Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеќерот во исхраната и здравјето

Дискусија во 'Диети' започната од Cosmic Girl, 14 јуни 2022.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Си можела да јадеш голема количина благо затоа што исто како за се што е адиктивно, организмот кога ќе се навикне бара повеќе. Она што било многу благо, сега го доживуваш како умерено благо, или она што било малку, сега не е доволно...Сетилото за вкус како да затупува.

    Мене чоколадата ми е единствен порок.
    Сега дури сум дојдена до фаза да можам цел ден или неколку дена без чоколада. Инаку првите неколку дена, до недела имав страшен craving за чоколада. Многу бев нервозна.
    Фала Богу, убав е периодов, има избор на свежи овошја за замена. Едно јаболко, грст јагоди или цреши или две кајсии, некогаш се сосема доволно.

    Две недели ми е негде пресокот за да ми се врати во нормала сетилото за вкус. Ако издржам толку без шеќер, после тоа како веќе да ми е сменет вкусот, како да можам да проценам подобро дали е нештото преслатко или умерено слатко. Дури почнувам да осеќам други вкусови, покрај благото. Истото ова ми се има случено за солта кога ја редуцирав пред години, почнав да осеќам каков вкус имала салатата, зеленчукот и сл. Само на сол не кратам веќе екстремно како тогаш, заради јодот.. ама тоа е друга приказна.
     
    На MeowMeow, Lima24 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.989
    Допаѓања:
    179.942
    Да ти одговорам на последниот дел- секако дека некому одговара. На цела индустрија на конзумеризмот. Замисли на шо би личело тоа, ко пред 70 години, да се јаде она шо пораснало/ се родило по дома, месо, зеленчук, сирење. Никакви пари за прехранбената индустрија, за фармацијата, просто катастрофа. Кој има ќар од здрави луѓе, независни од ништо, како би извлекол екстра пари од нив?
    Моќ да го диктираме пазарот?:?: Веројатно никаква. Моќ да направиме добар избор за себе-можеби некаква. Реално не сум некој репер, претпоставувам во кашкавалот и маслинките нема скриен шеќер, па не знам што е криза за благо. Е без сол немам живот, ама тоа е друга тема:D.
    Велам погоре, можеби некаква моќ за избор имаме, оти гледам зависи од прехранбените навики од дете. Другарка на ќерка ми, мислам 5 слатки оброци и ужинки во денот, би и биле малку. И баш зависнички запнува за уште и уште. На моево никогаш не му текнува од чиста мира да побара слатко, пре би се фрлила на маслинки и солени бадеми. А не е прашање на достапност, оти кај мене единствено се фрлаат со поминат рок, наполитанки.

    ... Бонус алтернатива-суво овошје:inlove:
     
    На MeowMeow, Annath и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Не ми замерај ама доста имам читано за ова и сум информирана, ама не сум убедена. Автофагија е процес кој се случува редовно во телото. И не знам дали интермитент фастинг не е само фенси термин за обично изгладнување. Лично не верувам во диети со изгладнување, макар да е и на 20 или 24 часа. Еден ден без храна никому ништо, во ситуации некои вонредни, ќе преживее човек, нема да има последици. Сосема друго ми е нејадење 2 часа пред спиење, за да не ти смета полниот желудник, да не ти прави лошо варење, кила и сл.. Така ако собереш сосе спиењето еве нека е мин. 5-6 ч. имаш некои 7-8 часа нејадење. Ако не доручкуваш одма штом отвориш очи ете ти уште некој саат плус. И тоа го нарекуваат интермитент фастинг ти дава чувство дека нешто правиш во однос на исхраната ама не правиш. Само си го следиш природниот дневен циклус на кој е навикнато телото. Ама ајде, како сакаат нека го наречат, што сакаат нека речат дека е причината, иако не се согласувам со неа и со објаснувањето, сепак го прифаќам како ок и со тоа немам проблем..

    Ама нејадење 20+ часа и после во 4 часа да внесам повеќе од еден оброк, ми личи на мазохизам. А како стил на исхрана што треба цел живот да го практикуваш или ќе слабееш зашто се прегладнуваш (ќе мора телото да троши резерви за да има енергија) ама со такво слабеење воедно ќе го лишиш и од витамини и се др. што му треба, ќе му го пореметиш ритамот на работа на телото и ќе добиеш гастритиси од долгите периоди на нејадење или ќе се здебелиш. А има истражувања кои велат дека води до здебелување, зошто телото функционира на принцип на балансирање и прилагодување. Ако се навикне дека да се јаде повремено, односно дека има период на екстремно гладување и потоа следува период на обилно јадење (а јадење 2-3 оброка во картко време е обилно), си прави навика она што го јаде да го стави во залиха, во сало, за да има резерва за периодот кога ќе гладува.

    Јас вака еднаш пробав и триглицеридите ми се качија во плафон. Ми објаснија биохемичари дека тоа е затоа што кога се изгладнуваш телото од масните депоа испушта триглицериди во крвта за да може да функционира и за да буквално не колабираш. Триглицеридите ако останат во крвта и не се метаболизираат во холестерол или ако не се потрошат со физичка активност пред да се претворат во холестерол, и останат во крвта да циркулираат преку крвотокот, тие прават 'ршум низ цело тело. А оди потроши ги со вежбање да те видам кога од гладување си премален...
     
    На Demi_ и Lima24 им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Убава алтернатива е сувото овошје.
    Само избегнувам некои врсти суво овошје, зашто се уствари кандирани овошја. Знаат тие сувите плодови (како ананас на пр.) да ги валкаат во шеќер во прав.
     
    На Demi_, Lima24 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ова често го практикував, со години поточно. Не јадев преку денот, навечер јадев само еднаш, како што рече ти надокнадување 2-3 оброка. Или ако ми се пријадеше нешто у текот на денот земав чипсови и чоколада.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.989
    Допаѓања:
    179.942
    Реално не го спомнав овошјето погоре, пошто е ептен сезонско. Би го јадела цела година, и цреши и јагоди и кајсии, ама нема пустото. Свежи смокви на пример никогаш нема кај мене. Затоа суви смокви, суви кајсии, ммм:inlove: Суви, не кандирани, јасна ми е разликата
    Инаку спомна некој погоре- слушајте го телото. Во бременост, од нигде никаде, пројадов суви кајсии, просто ми бараше телото. После разбрав имале некој витамин, минерал, што мене очигледно ми бил мањак, па сум си го нашла патот. Ама дали можеш да му веруваш на телото, кога веќе е зависнички предизвикана криза, не знам, не сум стручна. Ни фали наука за храната уште од градинка, ама ете, од некоја причина, ја немаме:doh:.
     
    На Lima24 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Епа тоа сакав да кажам.
    Некогаш човечката психологија е во прашање.

    Ако нешто е забрането, попривлечно е. Ако знаеш дека не смееш тогаш баш тоа сакаш.

    Или кога немаш време, прегладнет си и налетуваш на нездрава храна зашто е најбрза и најдостапна.

    Или играта со чуството на вина..
    Се прејадуваш, па ради него се самоказнуваш со изгладнување. А кога ќе збориш за тоа пред себе или пред други зашто ти е срам, го нарекуваш балансирање, компензирање..
    Да, да компензирање е ама само во психолошка смисла- како одбрамбен механизам...:^)
    На телото му е само шок, од еден во друг крај, далеку од избалансирано..
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    20.795
    Заменување мртви клетки и клеточни компоненти со живи е нормален и постојан процес.
    Онаа автофагија која се случува при гладување е кога телото ги користи структурните макромолекули за енергија. Разградба на мускулно ткиво е еден таков пример.
    А за физички активен човек 18:6 или 20:4 понездраво амин.

    И при гладување, телото прво и секогаш бара глукоза, не масти. Ако не ја внесеш, едногено ќе ја создаде. Ама масти тек после ќе разгради.
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Јас во рана бременост кркав јагоди. Сезона беше а јас бев во прво тромесечје. Можев кило да смачкам.
    Потоа една докторка ми рече дека јагодите имаат витамин Ц доста, а тој освежува и уствари помага со мачнините што се карактеристични за тој период.. и ете ти :D
    Јас му верувам на своето тело. Умеам да осетам уште пред да почне ептен да ми оди надолу здравјето дека нешто не е во ред и тргнувам да се проверувам. Ама човек сум, се навлеков и јас на шеќер. Сега повторно учам да разликувам што е нормална глад, а што е craving за шеќер.
     
    На Lima24, Demi_ и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Економиите во државите имаат ќар од здрави луѓе, така имаш здрава и јака економија бидејќи здрави работници се најбитната алатка во производниот процес. Болни луѓе се предуслов за мн. отсуствувања од раб. места, вадење боледувања, така што не значи дека целта е да се разболува народот.
    Со денешниве сознанија и можностите кои ни ги нудат се поразвиената технологија и индустрии имаме можност самите да се грижиме попосветено за да си ги подобриме условите за подобар живот, вклучувајќи и конзумирање поздрава храна. Бар денес колку опции има за безглутенска исхрана, продукти на рафт колку ти душа сака, обвивки со сите неопходни информации за содржината на храната внатре во тоа пакување.
    Само знаење да се препознае квалитетот и желба да се обезбеди подобра исхрана на поединецот влијае врз подобрена исхрана и подобро здравје.
    Е сега ако некој не вложува во своето здравје со години претходно кога ќе се случи колапс не може да се очекува одма да биде се како да немало здр. проблем. Па одма се бараат доктори, совети од фармацевти, инстант се посветува внимание на подобра исхрана, а така требало да биде отсекогаш.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против твоето мислење, јас како личност што се борела цел живот со кг поинаку размислувам и знам што е најдобро за мене ти си знаеш за себе
    Ама да не беше кето и fasting јас уште ќе бев дебела и многу ми се подобри здравјето
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    5.501
    Пол:
    Женски
    И шо ми требаше да ја отворам темава да читам личнни утрински афирмации, како шеќерот во овошјето и додадениот исти биле и телото не ги разликувало(facepalm)Работава е сам(а) се лажам,сам(а) си верувам и си се тешам.

    https://www.healthline.com/health/f...r-natural-sugar-guide#issues-with-added-sugar
     
    Последна измена: 16 јуни 2022
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Секој кој мисли дека "најдобро" се слабее со кето, постење 16:8 или 1500 калории... уште не сум слушнала успешна приказна за слабеење со овие тактики, а кога кажам успешна мислам на долгорочно симнување на килограми со добро физичко и ментално здравје.

    А со умерена исхрана и вметнување на здрави навики како секојдневно пешачење и зголемен внес на зеленчук и така натам и ШЕЌЕР од време на време... и те како.
     
    На Demi_ и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Ај пак - се збори за градбени единици што се користат за енергија после разградување, не што е здраво а што нездраво. Толку е тешко да се сфати?
    Не е толку лоша оваа диета. Викам диета зашто не знам како поинаку да ја наречам, не до екстреми како 20:4 но 16:8, 14:10, 12:12 е во ред. Дури и ова 12:12 е некако многу нормално, а пак имаш период каде воопшто не внесуваш храна.
    Може да помогне кај инсулинска резистенција, ако е во некоја почетна фаза.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    5.501
    Пол:
    Женски
    Леле а ја па се излажав по насловов,мислев темава за здравје се дискутира,ама оно за фигура само да ти било:drunk::lol:

    Може зошто како човечко битие имаш слободна воља ако имаш формулиран здрав мозок со целосни функции способен за самоконтрола. Кај зависници што добар дел денес се е друга приказна.
     
    Последна измена: 16 јуни 2022
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    20.795
    12:12 е океј ама 20:4 значи во тек на 4 саати да внесеш 1500 калории (пример) а за тоа треба нешто прекалорично да изедеш наеднаш или многу храна што е помалку калории и само да оптовариш стомак превише.
     
    На Angie1432 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.989
    Допаѓања:
    179.942
    Ете го изворот на сите мои проблеми:doh:. И задоволства:lol:

    Не мислев дека е темава за диети, иначе не би ви се машала во муабетот.
    На тема шеќери, пола саат се борев со детето шо го спомнав погоре. ТЕТКА Биљо, дај ми бомбонииии!!! Не може ]:). И дадов сусамка со суви брусници, нека се жали кај кадијата ако не и одговара.:emo:
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    Па не ги разликува... И двете се разградуваат во гликоза која иди до мускулите и се користи за енергија. Тоа е единствениот краен производ што се добива.
    Никој не го спори фактот дека во овошје имаш и други хранливи материи.
    Но кога станува збор конкретно за шеќерот, тоа е тоа, нема друга улога во телото...

    Ја прочита статијата што ја прати целосно?
    Еве ти уште една, од истата страна:
    https://www.healthline.com/health/food-nutrition/sugar-facts-scientific#1.-All-sugar-is-bad-sugar.
     
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    5.501
    Пол:
    Женски
    Да,ти? И си дозволив уште еден коментар да се дообјаснам. Зошто уопште (уште) дискутираме за .ова?:^)
     
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    Да... Ја прочитав. Поентата на двете статии е дека треба да се внимава на количината на внесен шеќер. Особено на додадениот бидејќи полесно е да се внесе огромна количина.

    Немој да ме сфатиш дека се расправам... Не ми е целта уопште.
    Сеедно ми е дали некој ќе јаде нешто или не.
    Ама генерално кога некој ќе прокоментира некоја полувистина или недоразбран факт, се осеќам должен да прокоментирам, колку и да ми се лути некој...
    Ништо лично...