1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеќерот во исхраната и здравјето

Дискусија во 'Диети' започната од Cosmic Girl, 14 јуни 2022.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки!

    За шеќерот што го конзумираме се зборува во многу теми од областа на нутриционизмот и диетите, ама не видов да има посебна тема само за него во која би се зборувало малку подетално и во која би можеле да се споделат сознанијата во врска со него. Ако има нека корегирајте ме.

    Ајде да дискутираме за се што не интересира околу ова прашање.
    Сите се трудат да се хранат здраво, многу од нас се држат до одредени диети, начини на исхрана, некои се на диети без јаглехидрати, други се пак љубители на благото и не се откажуваат од него.

    Колку е доволно, а колку е штетно?
    Има ли разлика меѓу разните видови шеќери?
    Кои се последиците по здравјето од внес на преголема количина шеќер?

    Зборуваме често за останатите штетните влијанија на модерното време во кое живееме по нашето здравје, се бориме против нив, ама шеќерот некако сеуште си турка...
    При производството на храна го додаваат во секој производ, дури и во оние што ги сметаме за солени како готови супи, кечап, рибини стапчиња (панирани смрзнати меса), сосови, конзервирана храна, сувомеснати, јогурт, итн..

    Го додаваат во поголеми количини и во благите јадења.
    Во еден слаткиш освен брашно и шеќер така може да се прочита дека содржи и нешто од следново: карамел, гликозен сируп, пченкарен сируп, фруктоза, малтодекстрин, кокосов шеќер, меласа... еве овде има дури 56 различни состојки кои се конечно за нашето тело - шеќер:

    https://www.cityline.tv/2017/06/14/56-names-sugars-havent-heard/

    Најмногу шеќер за најкратко време внесуваме кога пиеме зашеќерени напитоци. Од кола напитоци, газирани и негазирани, енерџи пијалоци, готови смутиња, ледени кафиња и чаеви.

    Кога ќе собереш се што си изел во еден ден, излегува дека јадеме доста шеќер во денот.

    Препорачана доза шеќер на ден е 9 кафени лажички (36 гр) за мажи и 6 кафени лажички (25 гр.) за жени, според американската здраствена асоцијација:

    https://www.heart.org/en/healthy-living/healthy-eating/eat-smart/sugar/added-sugars

    Не знам колку е просекот кај нас, не најдов податок.
    Во САД во 2009 година, над 50% од жителите јаделе околу 227 грама шеќер на ден. (1/2 pound или 1 pound e 454 gr.)

    https://greenacres.com/sugarits-not-nearly-sweet-think/#:~:text=In 1800, the average person,pounds of sugar per year!

    Ако се споредат податоците од линков за 1900 год. и 2009 год. ќе се забележи дека американците за еден век ја дуплирале количината шеќер што ја јадат во просек во една година.

    Се обидував да најдам статистички податоци за тоа колку во Македонија во просек се конзумирало шеќер низ годините наназад. Конкретно сакав да видам за периодот после втората светска војна, па до денес. Не најдов такви информации на интернет. Не знам дали е причината тоа што не се прават вакви анализи или се прават ама не се достапни за јавноста.
    Лично мислам дека почетокот на 90-те кај нас има пораст, со отварањето на пазарот кон светот а сега веројатно е и полоша состојбата.

    Шеќерот е адиктивен, се навикнуваш на него со тек на време а последиците по здравјето се многу.
    Не само што се здебелуваме, туку и се разболуваме: од дијабет, заболувања на црн дроб, заболувања на дигестивен тракт, кожни проблеми, проблеми со циркулација, воспалителни процеси, болки во зглобови..

    Згора на се имам впечаток дека не се прави доволно за да се намали конзумирањето на шеќер. На цигарите им направија да е задолжително на опаковката да пишува дека се штетни по здравјето, за да асоцираат негативни нешта а не позитивни. Така и на тв веќе не се ни рекламираат.

    Ама на слаткишите амбалажите се поуспешно симулираат бои на зрели плодови од природата, стојат зборови како „без шеќер“ на производи кои имаат шеќер само во друга форма (најчесто некоја уште поштетна замена за шеќерот), или зборови како здрави, нутри и сл. Секоја втора реклама е некое чоколадо, некој сок и се асоцирани со секс, страст, уживање или забава.
    На каса во маркет си заобиколен со слаткиши, во случај ако не си купил низ другите делови од маркетот (а си купил и без да знаеш), тука да не заборавиш да купиш некое.

    Јер недај Боже да излезеш без слаткиш од продавница!

    Ниско долу е се тоа наредено нормално, да е на висина на детските очи.

    И конечно одам и малку понатака со темава:

    Се прашувам дали некому одговара овој систем? Дали е поефтино да се спречи или да се лечи?

    Или се продава едноставно она што се бара и што сите го конзумираат?

    Дали ние како крајни потрошувачи и конзументи имаме моќ да го диктираме она што се нуди на пазарот преку изборот што го правиме?
     
    На Lavender4, Maca Macka, Pea и 5 други им се допаѓа ова.
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Убаво срочила жената во 15 минути. Иако има и уште многу што да се каже околку тоа што се случува кога јадеме премногу шеќер.

    Трите чекори што ги посочи на крај на презентацијата ги практикувам вториот (кога ти се јаде слатко напиј се вода и ќе ти помине ова е мнооогу точно) и третиот (замена на нездрави со поздрави продукти со помалку шеќер).

    За првиот чекор само не го следам, односно не јадам чисти протеини за појадок. Тешко ми е да го правам тоа.
    Јајца не јадам заради интолерантност, сувомеснато не доаѓа во предвид, путер од кикирики не јадам и други намази од продавница зашто имаат скриени шеќери, конзерванси, палмини масти доста се калорични и сл. Може понекогаш ете хумус домашен, ама мораш на леб тој не е за на овошје...и ми остануваат малку опции. Овошје или обично одам на к.млеко со житарки и јаткасти плодови.
     
    На cresa-jagoda, Pea и cooll им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Целосно елиминирање на шеќерот и било какво брашно!!
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Што е ова, некој штрајк, протест? Кои ви се барањата? :wasntme:

    Шеќерот е потребен исто како и останатите макронутриенти. Само нормално треба да се одберат квалитетни извори и да се внимава на количината.
     
    На СуперДевојка, Bezimenka90, Waverly Raven и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Тие извори можат да се заменат со друга храна, шеќерот е најштетната храна со лебот!
     
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Телото не распознава дали шеќерот сте го внеле од бел шеќер, кафеав шеќер, мед, лубеница, круша, јаворов сируп или не знам што.

    За телото шеќерот е шеќер, и го обработува на ист начин без разлика како и од каде доаѓа.

    Нема да ослабе некој ако доручкува 500 калории од јајца и сланина ама битно демек не изел чоколадни мусли шо имаат 300 калории.
    Или некој нема да јаде два реда чоколадо оти ќе се здебели, а јаде една рака индиски ореви и се чуди зашо не слабее оти оревите се здрава храна.

    Здебелува вишокот на калории без разлика од кои нутриенти е добиен. И тогаш доаѓаат и хроничните болести.

    Како што некој ќе се здебели од премногу слаткиши, исто ќе се здебели и од премногу компир или од премногу павлака или што и да е, ако е премногу.

    Сѐ што е премногу - е штетно. Без разлика дали се масти, јаглехидрати и тн.
     
    На СуперДевојка, Bezimenka90, raww и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Ние мислам дека внесуваме шеќер повеќе од било која генерација пред нас. Невозможно е да се конзумира умерено бидејќи додаден шеќер постои во буквално сѐ, како да е поентата да внесуваме колку што може повеќе. :// Не е само штетата во дебелеењето, побитно е што предизвикува зависност.
     
    На Annath, Lavender4, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.396
    Битно е да се има самоконтрола и здрава врска со храната.
    Мене еден период ми беше ептен страв од шеќер, бел леб, масти и ред други работи кои се комерцијализираат како лоши. И можно е да се лоши, не викам не, ама некогаш сакајќи да си го доведеш физичкото здравје во ред, може да си го нарушиш менталното.
    25 грама се ко две банани и тоа е ептен депресивно.
    Ко, ако испијам една чаша сок и ми се пие уште една, сигурно нема да си речам, омг премногу шеќер е тоа за денес, ко што правев пред неколку години.
    Ама на крајот од денот треба и да се биде свесен дека junk food не треба секогаш да ни биде прв избор кога сме гладни.
     
    На Bezimenka90, Annath, Ajronmen и 6 други им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Па јас реков здрави извори. Овошје, зеленчук, мешунки, житарки. Во скоро сè има шеќер.

    Мене ми се дешава пар денови по ред да не пробам слаткиш, не дека си забранувам, не сум секогаш расположена за благо. Ама има денови и после појадок и после ручек и после вечера ќе си јадам, така стрвост ме фаќа.
    Конечно и јас ја надминав таа фаза со години што се потресував околу повремени и умерени слатки, грицки, брзс храна, итн.
     
    Последна измена: 15 јуни 2022
    На Bezimenka90, Ketchup, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла ни овошје, освен лимон, авокадо и сл.
    Шеќерот е толку штетен колку што е вкусен за јадење, исто и лебот (секој леб е мешавина од јаглехидрати и шеќер), сите болести идат од нив..
    Има друга храна што можат сите витамини и минерали да се надополнат
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Буквално глупости зборуваш, не е вистина ништо од тоа.
     
    На Bezimenka90, Ketchup, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Зошто еве кажи просветлиме
    Значи откако сум на кето мене ми се исчисти лицето, немам себореја, немам првут, не викам не дека има непријатности додека се влезе во кетоза ама све се издржува за здравје,
    Кога ги откажува цигарите телото ми бараше нон стоп шеќер и се здебелив 10 + , знам дека мозокот функционира добро со шеќерот но не и телото со шеќерот
     
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    На телото му е потребно енергија, а таа енергија се обезбедува преку внесот на јаглехидрати. Се што се внесува премногу е штетно. Не е здраво ни доколку внесувате само масти, ни доколку внесувате само протеини.
     
    На Bezimenka90, Ketchup, joy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    598
    Пол:
    Женски
    Mногу си грешка ,баш е важно од какви калории е шекерот и се друго.Не е само до калориите и ослабување туки и до здравата храна што е важна за вкупното здравје,бидејки се мери холестерол ,триглицердиди и др.Ова само како пример прво што ми текна на ум.
     
    На cinnamonn и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Замисли да даваш совет дека овошјето е штетно.
     
    На Bezimenka90, Ketchup, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    И јас не се баш согласувам со мислењево, не е толку едноставно како калории ин и калории аут.

    Кај жените се многу битни хормоните и кога хормоните се во баланс, лесно се оддржува и тежината, а хормоните се во баланс кога и исхраната ни е таква, а за жените тоа подразбира доволен внес на здрави масти и секако сите други нутриенти.

    Да беше толку едноставно немаше да имаме жени кои се мачат кг да симнат со 1300 калории дневно. Дневни макронутриенти > дневен број на калории.

    Ама шеќерот не е најголемиот непријател, умерено се е океј.
     
    На do-re-mi, Annath, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Во ред. Има луѓе што се на кето. Не јадат ниту овошје. Се колнат дека им е подобро и забележуваат дека им се подобруваат здравствените проблеми. Не би сакала да се напаѓаат било кој, зашто секој е различен. Можеби некому баш таква дитеа му треба. Можеби така слабеат и на тој начин му олеснуваат на телото кое подолго страдало од гојазноста.

    Не сум сигурна колку е тоа одржливо. Дали тоа би било без последици ако се прифати како редовен начин на исхрана.
    За жал има неколку примери од мојата средина кои си направија здраствени проблеми после неколку месеци јадење кето и се откажаа. Од типот на воспалителни процеси во цревата, влошени хемороиди, гастритис. Можеби не било за нив, не знам. Не може да правиме генерализација.

    Моето искуство со кето не беше добро затоа што баш тие параметри на крвта што сакав да ги подобрам уствари ми беа влошени. Истото ми се случи и кога се ставив на две неделен пост и не јадев ништо од животинско потекло и уствари бев на некоја веганска исхрана, со јх. Освен лошата крвна слика имав и пад на имунитетот односно се разболував и во двата случаи. После тие диети ми требаа месеци да се опоравам.
    Од тогаш сум за урамнотежена исхрана и неисклучување на ниту една група хранливи состојки. Во комбинација со движење, вежби и сл.
    Нутриционистите велат дека овошјето освен шеќер има ензими. А некои од нив неможете да ги добиете од друга храна освен од свежото овошје и зеленчук. Да, фруктоза за телото е шеќер како и другите но барем е природен шеќер, и е во помала количина. На пример, во едно јаболко има многу помалку шеќер отколку во едно чоколадо или парче торта. А има и витамини, минерали, ензими и растителни влакна. Слаткишите немаат ништо од тоа.
    Нема да заборавам како во Силуете на времето (во 90-тр) случајно преслушнав какво мени им даваа на клиентките: цел еден ден само банани, па цел еден ден само јајца :^):o. Па еден ден т.з. детокс само чај и вода:^)
    Нормално дека не е во ред. Никој не ви вели дека е во ред да јадете две кила овошје. Зборуваме да се замени процесираниот, кондиторски производ со природен плод.
     
    На Annath, Demi_ и ToksycznaReakcja им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Битно е за здравје, за слабеење не. Можеш да ослабеш и само со јадење торта. Можеш да се здебелиш и со јадење јатки и цели зрна. Се подразбира, втората опција е поздрава. Теоретски чисто ако е за слабеење без гледање на здравствениот аспект не е до толку битно од каде потекнуваат калориите.
    Не е само до нив, кето на долг рок е штетно и може и ептен лошо да заврши, од едноставна причина што не е природен начин на исхрана. На телото најпрво му требаат јх.
     
    На СуперДевојка, Bezimenka90, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Да можеш да ослабиш ако јадеш еднолична храна и само благи, ама цената за тоа е преголема. Нема витамини минерали и р. влакна а најстрашно е што нема ензими кои и требаат на клетката за да биде здрава и да функционира нормално.
    Имаше некое видео во кое тоа се објаснува убаво, ако го најдам ќе го споделам. Се прави хаос на ниво на хормони, хиперстимулација на одредени хормони во телото...