никогаш нема да му забранам на моето дете да не јаде благо или ете шеќери, ќе јаде посекако но во нормала некоја, златна средина. Сите знаеме што е убаво а што не е убаво за нас, фала богу денес сме напредни па читаме дека уствари ништо не е во ред, се јадеме себе си и на крај ни ние не знаеме што е најпаметно бидејки денес една статија вели вака а утре онака. Тоа сум го забележала на сите сајтови. Ќе се трудам моето дете да конумира здрава храна да, но нема никогаш да му забранам понекогаш да се напие чаша сок или да грицне благо фала богу. Ова некако кога човек од страна го чита дури жално паѓа за муабетитве околу децава дека не смеат ништо од тоа. Крај краева секој за себе нели. Ете дискутираме само и секој си изнесува свој став.
Jas veruvam deka se e do navika. Ke probam da go naucam moeto dete da pie voda i deka tetrapak i gaziranite sokovi se stetni, dali ke uspeam ne znam, no kolku podolgo bez niv tolku podobro. PS: Zosto kontranje? Diskusijava e bas konstruktivna.
Пак ке кажам изборот секој сам си го прави.Дали за вас сум мајка со хард кор граници или не ич не ми е гајле.Јас го правам она што сметам дека е ок за моето дете вие го правите она што го сметате добро за своето.Вина не наметнувам никому,вината самите си ја наметнувате а зошто ете незнам кога имате можност да правите избор? @sanjaeva спомна една мајка поназад дека скоро секој ден е чоколиното на мени Така да ако моето е ван граници за некого и мене ми е ова неразумно бидејки се коси со мојот начин на исхрана дома. Ако веќе бирам тетрапак сок (боја и конзерванси) или никаков сок тогаш бирам никаков сок . Јас не осудувам никого немате право ни вие мене да ме осудувате.Не ни мислев да се развие ваква дискусија овде,напишав мн краток пост за чоколината и ако не се лажам ти прва ме цитираше и така почна се @vitamina не ми ги извртувај зборовите затоа што јас не кажав дека забранувам благо.Читајте како што пишува а не како што ви одговара за да оправдате некои свои постапки.Напишав дека благо имаат секогаш дома ама дека сама не им нудам и туткам и дека и кај двете се има развиено убава навика да знаат дека чоколадата не треба никогаш фаворит да им биде.Сум читачла често на форумот за животинско царство на 6 месеци кога даваат.И после ама детето само бара.Па ке бара кога ти сама форсираш да му даваш уште од бебе
И јас ќе се надоврзам на Мајда. Јас сум човек што јаде премногу благо и ден денес. Ете и јас сум пример за некој што јаде благо а нема проблем со дебелина ниту расипани заби, напротив заби имам одлични. Конкретно не сум јадела лино како дете но затоа чоколади се останато благо.
И јас како тебе.Сучка слаба без расипани заби али затоа јадам од многу мала мноооогу благо.Зависна су м од благо,посебно 100 грамско чоколадо дневно
Охо,па тоа е многу....Има периоди кога и јас ќе изедам едно цело, ама има периоди кога цел месец не сум вкусила чоколадо
Поборник сум за здрава храна,но не сум противник ако дете сака нешто да проба.Во главно,главните оброци се секогаш свежо спремени,со многу зеленчук,месо...Сок дома не конзумираме,пиеме само вода флаширана,која ете во последно се покажа дека и не е толку здрава.Но,тоа не значи дека строго му е забрането на син ми да не смее да види сок,кога сме по родендени пие но пола чаша и толку. Во однос на шеќерите и благото,исто,има своја фиока дома,ама слабо ја посетува,повеќе јас и татко му сме натаму.Но,пак доаѓаме до една теза. Давањето свеж зеленчук и овошје. Да,свежи беа во мое време,од градината на баба ми,кога јадев огромни крушки и јаболки Петровденки,кога самиодевме да ,,крадеме,,домати и лубеници,па сочно на улица ги јадевме.Е сега,драги мои,истите ги има кај татко ми во градина,и пиперки и кромид,моркови,но претходно почвата иструена од милион пестициди(против бубачки,против трева ваква,трева онаква,против влага,против вошка,па после средство за поцрвенување)за да таа овошка и зеленчук биде успешна и прифатена од откупувачот,зашто ако е малечка,со црвчиња,недоволно зацрвенета,нема да им ја земат.Ако не се прскани,самите растенија на денешнава почва нема шанси да успеат.Пробав лично јас,неколку пиперки и краставици не прскани,меѓу прсканите,не успеаа,се исушија.Доаѓам од средина каде 80% производи се нудат на пазарот,и верувајте дека таквите производи се далеку поштетни или исто од она за што вие се расправате овде.
Дојде работата да прашуваш колку пати е прскано, па да земеш од тоа што е помалку прскано. Мм кога купувал на пазар продавачот му рекол ова е прскано толку пати, а ова толку...купи од кое сакаш.
Кој бе многу!!! само дај ваму ако ти е многу . Бога ми и јас секој ден минимум 100 гр чоколада си ја мавам. Апропо муабетов за нездрава храна. Освен чоколадо ( кое не би рекла дека е нездраво, читав дека напротив е корисно) се друго што спаѓа во нездрава храна не јадам, од типот на грицки или сокови газирани или тетрапак нема шанси да конзумирам. Не ми се вкусни. Ни на малава не сум и подала да проба смоки или слично. Ние не купуваме па ни она нема видено сега за сега дека постојат смоки или грицини. Тоа сега за сега, подоцна кога ќе почне во градинка кој знае гарант ќе сака да проба ако ништо друго.
@joy1 ни најмалку не мислев на тебе кога го пишував постот . А ако се сеќавам добро ти самата кажа дека твоите деца сами си го прават изборот што сакаат да јадат а ти ги учиш што е добро а што не. Со твојот пост комплетно се сложувам и си во право. Хард кор за мене се луѓе што бранат апсолутно во се. Значи ниту ронка, ниту залак и се спремни да удрат бидејки детето не послушало. Ги има такви родители. Но ги има родители кои децава им живеат на киндер јајца. И после забите црни. Епа црни. Такви деца за жал многу има. За мене крајностите од овој тип не се во ред. Јас убаво си пишав дека сакам граница. Но крај краева сите знаеме што е добро а што не, не би бранела јас на моето дете, но ќе се трудам да го поучам на најдоброто.
Торти, слатки конзумираш? Сакав да те прашам дали чувствуваш некогаш дека шеќер ти паднал? Оти ако имаш такви епизоди покасно можеш да имаш проблем со шеќер. Веќе кога јадеш цело чоколадо...треба таа енергија некаде активно да се потроши .
Јадам како не. Да селучува да почуствувам како шекерот ми паднал. Што се однесува да проблеми со шекерот до сега не сум имала ако не сум млада, се надевам дека и понатака панкреасот ќе ми работи како треба.